Прејди на содржината

Даниеле Кача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италија Даниеле Кача
Лични податоци
Роден на 23 август 1983(1983-08-23)(41 г.)
Роден во Катанѕаро, Италија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Асколи Асколи
Број 21
Младинска кариера
Пјаченца Пјаченца
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2007 Пјаченца Пјаченца 91 (35)
2002Тернана Тернана 0 (0)
2003СПАЛ СПАЛ 3 (0)
2005Пистоезе Пистоезе 12 (8)
2008 Фјорентина Фјорентина 3 (0)
2008-2012 Лече Лече 22 (2)
2009-2010Реџина Реџина 27 (4)
2010-2011Пјаченца Пјаченца 34 (17)
2011-2012Падова Падова 33 (11)
2012-2014 Верона Верона 52 (24)
2014-2015 Болоња Болоња 38 (11)
2015- Асколи Асколи 32 (17)
Репрезентација
2001 Италија Италија 17 1 (0)
2001 Италија Италија 19 3 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Даниеле Кача (италијански: Daniele Cacia, р. 23 август 1983) — италијански фудбалер, напаѓач на Асколи во Серија Б.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Неговата примарна позиција на теренот е централен напаѓач, но исто така може да игра и како крило.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Пјаченца

[уреди | уреди извор]

Кача ја започнал својата кариера во младинскиот погон на фудбалскиот клуб Пјаченца каде што тренирал и се развивал како фудбалер. Своето деби за клубот го направил против екипата на Кротоне на 9 март 2001, во натпревар од рамките на Серија Б во сезоната 2000-01, со сè уште не наполнети 18 години.

Во текот на сезоната 2002-2003, тој е позајмен на Тернана, за која никогаш не влегол на терен. Во јануари 2003 година, тој оди одново на заем овојпат во екипата на Спал во Серија Ц1, но тука го оспоруваат повредите и тој настапил само на три натпревари.

Пред почетокот на сезоната 2003-04 тој се вратил во Пјаченца и одиграл 6 натпревари во првиот дел на сезоната, по што во јануарскиот преоден рок заминал за градот Пистоја, каде треба да остане до крајот на сезоната како позајмен во тимот на Пистоезе. За Пистоезе одиграл 12 натпревари постигнувајќи 8 голови и со овие перформанси му се наметнува на својот матичен клуб да го врати во своите редови за наредната сезона. Тој се враќа во Пјаченца за сезоната 2005-06 во Серија Б и добива многу повеќе шанса да игра отколку претходно. Тој ја користи укажаната шанса постигнувајќи 18 гола на 34 настапи и станува редовен член на првиот тим. Следната сезона тој постигна 14 голови, но во пролетта 2007 година се подложил на сериозен инцидент во кој ја скршил фибулата на глуждот. Поради оваа повреда Кача е аут до крајот од сезоната, но и покрај тоа тој е најдобар стрелец на својот тим втора сезона по ред.

Трансферот и настапите во Серија А

[уреди | уреди извор]

Во летото 2007 година Фјорентина откупува половина од договор на Кача за сума од околу 4,5 милиони евра. Тој останува да игра за Пјаченца до јануари 2008, период во кој тој успешно се опоравува од повредата и постигнал два гола. Тој преоѓа во Фјорентина во јануари, а дебито за виолетовите го има во купот. Својот прв погодок во виолетовиот дрес го постигнува на 21 февруари 2008 против екипата на Розенборг во Купот на УЕФА, кога го постигнува вториот гол во 80-тата минута во победата на неговиот тим со 2-1. Три дена подоцна тој дебитира и во Серија А влегувајќи како замена за Рикардо Монтоливо во 68-ата минута во поразот на гостувањето кај Рома. До крајот на сезоната поради проблеми со повреди и не можејќи да се избори со конкуренцијата Кача одигра само 3 натпревари во Серија А и тоа беше причината што неговиот договор не беше целосно откупен.

