Бобок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобок
АвторФјодор Достоевски
Изворен насловБобок
ЗемјаРусија
Јазикруски
Жанррасказ
ИздавачГражданин
Издадена
1873

„Бобок“ (руски: Бобок) — расказ на Фјодор Михајлович Достоевски прв пат објавен во 1873 година. Од руски, зборот „бобок“ може да се преведе како „гравче“, а во контекст на расказот се зема како синоним за глупост.

Опис[уреди | уреди извор]

„Бобок“ се одвива на гробишта, можеби слични на овие во Санкт Петербург.

Иван Иванович е неуспешен, фрустриран писател чиј портрет го објавиле во весниците со коментар дека изгледа како лудак. Во последно време, тој чувствува болка во главата и понекогаш му се причинува некој глас кој вели „бобок, бобок“. Еден ден, тој присуствува на погребот на далечен роднина, а потоа седнува на еден гроб и почнува да размислува за гробиштата. На негово големо изненадување, тој почнува да ги слуша гласовите на неодамна починатите луѓе и се задлабочува во нивните разговори и кавги. За време на разговорот, некој од умрените споменува дека некој дамнешен мртовец мрмори нешто како „бобок, бобок“ и дека наскоро ќе им се придружат еден неуспешен писател и уредникот на еден весник. Наеднаш, Иван Иванович кивнува и мртвите замолчуваат. Тој огорчен ги напушта гробиштата ветувајќи дека повторно ќе ги посети. Врз основа на слушнатите разговори на гробиштата, тој планира да напише текст кој ќе го понуди во еден весник каде неодамна го објавиле и портретот на еден уредник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бобок“ во: Ф. М. Достојевски, Новеле. Београд: Народна просвета, 1933, стр. 83-111.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]