Алпско скијање на Зимските олимписки игри 2014 - спуст за жени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алпско скијање на
Зимските олимписки игри 2014

Alpine skiing pictogram.svg
Велеслалом мажи жени
Слалом мажи жени
Спуст мажи жени
Супервелеслалом мажи жени
Суперкомбинација   мажи   жени

Спустот за жени на Зимските олимписки игри 2014 бил одржан во скијачкиот центар Роза Хутор близу Краснаја Полјана, Русија, на 12 февруари.[1] Трката била освоена од Тина Мазе од Словенија и Доминик Жизен од Швајцарија, кои имале исто време. Лара Гут, исто така од Швајцарија, завршила на третото место.

Патеката на трката била 2.713 метри во должина, со вертикален пад од 790 метри.[2]

Линдзи Вон, бранителка на титулата, не учествувала, додека сребрената и бронзената медалистка, Џулија Манкузо и Елизабет Гергл, завршиле надвор од подиумот. Прв пат се случило некој олимписки алпски настан да заврши со изедначување за златниот медал.[3][4] Мазе исто така го освоила првиот златен медал на Зимските олимписки игри за Словенија. Жизен и Гут ги освоиле првите олимписки медали.

Резултати[уреди | уреди извор]

Трката започнала во 11:00.[2]

Место р.б Име Земја Време Разлика
1 21 Тина Мазе Словенија (2014) 1:41,57
1 8 Доминик Жизен Швајцарија (2014) 1:41,57
Bronze medal icon.svg 18 Лара Гут Швајцарија (2014) 1:41,67 +0,10
4 9 Даниеле Меригети Италија (2014) 1:41,84 +0,27
5 1 Фабјен Зутер Швајцарија (2014) 1:41,94 +0,37
6 26 Лоте Смисет Сејерстед Норвешка (2014) 1:42,01 +0,44
7 25 Едит Миклос Унгарија (2014) 1:42,28 +0,71
8 12 Џулија Манкузо САД (2014) 1:42,56 +0,99
9 5 Никол Хосп Австрија (2014) 1:42,62 +1,05
10 27 Илка Штухец Словенија (2014) 1:42,65 +1,08
11 7 Лорен Рос САД (2014) 1:42,68 +1,11
12 11 Елена Фанкини Италија (2014) 1:42,70 +1,13
13 20 Марија Хефл-Риш Германија (2014) 1:42,74 +1,17
14 23 Верена Штуфер Италија (2014) 1:42,75 +1,18
15 3 Викторија Ребенсбург Германија (2014) 1:42,76 +1,19
16 19 Елизабет Гергл Австрија (2014) 1:42,82 +1,25
17 10 Стејси Кук САД (2014) 1:43,05 +1,48
18 6 Маруша Ферк Словенија (2014) 1:43,24 +1,67
19 35 Чеми Алкот Велика Британија (2014) 1:43,43 +1,86
20 28 Лариса Јуркив Канада (2014) 1:43,46 +1,89
21 29 Клара Кжижова Чешка (2014) 1:43,47 +1,90
22 30 Надија Фанкини Италија (2014) 1:43,48 +1,91
23 13 Кајса Клинг Шведска (2014) 1:43,69 +2,12
24 14 Корнелија Хитер Австрија (2014) 1:43,82 +2,25
25 34 Сара Хектор Шведска (2014) 1:44,23 +2,66
26 2 Жаклин Вилс САД (2014) 1:44,35 +2,78
27 24 Рагнилд Мовинкел Норвешка (2014) 1:44,43 +2,86
28 32 Елена Јаковишина Русија (2014) 1:44,45 +2,88
29 37 Грета Смал Австралија (2014) 1:44,79 +3,22
30 31 Марија Бедарева Русија (2014) 1:45,29 +3,72
31 42 Кристина Салова Словачка (2014) 1:45,98 +4,41
32 38 Макарена Симари Биркнер Аргентина (2014) 1:46,44 +4,87
33 36 Каролина Чрапек Полска (2014) 1:46,90 +5,33
34 40 Неле Барахона Чиле (2014) 1:49,70 +8,13
35 41 Ана Береч Унгарија (2014) 1:50,97 +9,40
16 Тина Вајратер Лихтенштајн (2014) ДНС
4 Мари Маршан-Арвие Франција (2014) ДНФ
15 Каролина Руиз Кастилјо Шпанија (2014) ДНФ
17 Маријане Кауфман-Абдерхалден Швајцарија (2014) ДНФ
22 Ана Фенингер Австрија (2014) ДНФ
33 Александра Колети Монако (2014) ДНФ
39 Ања Моника Каил Романија (2014) ДНФ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Распоред на натпреварувањето“. Организациски комитет. конс. 21 декември 2013. 
  2. 2,0 2,1 Крајни резултати
  3. Минц, Џоф (12 февруари 2014). Tie at the top means double gold for Gisin, Maze. Ski Racing. конс. 12 февруари 2014. 
  4. CBC live broadcast, 12 February 2014