Прејди на содржината

Државен совет на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Државен совет
на НР Кина
中华人民共和国国务院
Амблем на НР Кина
Податоци за органот
Основан 27 септември 1954
Претходник Совет за државна управа на Централната народна управа
Надлежност Влада на НР Кина
Седиште Џунгнанхај, Пекинг
Раководители Ли Кеќанг
((премиер))
Џанг Гаоли, Љу Јендунг, Ванг Јанг, Ма Кај
(вицепремиери)
Мрежно место
english.gov.cn


Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Државниот совет (кинески: 国务院; пинјин: Guówùyuàn) или Централна народна влада/управа (中央人民政府) е кабинетот на Народна Република Кина.[1] Во него членуваат раководителите на управните органи и служби, на чело со премиерот кој е негов претседавач.[2] Сегашниот состав брои 35 члена: премиерот, еден извршен вицепремиер, тројца вицепремиери, петмина државни советници (од кои двајца се министри) и уште 25 министри и началници на поважни служби.[3] Во политиката на Кина, владата претставува една од трите меѓусебно поврзани ограноци на власта: другите две се Комунистичката партија на Кина (КПК) и Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина). Државниот совет е надлежен и за работата на покраинските управи и спроведувањето на државната политика на тоа ниво. Советот е организациски „сраснат“ со номенклатурата на КПК, со што нема остра граница помеѓу партијата и државата.

Организација

[уреди | уреди извор]

Државниот совет се среќава еднаш на шест месеци. Во меѓувреме со него раководи политбиро што се состанува еднаш неделно. Во постојаниот комитет членуваат премиерот, еден извршен вицепремиер, тројца вицепремиери и уште петмина државни советници (од кои еден е Генерален секретар на Државниот совет, а двајца се министри).

Вицепремиерите и државните советници ги предлага премиерот, а ги назначува претседателот со одобрение од Националното народно собрание (ННС). Имаат право на два последователни мандата од по 5 години.

Секој вицепремиер е задолжен за извесни области од управата, а секој државен советник има функции определени од премиерот. Генералниот секретар стои на чело на Општата служба која е задолжена за секодневните работи на советот. Овој генерален секретар има релативно мали овластувања, далеку од моќта на Генералниот секретар на КПК.

Секое министерство е задолжено за еден сектор. Комисиите имаат повисок ранг од министерствата и се задолжени за планирање, осмислување и надгледување на соодветните активности на разните управни органи. Службите се занимаваат со работите од постојана тековност. Бироата и управите имаат понизок статус од министерствата.

Покрај министерствата (вкупно 25), постојат и 38 владини организации во непосредна надлежност и кои одговараат на самиот Државен совет. Раководителите на овие организации присуствуваат на пленарните седници, но не редовно.

Државниот совет формално одговара на Националното народно собрание и неговиот (ННС) Постојан комитет (ПК) при извршувањето на најразлични управни функции на државно и локално ниво, и номинално дејствува со овластување од ННС. Познат е барем еден случај кога ННС има одбиено иницијатива на Државниот совет, како и неколку случаи каде советот има повлечено или темелно изменето предлози поради отпор во ННС.

Советот и Комунистичката партија на Кина се мошне преплетени. Со ретки исклучоци, државните советници се високорангирани членови на КПК и како такви, тие имаат големо влијание и во партиската, и во државната политика. Овој систем се разликува од оној на СССР, каде партијата владеела со државниот апарат.

Кон крајот на 1980-тите постоеле обиди за раздвојување на партијата и државата, каде партијата би носела одлуки, а Државниот совет би ги извршувал. Во рок од неколку години ваквите иницијативи биле напуштени.

Како главен управен орган на владата, главна функција на советот е да ја создава управната политика, да издава решенија и налози и да врши надзор врз спроведувањето на истите. Покрај ова, советот прави нацрти што ги поднесува на ННС и постојаниот комитет, ги изготвува државните планови и буџетот и ги доставува на ННС за разгледување и гласање. Во Државниот совет се доставуваат и разгледуваат идеите и иницијативите од сите подрачја и степени на управата, со особен нагласок на економско осовременување.

Државниот совет е надлежен а Министерството за одбрана, но не и Народноослободителната армија, врз која е надлежен Централниот воен комитет.

Главни функционери

[уреди | уреди извор]
Кабинет на Ли Кеќанг
Функција Функционер Период
Премиер Ли Кеќанг 2013-
Вицепремиери Џанг Гаоли (I) 2013-
Љу Јендунг (II) 2013-
Ванг Јанг (III) 2013-
Ма Кај (IV) 2013-
Генерален секретар Јанг Ѓинг 2013-
Министер за финансии Лу Џивеј 2013-
Министер за надворешни работи Ванг Ји 2013-
Министер за одбрана Чанг Ванќуен 2013-
Министер за образование Јуен Гуејжен 2013-
Министер за трговија Гао Хученг 2013-
Претседател на НК за здравство и планирање на семејството Ли Бин 2013-
Претседател на НК за развој и реформи Си Шаоше 2013-
Министер за транспорт Јанг Чуантанг 2013-
Министер за граѓански работи Ли Лигуо 2013-
Министер за труд и социјала Јин Вејмин 2013-
Управник на Народната банка на Кина Џоу Сјаочуан 2013-

Организациска структура

[уреди | уреди извор]

