Грб на Молдавската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Молдавската Советска Социјалистичка Република
Emblem of the Moldavian SSR (1957-1981).svg
Подробно
ГрбоносецFlag of the Moldavian Soviet Socialist Republic (1952–1990).svg Молдавска Советска Социјалистичка Република
Усвоен10 февруари 1941.
Мото„Пролетери од сите земји, обединете се!“

Грбот на Молдавската Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 10 февруари 1941 година, од страна на тогашната влада на Молдавската ССР.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјделието (пченица, пченка, грозје и детелина). Во позадинат се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на молдавската нација. На грбот се наоѓа срп и чекан и црвена ѕвезда, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји обединете се!" напишан на молдавски и руски јазик. Во дното на грбот се наоѓа натпис "РССМ" (молдавска скратеница за "Молдавска Советска Социјалистичка Република").

Грбот бил на сила сè до 3 ноември 1990, кога бил заменет со денешниот грб на Молдавија.

Поврзано[уреди | уреди извор]