Во јуни 2008 тој се враќа во Пјаченца за сума од 2,8 милиони евра, па потоа е продаден половина негов договор на Лече за 3 милиони евра. Првиот гол за Лече тој го постигнува против Палермо на 29 октомври 2008 носејќи му предност на својот тим од 1-0, но натпреварот заврши 1-1. Исто така тој погоди и за израмнување на резултатот против Јувентус (1-2). На 22 февруари 2009 година Кача бил повреден во натпреварот против Лацио и била востановена фрактура на фибулата. На 28 февруари, тој бил подложен на операција во Павија.

Позајмиците во Реџина, Пјаченца и Падова

[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2009-2010 тој е позајмен во Реџина во Серија Б, за кои одиграл 27 меча постигнувајќи 4 гола. На 25 јуни 2010 година и Пјаченца и Лече ги продолжуваат своите договори со играчот, и Кача се враќа дома онаму каде што ја започнува својата кариера во екипата на Пјаченца. Кача одигра уште една одлична сезона во дресот на овој клуб постигнувајќи 17 гола на 34 меча, но неуспеа да го спаси својот тим од испаѓање во Серија Ц1. Откако Пјаченца испаѓа Лече ја презема сета сопственост врз Кача, а тој следната сезона е позајмен на екипата на Падова за која настапил на 33 натпревари и постигнал 11 гола.

Неколку минути пред завршувањето на трансферниот прозорец во летото 2012 Лече се договориле со екипата на Верона за трансфер на Кача во клубот од "Градот на романтиката" со откуп на целосниот договор. Тој го направил своето деби со жолтосината маичка наредниот ден на домашен терен против Специја во ремито 1-1. На 15 септември 2012, тој постигна два гола за да му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Виченца со 3-2. На 25 септември, Кача постигнал хет трик против Варезе, за победа на Верона со 3-0.[1] Тој продолжил со добрата форма и во следните 8 натпревари постигнал 5 гола. На 22 април 2013 година, со двата гола против Бреша, поставил рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона од страна на еден играч на Хелас Верона.[2] Во последните 5 натпревари од сезоната 2012-13 во Серија Б, Кача постигнал 6 гола со што и помогнал на Верона да избори директна промоција во Серија А.[3] Сезоната ја завршил со 24 гола во 39 натпревари и бил најдобар стрелец во Серија Б.[4]

Следната сезона со доаѓањето на Лука Тони во Верона, Кача го загубил своето место во тимот и направил само 13 настапи во Серија А од кој само 3 како стартер и неуспеал да постигне ниту еден гол.

На 5 август 2014 потпишал за екипата на Болоња која неодамна испаднала во Серија Б. На 19 јануари 2015, Кача го постигнал својот 100-ти погодок во Серија Б во својата кариера во натпреварот Болоња-Перуџа 2-1. Сезоната ја завршил со 11 погодоци во 38 настапи и помогнал на Болоња да се врати во Серија А. Пред почетокот на следната сезона му бил понуден нов едногодишен договор, меѓутоа не бил регистриран меѓу 25-те играчи со право на настап во првенството на Серија А.

На 11 септември 2015, Кача потпишал двегодишен договор со новиот член на Серија Б Асколи.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Кача има четири настапи за младинските репрезентации на Италија, играјќи во селекциите под-17 и под-19 години.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Verona, è Cacia show“. corrieredellosport.it. 25 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2015-06-10. Посетено на 2014-09-12.
  2. „Cacia capocannoniere e record“. hellas1903.it. Посетено на 23 април 2013.[мртва врска]
    „Daniele Cacia-gol, nessuno come lui nella Storia“. hellasverona.it. Архивирано од изворникот на 2015-02-06. Посетено на 24 април 2013.
  3. „Верона и Сасуоло нови членови на Серија А“. Архивирано од изворникот на 2013-06-16. Посетено на 2014-09-12.
  4. „Cacia capocannoniere nella storia del Verona“. tggialloblu.it. 18 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-17. Посетено на 19 мај 2013.