Алпско-хималајски појас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на алпско-хималајскиот појас

Алпско-хималајски појассеизмички и планинообразен појас кој се состои од низа планински венци и се протега долж јужните делови на Евроазија, од Јава и Суматра преку Хималаите о Средоземното Море до бреговите на Атлантскиот Океан.[1] Ги опфаќа Алпите, Карпатите, Пиринеите, планините на Анадолија и Иран, Хиндукуш и оние во Југоисточна Азија. Претставува второ сеизмички најактивно подрачје во светот, по околутихоокеанскиот појас (Огнениот Појас), со 17% од најголемите земјотреси.[1]

Појасот се образува со постојани тектонски движења како што е алпската планинообразба. Произлегол од затворањето на праокеанот Тетида почнувајќи од мезозоик и кенозоик, како и постепеното судирање на Африканската, Арапската и Индиската со Евроазиската Плоча во северен правец.[2]

Поголеми венци[уреди | уреди извор]

Индонезија е сместена помеѓу Тихоокеанскиот Огнен Прстен по линија на североисточните острови до (и заклучно со) Нова Гвинеја и алпско-хималајскиот појас долж југот и западот од Суматра, Јава и Малите Сундски Острови (Бали, Флорес и Тимор). Земјотресот во Индискиот Океан во 2004 г. недалеку од брегот на Суматра се случил во рамките на алпско-хималајскиот појас.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Where do earthquakes occur?“. USGS. http://www.usgs.gov/faq/categories/9831/3342. посет. 8 март 2015 г. 
  2. K.M. Storetvedt, K. M., The Tethys Sea and the Alpine-Himalayan orogenic belt; mega-elements in a new global tectonic system, Physics of the Earth and Planetary Interiors, Volume 62, Issues 1–2, 1990, стр. 141–184 Извадок
Извори