Неточка Незванова (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неточка Незванова
Неточка Незванова, прво издание
АвторФјодор Достоевски
Изворен насловНеточка Незванова
ЗемјаРусија
ЈазикРусија
ЖанрРоман
Издадена
1849
Страници173 стр.

Неточка Незванова (руски: Не́точка Незва́нова ) — роман на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, тој е незавршен роман на Фјодор М. Достоевски. Првпат бил објавен во 1849 година. Не бил завршен поради прогонството на Достоевски во Сибир. По ослободувањето во 1859 година, писателот никогаш не продолжил да работи на делото.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од најраното детство, Малата Неточка ја раскажува приказната за своето семејство. Таа приказна е полна со возбудливи настани – вмешаност во убиство, смрт на нејзиниот очув, необично пријателство со малата кнегиња Катја, преселување во куќата на богатата Александра Михајловна. И токму кога во библиотеката ќе открие едно старо, таинствено писмо кое ќе отвори многу запретани рани, авторот му препушта на секој читател самиот да ја реши загатката.

Тоа е приказна за тешкиот живот на една млада девојка која живее во голема сиромаштија во Санкт Петербург, таа е сираче и е посвоена од богато семејство. Кога ќе ја запознае својата полусестра Катја, таа веднаш ќе се воодушеви од неа и тие двете ќе станат неразделни. Сепак, еден ден Катја е принудена да ја напушти Москва со нејзините родители, а следните осум години Неточка живее со нејзината постара сестра, која станува нејзина фигура за нејзината мајка. Приказната завршува нагло а двете девојчиња повторно ќе се обединат.[2]

Критички осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Темата на страдањата на децата била постојана во делото на Достоевски. Темата за Неточка Незванова е многу поизразита од „еманципираните“ женски ликови, како што се Наташа Ихменева („Понижени и навредени“), Дуња Расколникова („Злосторство и казна“)и др.

За прв пат, Достоевски, мошне интензивно и убедливо пишува за местото на жените во општеството, односно за „женското прашање“.

Целта на Достоевски, во тоа време сензационална за Русија , била „да ја прикаже талентираната и со силна волја, жената која одбива да си дозволи да биде уништена - која станува главна позитивна хероина на еден голем рома, без патетично прикажување на жената како жртва на неправдата или беззаконието. Романот првично бил со поднаслов „Историја на една жена“.[3]

Влијание[уреди | уреди извор]

Романот иако недовршен, покрај литературниот екстракт својствен за Достоевски, ќе отвори доста општествено - социјални противречности особено во доменот на правата на жената и нејзината општествена еманципација.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]