Севан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Севан
Սևանա լիճ
Севан Սևանա լիճ -
Координати 40°19′N 45°21′E
Главен дотек 28 реки и потоци
Главен истек испарување (90%), Храздан
Земји во сливот  Ерменија
Најг. должина 78 км (2005)
Најг. ширина 56 км (2005)
Површина 940 км² (2005), 1360 км² (1949)
Водна зафатнина 58 км³ (1949)


Севан (ерменски: Սևանա լիճ) е најголемото езеро во Ерменија и едно од најголемите езера на големи надмосрски височини во светот.

Поранешните имиња на езерото биле Гегаркуник (ерменски: Գեղարքունիք), Гегамско Море (ерменски: Գեղամա ծով), и Ѓукче (турски назив за Сино Езеро).[1][2]

Целото езеро е сместено во покраината Гехаркуник. Се храни од 28 реки и потоци. Само 10% од влиената вода истекува во реката Храздан (Раздан), бидејќи 90% испарува.

Пред човечкото влијание да го уништи езерото, тоа било длабоко 95 м, имало површина од 1.360 км² (5% од целокупната ерменска површина), волуменот му бил 58 км³ и имало перијаметар од 260 км. Езерската површна била на надморска висина од 1.950 м.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. René Grousset. The Empire of the Steppes: A History of Central Asia, Rutgers University Press, 1970, p. 348, ISBN 0-8135-1304-9
  2. Jacques Kayaloff. The Battle of Sardarabad, Mouton, 1973, p. 211

Надворешни врски[уреди | уреди извор]