Александар Гулевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Гулевски
Роден 29 јануари 1968
Загреб,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија, денес  Хрватска,
Националност Македонец
Занимање историчар на уметноста, византолог, археолог, музичар

Александар Гулевски (Загреб,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија, денес  Хрватска, на 29 јануари 1968 - е македонски историчар на уметноста, византолог, археолог, музичар. Живее и работи во Битола, Македонија [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 29 јануари 1968 год., во Загреб. Основно образование завршил во Загреб, Белград и Скопје, а средно во Скопје. На Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје се запишува во 1986 год. Во текот на студиите, во периодот од 1988 до 1991 год., како штитеник на Археолошкиот кантонален завод Фрибург во Швајцарија, учествува во археолошкото истражување на локалитетот Муртен, под раководство на Жан-Лук Буасаберт. Во 1991 год., како стипендист на Завештанието Св. Јустин од Фрибург, запишува двегодишна студиска програма (demi-licence) на Семинарот за историја на уметноста при Фрибуршкиот универзитет, каде слуша предавања од областа на историјата на западната средновековна и современа уметност кај професорите Петар Курман и Виктор Стоичита. Во текот на својот студиски престој во Фрибург го запознава швајцарскиот уметник Серж Дубуа од Корсери и компонира музичка илустрација за неговата вајарска инсталација „Пчекарни полиња“ (1991). Во 1995 год., под менторство на академик Цветан Грозданов, дипломира на тема од областа на византискиот фрескоживопис на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факуклтет во Скопје[2].

Работа[уреди | уреди извор]

Веднаш по дипломирањето, во 1996 год., од Mитрополитот на преспанско-пелагониската православна епархија г. Петар, назначен е за главен уредник на списанието за православна вера, култура, образование и уметност „Пелагонитиса“, а потоа и за главен уредник на Православната библиотека св. Нектариј Битолски. Во текот на својата работа како главен уредник на „Пелагонитиса“, од 1996 до 2003 год., го истражува битолскиот период од животот на Св. Јован Шангајски. Материјалите од овие истражувања ги публикува во неколку книги, издадени од Музејот и фондот на св. Јован Максимович од Москва. Во 2008 год., со одлука на Mитрополитот Петар, поставен е за псалт во Соборната црква на Преспанско-пелагониската православна епархија „Св. Димитриј“ во Битола, со задолжение да го возобнови византиското црковно пеење. Во 2012 год., на Институтот за национална историја во Скопје, под менеторство на Викторија Поповска-Коробар, ја брани магистерската теза „Културно-историскиот аспект на темата Литургиска служба на архијереите во олтарскиот фреско-живопис во Македонија од XI до XIV век“, и се стекнува со академски степен магистер по историски науки.

Творештво[уреди | уреди извор]

Објавува авторски текстови, главно од областа на византискиот фрескоживопис и иконопис. Го познава византиското црковно пеење, кое го проучува и практикува веќе три децении. Од 1996 г., вработен е во Светата митрополија Преспанско-пелагониска во Битола, како советник за црковна уметност и архитектура[3].

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • „40 Фејсбук приказни“, Битола 2020[4].

Објавени текстови во книги[уреди | уреди извор]

Објавени авторски трудови[уреди | уреди извор]

Објавени преводи[уреди | уреди извор]

  • 1. Мистагогија, Appendix во книгата на Валентина Гулевска, Magister Caritatis, Битола 2010, 79-130 (превод од руски)
  • 2. Јеромонах Дионисиј од Фурна, Ерминија–прирачник за иконописната вештина (I), Пелагонитиса, 13-15, Битола 2003, 67-82 (превод од француски)

Учество на изложби[уреди | уреди извор]

Учество во музички и театарски проекти[уреди | уреди извор]

Учество на конференции[уреди | уреди извор]

  • Education Across Borders III, Education and Research Across Time and Space,

1100th Death Aniversary of St. Clement of Ohrid, Bitola 2016

  • Византијско-словенска чтенија III, Ниш, 2020.

Музичка дејност[уреди | уреди извор]

  • Во 1984 г. ја основал групата „Процес“ (Скопје), а во текот на студентските денови, како гитарист свирел во групата „Санс“ (Скопје) - за која ја напишал песната „Let me make you understand“ и во групата „Фреш“ (Скопје), со која ја снимил песната „Revolution“, снимена на музичката компилација „Македонски документ-Step 1“ (1994).
  • Во Битола се запознава со басистот Оливер Јосифовски и започнува да соработува со групата Љубојна на нивниот прв албум „Парите се отепувачка “ (2005). Во тој период работи како музички асистент на Златко Ориѓански на албумот „Македонско девојче“ (2008) на Каролина Гочева[5].
  • Во 2015 г., ги снима пратечките вокали за албумот „Шербет Љубојна и Исмаил Лумановски“ и снима дует со Вера Милошевска-Јосифовска на традиционалната македонска песна „Разболе се младо Македонче“.[6].
  • Во 2021 г., како гитарист и пејач соработува со групата Вел (Битола) и за нивниот деби албум „Црнило“ ја пишува песната „Незалезна“.

Истата година за претставата „Дух“ на Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски, ја компонира црковната песна „Достојно ест на петти глас “, во духот на традиционалното македонско црковно пеење.

  • Во 2022 г., за потребите на уметничката инсталација „Крешендо“, инсталирана во Битола, ја компонира музичката илустрација „Крешендо“.

Основач е и раководител на православниот црковен хор „Св. Ангел Битолски“ од Битола.


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]