Бел воден лилјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бел воден лилјан
2016 Kwiat grzybieni białych 2.jpg
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
Ред: Воднолилјановидни
Семејство: Водни лилјани
Род: Воден лилјан
Вид: Бел воден лилјан
Биномен назив
Nymphaea alba
L.
Синоними

Бел воден лилјан или бел лотос (науч. Nymphaea alba) — водно цветно растение од семејството на водните лилјани (Nymphaeaceae)[3] застапено во Северна Африка, умерените делови на Азија, Европа и тропска Азија (Индија).[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Растението вирее во вода со длабочина од 30-150 см во поголеми бари, мочуришта и езера.

Листовите достигнуваат пречник од 30 см, а секое растение се разлистува во пречник од 1,5 м.[3] Цветовите се бели, со бројни прашници.[5]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Растението прв го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во делото Species Plantarum („Растителни видови“) од 1753 г.[4][6]

Црвената разновидност (Nymphaea alba f. rosea) е воведена откако е откриена на почетокот на XIX век во езерото Фагертерн крај шумата Тиведен во Шведска. Ова довело до прекумерно отстранување на растенијата од дивината сè до нивната заштита со закон.[7]

Снежнобелиот воден лилјан (Nymphaea candida J. Presl) понекогаш се смета за подвид на белиот воден лилјан (N. alba L. subsp. candida (J. Presl) Korsh.).[5]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Овие растенија се среќаваат во слатки води ширум Европа, делови од Северна Африка и Блискиот Исток.[5]

Фитохемија[уреди | уреди извор]

Белиот воден лилјан ги содржи активните алкалоиди нуфарин и нимфеин, кои имаат дејство на седатив. Иако растението се користи во целост, се смета дека најсилно дејство имаат цветните делови. Во минатото, калуѓерите и калуѓерките го толчеле неговиот корен и го ставале во вино; добиениот напиток се пиел како средство за потиснување на половиот нагон (анафродизијак).[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. NatureServe (2013). Nymphaea alba. IUCN Red List. Version 2014.3. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 30 January 2015.
  2. „Nymphaea alba L. is an accepted name“. theplantlist.org. 23 March 2012. Посетено на 23 October 2017.
  3. 3,0 3,1 „White Water Lily (Nymphaea odorata)“. www.dnr.state.mn.us. Minnesota Department of Natural Resources. Посетено на 18 August 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Taxon: Nymphaea alba L.“. Посетено на 23 October 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 Андерберг, Андерс (1996). „Бел воден лилјан“. www.linnaeus.nrm.se. Природонаучен музеј на Шведска. Посетено на 18 August 2015. (шведски)
  6. „Nymphaeaceae Nymphaea alba L.“. .pni.org. Посетено на 23 October 2017.
  7. Wallsten, Maud; Thorson, Jan; Werlemark, Gun (2005). „Härstammar Claude Monets röda näckrosor från Fagertärn i Närke?“ (PDF). Svensk Botanisk Tidskrift (99:3–4): 146–153. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 March 2016. Посетено на 18 August 2015.
  8. Nielsen (1979). Giftplanter [Poisonous plants]. Gyldendals grønne håndbøger (норвешки). Cappelen. стр. 68–69. ISBN 8701318411.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]