Грб на Ерменската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Ерменската Советска Социјалистичка Република
Emblem of the Armenian SSR.svg
Подробно
ГрбоносецFlag of the Armenian Soviet Socialist Republic.svg Ерменска Советска Социјалистичка Република
Усвоен1937.
Мото„Пролетери од сите земји, обединетете се!“

Грбот на Ерменската Советска Социјалистичка Република настанал по цртежите на Мартирос Сарјан (познат ерменски сликар) а бил усвоен во 1937 од страна на владата на тогашната Ерменска ССР.

Опис[уреди | уреди извор]

Централниот дел на грбот го завзема планината Арарат, националниот симбол на Ерменија. Грозјето кое се наоѓа во долниот дел на грбот претставува, според Библијата. првиот виноград кој што Ноа го направил по пристигнувањето на Арарат со својата арка. Покрај грозјето има венец од пченица, симболизирајќи ги природните ресурси на Ерменија. Во горниот дел на грбот има срп и чекан и црвена ѕвезда кои што се наоѓаат над венците и планината Арарат. Околу грбот се наоѓа натписот "Հայկական Սովետական Սոցիալիստական Հանրապետություն" (Ерменска Советска Социјалистичка Република), а под грбот има црвена трака со мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се" напишан на ерменски и руски.

Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Ерменија.

Поврзано[уреди | уреди извор]