Ерменска Висорамнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерменска Висорамнина
Հայկական լեռնաշխարհ
Планини на висорамнината кај турско-иранската граница
Земја  Ерменија
 Азербејџан
 Грузија
Иран Иран
 Турција
Највисока точка Арарат
 - височина 5.137 м
 - координати 39°17′1″N 44°16′16″E / 39.28361° СГШ; 44.27111° ИГД / 39.28361; 44.27111
Површина 400.000 км2
Сателитска снимка на Ерменската Висорамнина
Сателитска снимка на Ерменската Висорамнина
Сателитска снимка на Ерменската Висорамнина
Ерменска Висорамнина во рамките на Турција
Местоположба на Ерменската Висорамнина

Ерменска Висорамнина (ерменски: Հայկական լեռնաշխարհ, Хајкакан лернашхарх) — планинско подрачје на северот на западна Азија и највисока од трите висорамнини во регионот.[1] На запад се граничи со Анадолската Висорамнина што постепено се издига од низинското крајбрежје на Егејското Море на просечна висина од 910 м.[1] Во Ерменија, висорамнината нагло се искачува од 900 на 2.000 м во просек.[1] На југоисток се граничи со Иранската Висорамнина, каде надморската височина набргу се спушта на 600-1.500 м.[1]

Во антиката подрачјето се нарекувало Голема Ерменија и имало важна улога во развојот на ерменската цивилизација и претставува една од трите геополитички области на ерменскиот народ (другите две се Мала Ерменија и Софена). Во средниот век на висорамнината се доселиле туркиски народи во мошне голем број. Поради ова го добила и името Туркоманија.

Низ историјата, на висорамнината живееле повеќе разни народи како Хуроурарти, Ерменци, Грузијци, Асирците, Курди, Персијци, Грци, Арапи, Турци и Монголци. Христијанското население во западната половина на подрачјето е истребено со Ерменскиот геноцид во почетокот на XX век.

Денес најбројни народи се Ерменците, Азерите, Грузијците, Курдите и Турците.

Географија[уреди | уреди извор]

Висорамнината зафаќа површина од 400.000 км2.[2] Во подалечното минато ова било сеизмички активно подрачје,[3] чиј вулканизам создал големи релјефни образби и низа масиви. Тектонските движења создале предуслови за настанокот на трите најголеми езера — Севан, Ван и Урмија.[4] Од тие причини, висорамнината изобилува со вода.[5]

Најголемиот дел од висорамнината денес се наоѓа во турската област Источна Анадолија, но опфаќа и делови во северозападен Иран, цела Ерменија и западните краишта на Азербејџан.[2] Западните делови на висорамнината го сочинуваат масивот Мал Кавказ, кој се смета за прататковина на Ерменците.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на периодот од 4000 до 1000 г. п.н.е., на висорамнината се произведувал метал и метални предмети, кои потоа се тргувале во соседните региони. Според преданијата, се смета за едно од можните места кајшто се наоѓа библиската Еденска градина.[7] Висорамнината е наречена и „епицентар на железното време“, бидејќи се смета дека тука за првпат се појавила металургијата (крај на II милениум п.н.е.).[8] Во раното железно време, висорамнината била под власта на кралството Урарту (Арарат).

Земјата Арата опишана во епот „Гилгамеш“ одговара на денешната Ерменска Висорамнина.[9]

Во текот на стариот и средниот, висорамнината престставувала јаболко на раздорот помеѓу големите држави како Византија и Османлиите, Персија и Арапите. Во XVI век подрачјето конечно потпаднало под отоманска власт, а во XIX век играло важна улога како граница помеѓу Отоманското и Руското царство. На почетокот на XX век, турскиот аскер го спровел познатиот Ерменски геноцид, збришувајќи огромен број на луѓе од висорамнината и преименувајќи го подрачјето во Источна Анадолија.[10] По распадот на царството, Ерменската Висорамнина претставувало тромеѓе помеѓу Турција, Иран и СССР, а по распадот на сојузот и помеѓу Ерменија, Грузија и Азербејџан.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Hewsen, Robert H. "The Geography of Armenia" in The Armenian People From Ancient to Modern Times Volume I: The Dynastic Periods: From Antiquity to the Fourteenth Century. Richard G. Hovannisian (ed.) New York: St. Martin's Press, 1997, стр. 1-17
  2. 2,0 2,1 Ерменска ВисорамнинаЕнциклопедија „Британика“ 2007 (англиски)
  3. Volcanoes, their structure and significance Thomas George Bonney - 1912 - стр. 243
  4. Пилотен проект на Смарагдната мрежа во ЕрменијаСовет на Европа (англиски)
  5. Der Völkermord an den Armeniern, Nikolaĭ Oganesovich Oganesian - 2005 - стр. 6
  6. Barbara A. West (2009). Encyclopedia of the Peoples of Asia and Oceania. Infobase Publishing. стр. 47. ISBN 978-0-8160-7109-8. Посетено на 20 September 2011.
  7. Mesopotamian Trade. Noah's Flood: The Garden of Eden, W. Willcocks, H. Rassam стр. 459-460
  8. Lang, David M. Armenia: Cradle of Civilization. London: George Allen & Unwin, 1970, стр. 50-51, 58-59.
  9. 9,0 9,1 Encyclopedia of the Peoples of Asia and Oceania, By Barbara A. West, 2009, стр. 47
  10. The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies - стр. 3, by Richard G. Hovannisian - 2011

Координати: 39°17′1″N 43°22′19″E / 39.28361° СГШ; 43.37194° ИГД / 39.28361; 43.37194