Џанг Деѓанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џанг Деѓанг

Џанг Деѓанг (кинески: 张德江, пинјин: Zhāng Déjiāng), (р. 1 ноември 1946 во Тајан, Љаонинг) — истакнат политичар во Комунистичката партија на Кина, моментално на функцијата претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание, а претходно бил вицепремиер на Кина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џанг е роден во Тајан, Љаонинг, а високото образование го стекнал на Јанбиенскиот универзитет, каде дипломирал корејски јазик. ВО август 1978 г. се запишал на универзитетот „Ким Ил Сунг“ во Северна Кореја и таму дипломирал економија. Се истакнал во времето на претседателот Ѓанг Ѕемин, најпрвин како партиски началник на Џилин, а од 1998 г. како началник на Џеѓанг. Во ноември 2002 ја добил должноста на партиски началник на Гуангдунг. На 14 март 2013 г. стапил на функцијата Претседател на ПК на Националното народно собрание.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]