Зимски записи за летните впечатоци
Зимски записи за летните впечатоци (руски: Зимние заметки о летних впечатлениях) ― есеј на рускиот автор Фјодор Достоевски. Првпат бил објавен во „Времја“, месечно списание кое го уредувал самиот Достоевски.
Есејот се состои од патни белешки за патувањето на Достоевски во Европа во 1862 година, како и од неговите размислувања за перцепцијата на Русите во Европа.
Се смета за рана изјава за некои од омилените концепти на Достоевски.[1]
Теми
[уреди | уреди извор]Политички
[уреди | уреди извор]Достоевски, иако не бил марксист, се согласил со некои критики на Карл Маркс кон Европа. Верник во панславизмот, Достоевски не ја сакал европската култура за нејзината корупција и ги критикувал оние на неговите сонародници кои се обидоле да ја имитираат.
Верски
[уреди | уреди извор]За време на своите патувања, Достоевски набљудувал и протестанти (во Англија) и католици. Тој верувал дека Англиканците се „горди и богати...помпезно и сериозно [верувајќи] во сопствените солидни морални доблести и во нивното право да проповедаат застапен и самозадоволен морал“. Во меѓувреме, Достоевски сметал дека католичките свештеници користеле добротворни цели за да манипулираат со сиромашните во преобраќање. На друго место Достоевски тврдел дека Православието било надмоќно и кон едното и кон другото, заштитувајќи го единството во црквата, но не и присилувајќи го тоа.[2]
Социјални
[уреди | уреди извор]Набљудувањата на Достоевски за англиските и француските национални одлики ги обратуваат оние на повеќето патници за време на неговата ера. Тој предложува дека Французите се лицемерни, но и нерационални, сметајќи дека народот на Франција е потиснат од присуството на француската тајна полиција. Англичаните, обратно, се горди. Добро упатените Англичани се сметаат себеси за премногу возвишени за да можат да ги следат маките на сиромашните, кои се очајни и насилни.
Книжевно значење и критика
[уреди | уреди извор]Достоевски ги признал слабостите во „Зимските белешки“, главно затоа што патувал премногу брзо низ некои делови на Европа (особено Германија) за правилно да ги цени. Дури и пријателски критичари признале дека стилот на Достоевски во ова дело е слаб. Делото, сепак, содржи мотиви што подоцна ќе се појават во „Записи од подземјето“, а некои критичари сметаат дека е прв нацрт за таа подоцнежна, поуспешна книга.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Muchnic, Helen (6 мај 1965). „Dostoevsky Abroad“. The New York Review of Books. Посетено на 11 февруари 2021.
- ↑ Walsh, David (Summer 1987). „Dostoyevsky's Discovery of the Christian Foundation of Society“. Religion & Literature. The University of Notre Dame. 19:2. JSTOR 40059342.
- ↑ Frank, Joseph (јули 1963). „Dostoevsky: The Encounter with Europe“. Russian Review. JSTOR 126268.
|