Воднобожуровидни
Воднобожуровидни Период: рана креда - денес | |
---|---|
Египетски воден божур (Nymphaea lotus) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
Ред: | Воднобожуровидни Salisb. ex Bercht. & J.Presl[1] |
Семејства | |
Воднобожуровидни (науч. Nymphaeales) — ред на растенија кој опфаќа три фамилии: водните божури и уште две фамилии на водни растенија. Ова е еден од трите реда на базални скриеносеменици во рамките на цветните растенија.
Сите видови се ризомни водни билки со широки листови.
Групата се одликува со барем 10 морфолошки фенотипски особености.[2] Познати се и молекуларни синапоморфии.
Класификациите признаваат 70 вида,[3] но филогенетските испитувања на родот воден божур (Nymphaea) укажува на тоа дека групата може да има и над 90 вида.[4] Разликата во набројувањето на видовите се должи на потешкотиите при разграничувањето на видовите во родот водни божури.
Фосили
[уреди | уреди извор]Фосилните наоди се состојат претежно од семиња, но има и полен, дршки, листови и цветови. Најраните потекнуваат од периодот креда.[5][6] Се смета дека крунската група на Воднобожуровидните е стара околу 112 милиони години,[7] но некои сметаат дека ова е премногу [8]
Можно е фосилното водно растение Archaefructus да ѝ припаѓа на оваа група.[9]
Класификација
[уреди | уреди извор]Воднобожуровидните опфаќаат три фамилии со 70-90 видови.
ред Воднобожуровидни
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Класификацијата на Воднобожуровидните и нивната филогенија во рамките на цветните растенија се водат по системот APG III (2009). |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x.
- ↑ Peter F. Stevens. 2001-
- ↑ The Plant List. 2010
- ↑ Thomas Borsch, Cornelia Löhne, Mame Samba Mbaye, and John H. Wiersema. 2011. "Towards a complete species tree of Nymphaea: shedding further light on subg. Brachyceras and its relationships to the Australian water-lilies". Telopea 13(1-2): 193-217.
- ↑ „Nymphaeales: Fossil Record“. University of California Museum of Paleontology.
- ↑ Else Marie Friis, Kaj Raunsgaard Pedersen and Peter R. Crane (15 март 2001). „Fossil evidence of water lilies (Nymphaeales) in the Early Cretaceous“. Nature. 410 (6826): 357–360. doi:10.1038/35066557. PMID 11268209.
- ↑ Susana Magallón and Amanda Castillo. 2009. "Angiosperm diversification through time". American Journal of Botany 96(1):349-365. doi:10.3732/ajb.0800060
- ↑ Charles D. Bell, Douglas E. Soltis, and Pamela S. Soltis. 2010. "The age and diversification of the angiosperms re-revisited". American Journal of Botany 97(8):1296-1303. doi:10.3732/ajb.0900346
- ↑ Soltis, D. E.; Bell, CD; Kim, S; Soltis, PS (јуни 2008). „The Year in Evolutionary Biology 2008“. Annals of the New York Academy of Sciences. 1133 (1): 3–25. doi:10.1196/annals.1438.005. PMID 18559813. Архивирано од изворникот на 2009-01-08. Посетено на 2012-10-03.
Извори
[уреди | уреди извор]- Michael G. Simpson. Plant Systematics. Elsevier Academic Press. 2006.
- Thomas N. Taylor, Edith L. Taylor, and Michael Krings. 2008. Paleobotany: The Biology and Evolution of Fossil Plants, Second Edition. Academic Press (an imprint of Elsevier): Burlington MA, USA. ISBN 978-0-12-373972-8
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|