Грб на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република

From Википедија
Jump to navigation Jump to search
Грбот на Руската СФСР,

Грбот на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република бил усвоен на 10 јули 1918 година, од страна на владата на тогашната СФСР, и неколку пати бил изменуван.

Опис[edit | edit source]

Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи од земјоделието (пченица) и изгрејсонце, симбол на иднината на руската нација. На грбот се наоѓа и срп и чекан и црвена ѕвезда, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји обединете се!" напишан на руски јазик. Во горниот дел се наоѓа натпис "PCФCP" (руска скратеница за "Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република").

Сличен грб користеле и Автономните Советски Социјалистички Републики.

Грбот бил на сила сè до 1993, кога бил заменет со денешниот грб на Русија.

Поврзано[edit | edit source]