Глупав настан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лоша анегдота)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Глупав настан“ или „Лоша анегдота“ — (руски: Скверный анекдот) расказ на Фјодор Михајлович Достоевски, објавен во 1862 година во неговото списание „Времја“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Стариот службеник Степан Никифорович Никифоров приредува мала домашна забава по повод вселувањето во новата куќа, а истовремено го слави и својот роденден. На забавата присуствуваат двајца гости, а еден од нив е Иван Илич Пралински, висок државен службеник. Кога гостите ја напуштаат забавата, Иван Илич сфаќа дека го нема неговиот кочијаш и заминува дома пеш. Патем, тој слуша музика и пеење од една сиромашна куќа и дознава дека се жени неговиот потчинет службеник Пселдонимов. Тогаш, Иван Илич решава да влезе во куќата со намера пред сиромашните луѓе да ја покаже својата великодушност и така да ја зголеми својата популарност во високите кругови. На почетокот, гостите на свадбата се збунети од неговото присуство, но набргу започнуваат да се однесуваат слободно, зашто се проширува гласот дека Иван Илич е малку пијан. Тој, пак, постепено сфаќа дека му пропаднал планот, зашто не му се укажува прилика да ја покаже својата благородна душа. Така, како што минува времето, Иван Илич продолжува да пие, а свадбарите отворено му се потсмеваат. За време на вечерата, Иван Илич е веќе многу пијан и зборува неповрзано, а еден гостин отворено го навредува. Најпосле, Иван Илич се онесвестува, а Пселдонимов го остава да преспие на својот брачен кревет. Утредента, Иван Илич се буди и се враќа дома каде минува осум дена во очај, плашејќи се да се појави на работното место. Најпосле, тој се враќа во својата канцеларија каде дознава дека Пселдонимов поднесол молба да биде преместен на друго работно место. Тогаш, Иван Илич си потврдува дека, наспроти својата првична намера, се посрамотил пред луѓето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Глуп догађај“ во: Ф. М. Достојевски, Новеле. Београд: Народна просвета, 1933, стр. 113-200.