Дедовиот сон
Дедовиот сон (руски: Дядюшкин сон) — роман на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, првпат бил објавен во 1859 година.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Марја Александроуна Москалева е жена со пресметлив карактер и важна фигура во градот Мордасоф, каде што живее со нејзината ќерка Зинаида Афанасјевна. Кога еден ден, богатиот, но веќе многу стар принц К., нашол сместување неколку дена во станот на Марија Александовна, газдарицата планира да го омажи за нејзината сè уште немажена ќерка за да ги добие парите на принцот. Преку интрига против стариот господин, чие сеќавање веќе било многу слабо, таа успева да го убеди принцот да ја побара раката на нејзината ќерка. Сепак, еден од роднините на К. смислува интрига за неуспех на желбата на Марја.
Додека Марја Александровна брза кон својот имот што е можно побрзо да разбере нејзиниот сопруг, Павел Александрович, влегува во собата на принцот, го буди од сон и го убедува дека само сонувал за неговата свршувачка. Сенилниот К. го прифатил и тоа. Враќајќи се од имотот, Марија Александровна во нејзиниот стан затекнува неколку други дами од високото општество кои се дојдени само да го искажат своето непријателство, кон газдарицата, невешто покривајќи го. Кога принцот К. конечно известува за својот „сон“ и Марја Александровна залудно се обидува да ја посочи автентичноста на настаните, скандалот е завршен. Марја Александровна и Зинаида стануваат потсмев на жителите на Мордасоф.
Тука не завршува приказната, мајката и ќерката го напуштаат градот а по неколку години, повторно се враќаат, сега веќе етаблирани во високото општество, богати, благодарение на тоа што мајката повторно, со своите интриги успева да ја омажи својата ќерка за „добра прилика“.[2]
Критички осврт кон романот
[уреди | уреди извор]Според книжевниот критичар Николај Чирков, во ова дело Достоевски за прв пат во својата книжевна практика се посветил кон формата на „драматизиран роман“ . Константин Мочулски напишал дека оригиналната идеја на авторот е поврзана со драмата и драматуршката подлога; од различни причини, оваа идеја останала нереализирана, но останале траги на одредена театралност. Фјодор Михајлович планирал да создаде дело за театар не се само дијалозите и забелешките, туку и со композицијата, во која интриганството на ликовите е „театарска и експресивна“. Грегори Фридландр, во хрониката исполнета со секојдневни проблеми, истовремено открил и обележја на комедијата и трагедија.[3]
Влијание
[уреди | уреди извор]Романот е значаен како предвесник на идните негови големи романи кои покрај севкупната содржина, имаат одредена драматуршка епика која ќе биде основата во создавањата на идни театарски адаптации прку кои Достоевски како прозен автор ќе биде откриван и како драмски творец со низа заплети и драматуршки моменти кои се исклучително значајни во театарскиот јазик.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|