Грб на Карелофинската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Карелофинска ССР

Грбот на Карелофинската Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 10 февруари 1941 година, од страна на тогашната Карелофинска ССР и бил во употреба сè до соединувањето со Руската СФСР во 1956 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот се темели на грбот на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (гранки од бор и 'рж) и локалниот релјеф. На грбот се наоѓа и црвена ѕвезда и срп и чекан, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на фински и руски јазик.

Поврзано[уреди | уреди извор]