Грб на Туркменската Советска Социјалистичка Република
Изглед
Грбот на Туркменската Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 2 март 1937, година, од страна на тогашната влада на Туркменската ССР.
Опис
[уреди | уреди извор]Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (памук и пченица) и тешката индустрија (дупчалка за нафта и гасовод), како и симбол на туркменскиот народ jomut tepih. Во позадината се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на туркменската нација. На грбот се наоѓа и црвена ѕвезда и срп и чекан, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на туркменски и руски јазик.
Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Туркменистан.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|