Грб на Грузиската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Грузиската Советска Социјалистичка Република
Emblem of the Georgian SSR.svg
Подробно
ГрбоносецFlag of the Georgian Soviet Socialist Republic.svg Грузиска Советска Социјалистичка Република
Усвоен28 февруари 1922 година
Мото„Пролетери од сите земји обединетете се!“

Грбот на Грузиската Советска Социјалистичка Република е усвоен на 28 февруари 1922 година, од страна на владата на Грузиската ССР. За разлика од грбовите на останатите Советски републики, овој грб не се базира на грбот на СССР.

Опис[уреди | уреди извор]

На грбот се прикажани симболи на земјоделството, грозје и пченица. Во средината на грбот е прикажан Кавказ, над него има црвена ѕвезда, а најдоминантниот дел на грбот го сочинуваат срп и чекан, симболот на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССРПролетери од сите земји, обединетете се!“ напишан на грузиски (პროლეტარ ყველა ქვეყნისა, შეერთდით!) и руски јазик.

Грбот бил на сила сè до 11 декември 1990, кога бил заменет со првиот независен грб на Грузија.

Видете уште[уреди | уреди извор]