Катанѕаро

Координати: 38°54′N 16°36′E / 38.900° СГШ; 16.600° ИГД / 38.900; 16.600
Од Википедија — слободната енциклопедија
Катанзаро
општина
Панорама на Катанзаро, горе лево: панорамски поглед на улицата Кротоне и Јонското Море кај Катанзаро Лидо, горе десно: Статуата на Бернардино Грималди во паркот Маргериа (Вила Маргериа), долниот горен лев агол: Фонтаната Каваторе на плоштадот Матеоти (Пјаца Матеоти), долниот долен лево: авенија Филипос (Viale de Filippis), долу десно: Мостот Моранди Вијадукт навечер
Панорама на Катанзаро, горе лево: панорамски поглед на улицата Кротоне и Јонското Море кај Катанзаро Лидо, горе десно: Статуата на Бернардино Грималди во паркот Маргериа (Вила Маргериа), долниот горен лев агол: Фонтаната Каваторе на плоштадот Матеоти (Пјаца Матеоти), долниот долен лево: авенија Филипос (Viale de Filippis), долу десно: Мостот Моранди Вијадукт навечер
Грб на Катанзаро
ЗемјаИталија
РегионКалабрија
ПокраинаКатанзаро (CZ)
Управа
 • ГрадоначалникНикола Фиорита (PD)
Површина
 • Вкупна102,3 км2 (395 ми2)
Најг. вис.&10000000000000342000000342 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (31 декември 2013)
 • Вкупно91.028
 • Густина89/км2 (230/ми2)
ДемонимКатанзарези
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.88100
Повик. бр.0961
Светец-заштитникСвети Виталијан од Капуа и and Свети Агатиј (ко-патрон)
Славајули 16
Мреж. местоМатична страница

Катанѕаро (италијански: Catanzaro) е град во Италија. Катанѕаро е административен центар на провинцијата Калабрија во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Катанѕаро. Сепак, овој град не е најголемиот град и економското „срце“ на покраината, тоа е Реџо ди Калабрија.

Катанѕаро е познат како „Град три В “:

  • Свети Виталино, заштитник на градот;
  • Сомот, градот бил важен трговски центар за свила уште од времето на Византија;
  • Ветер, градот е познат по силните ветрови од блиското Јонско Море.

Природни одлики[уреди | уреди извор]

Катанѕаро е поделен на три рида, поврзани со мостови

Катанѕаро се наоѓа во јужна Италија. Градот е 616 километри јужно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Реџо ди Калабрија.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Катанѕаро се наоѓа во централниот дел на Калабрија, на местото каде што полуостровот е најтесен. Се развил на три стрмни ридови над крајбрежната рамнина на Јонското Море, сместено југоисточно од градот (10 км). Поради близината до морето, градот се наоѓа на надморско ниво од околу 340 м (центар на градот), а неговата положба на ридовите над рамнината му дава на Катанѕаро специфичност.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Катанѕаро е изменета средоземна поради надморската височина.

Вода[уреди | уреди извор]

Катанѕаро е поставен многу високо и затоа нема поголеми водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако областа во која се наоѓа градот има долга историја, Катанѕаро не е толку стар град. Населбата на местото на денешниот град се појавила некаде во 10 или 11 век. со доаѓањето на Норманите на овие простори. Населбата била тврдина и како таква го бранела блискиот византиски град Скилетон, кој, како приморски град, бил постојано напаѓан.

Во 1860 годинаградот се приклучил на новооснованата Италија.

Во 1970 година Катанѕаро станал провинциски центар по бунтот во тогашниот главен град Реџо ди Калабрија.

Популација[уреди | уреди извор]

Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 89.364 жители.[1]

Демографија
1931 1936 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
40.533 45.400 59.969 74.037 86.284 100.832 96.614 95.251 89.364

Во 2008 година Катанѕаро имал околу 94.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век.

Говорот на локалното население е близок до сицилијанскиот дијалект, а во него се чувствува значајното влијание на грчкиот јазик.

Економија[уреди | уреди извор]

Катанѕаро, како провинциски центар, има развиен терцијарен (трговија, услуги) и кватернарен сектор (администрација, образование, банки). Индустријата е претежно во форма на мали бизниси.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28. 12. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)