Општа служба на Државниот совет

[уреди | уреди извор]
  • Општа служба на Државниот совет

Министерства и комисии на Државниот совет

[уреди | уреди извор]
  1. Министерство за надворешни работи
  2. Министерство за одбрана
  3. Национална комисија за развој и реформи
  4. Министерство за образование
  5. Министерство за наука и технологија
  6. Министерство за индустрија и информатика
  7. Министерство за малцински работи
  8. Министерство за државна безбедност
  9. Министерство за јавна безбедност
  10. Министерство за надзор
  11. Министерство за граѓански работи
  12. Министерство за правда
  13. Министерство за финансии
  14. Министерство за труд и социјала
  15. Министерство за земјишта и ресурси
  16. Министерство за заштита на околината
  17. Министерство за домување и урбано-рурален развој
  18. Министерство за транспорт
  19. Министерство за водостопанство
  20. Министерство за земјоделство
  21. Министерство за трговија
  22. Министерство за култура
  23. Национална комисија за здравство и планирање на семејството
  24. Народна банка на Кина
  25. Национална ревизорска служба

Посебна организација во непосредна надлежност на Државниот совет

[уреди | уреди извор]

Организации во непосредна надлежност на Државниот совет

[уреди | уреди извор]
  1. Општа и царинска управа
  2. Државна даночна управа
  3. Државна управа за производство и трговија
  4. Општа управа за контрола на квалитетот, инспекција и карантин
  5. Државна управа за радио, филм и телевизија
  6. Општа управа за печат и издаваштво (Национална управа за аторски права)
  7. Државна управа за спорт
  8. Национална статистичка служба
  9. Државна управа за шумарство
  10. Државна управа за безбедност при работа
  11. Државна служба за интелектуална сопственост
  12. Национална управа за туризам
  13. Национална управа за верски работи
  14. Советничка служба на Државниот совет
  15. Управа за владини служби при Државниот совет
  16. Национално биро за спречување на корупција

Управни служби на Државниот совет

[уреди | уреди извор]
  1. Служба за дијаспора
  2. Служба за хонгконшки и макајски работи
  3. Служба за законодавни работи
  4. Истражувачка служба на Државниот совет
  5. Служба за тајвански работи (воедно и установа на КПК), под надлежност на ЦК на КПК
  6. Информативна служба на Државниот совет (воедно и установа на КПК), под надлежност на ЦК на КПК
  7. Служба „610“

Установи во непосредна надлежност на Државниот совет

[уреди | уреди извор]
  1. Новинска агенција Сјинхуа
  2. Кинеска академија на науките
  3. Кинеска академија на општествените науки
  4. Кинеска академија на инженерството
  5. Центар за развојни истражувања
  6. Национална училишна управа
  7. Кинеска сеизмолошка управа
  8. Кинеска метеоролошка управа
  9. Регулаторна комисија за банкарството на Кина
  10. Регулаторна комисија за хартии од вредност на Кина
  11. Регулаторна комисија за осигурување на Кина
  12. Регулаторна комисија за државна електродистрибуција
  13. Национален совет за социјалниот фонд
  14. Национален природонаучен фонд
  15. Државна архивска управа (воедно и установа на КПК) — во надлежност на Општата служба на ЦК на КПК

Државни управи и служби во надлежност на министерствата и комисиите

[уреди | уреди извор]
  1. Државно биро за писма и повици — во надлежност на Општата служба на Државниот совет
  2. Државна управа за жито — во надлежност на Националната комисија за развој и реформи
  3. Национална управа за енергетика — во надлежност на Националната комисија за развој и реформи
  4. Државна управа за наука, технологија и воена индустрија — во надлежност на Министерство за индустрија и информатика
  5. Државна монополска управа (Национално кинеско тутунско претпријатие) — во надлежност на Министерството за индустрија и информатика
  6. Државна управа за странски стручњаци — во надлежност на Министерството за труд
  7. Државно биро за државни службеници — во надлежност на Министерството за труд
  8. Државна океанска управа — во надлежност на Министерството земјиште и ресурси
  9. Управа за цивилно воздухопловство (CAAC) — во надлежност на Министерството за транспорт
  10. Државно биро за земјомер и картографија — во надлежност на Министерството за земјиште и ресурси
  11. Државно поштенско биро — во надлежност на Министерство за транспорт
  12. Државна управа за културно наследство — во надлежност на Министерството за култура
  13. Државна управа за храна и лекови — во надлежност на Министерствота за здравство
  14. Државна управа за традиционална кинеска медицина — во надлежност на Министерството за здравство
  15. Државна девизна управа — во надлежност на Народната банка на Кина
  16. Државна управа за безбедност во јагленокопи — во надлежност на Државната управа за безбедност при работа
  17. Национална управа за заштита на државни тајни (воедно и установа на КПК) — во надлежност Општата служба на ЦК на КПК
  18. Државна криптографска управа (воедно и установа на КПК) — во надлежност на Општата служба на ЦК на КПК
  19. Кинеска национална вселенска управа — име резервирано од Министерство за индустрија и информатика
  20. Управа за атомска енергетика на Кина — име резервирано од Министерство за Industry and Information Technology
  21. Државна јазична комисија — име резервирано од Министерство за образование
  22. Национална управа за атомска безбедност — име резервирано од Министерство за заштита на околината

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. http://english.peopledaily.com.cn/data/organs/statecouncil.shtml
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-14. Посетено на 2013-07-14.
  3. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-24. Посетено на 2013-07-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]