Како што револиционерните демократи земаат замав во Русија во тоа време, се појавуваат различни идеологи на политичкиот и општествен руски живот. Достоевски се осврнува и на двете големи политичко-идеолошки крила, левото, т.е. либералното, и десното, т.е. конзервативното крило. Преку книгата Достоевски ги прикажува левите идеали како „демонски“[2]. Книгата има пет главни идеолошки ликови, и тоа: Верховенски, Шатов, Ставрогин, Трофимович и Кирилов.
Деветтото поглавје од вториот дел од книгата бил цензуриран и оригинално не бил издаден. Тоа поглавје е со сексуално-престапен карактер и не било дозволено истиот да се испечати. Сепак во модерните изданија и преводи и ова поглавје е вклучено.
Романот се одвива во едно провинциско место во Русија, во близина на Санкт Петерсбург, односно на имотите на Степан Трофимович и Варвара Ставрогина. Синот на Степан Трофимович, Пјотр Верховенски, е револуционерен заговарач кој се обидува да организира круг на револуционери во областа. Тој го смета Николај Ставрогин, син на Варвара Ставрогина, како централна личност во сценариото бидејќи според Пјотр тој нема човечко чувство. Веховенски ги прибира заговарачите од типот на Шигалјов, Кирилов и Виргински и ја тестира нивната лојалност со тоа што им наредува да го убијат Иван Шатов. Веховенски планира да го придобие Кирилов, кој пак се согласува за соработката и така Верховенски го убива Шатов. Во тој момент неговиот план се срушува.