Акиба Рубинштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Акиба Рубинштајн
Akiba-Rubinstein.png
Рубинштајн околу 1907
Целосно имеАкиба Рубинштајн
Земја Полска
Роден12 декември 1882
Стависки, Полска
Починал15 март 1961
Стависки, Полска
Титулавелемајстор

Акиба Кивелович Рубинштајн (полски: Akiba Rubinstein) (12 декември 1882 во Стависки, Полска - 15 март 1961 во Антверпен, Белгија) бил познат полски шахист од еврејско[1] потекло од почетокот на 20. век.

Биографија[уреди | уреди извор]

Акиба се родил во еврејско семејство, кое планирало тој да стане рабин. Но, тој не сè уште ги немал завршено студиите, бидејќи многу повеќе му се посветувал на шахот. Одлуката за неговата определба ја донел во 1903, кога за вршил на петтото место на турнир во Киев. Тој научил да игра шах на 16 години[2] и бил учен од силниот мајстор Герс Салве во Лоѓ.

Својата врвна форма, Рубинштајн ја достигнал и одржувал во периодот од 1907 до 1912. Тој започнал со победата во Карлови Вари во 1907, а истата година победил и во Санкт Петербург. Во 1912, ја остварил најголемата низа на потези во неговата кариера. Таа година, тој победил на 5 големи турнири: Сан Себастијан, Пјештани, Бреслау (првенство на Германија), Варшава и Вилњус (иако на овие турнири не играле Ласкер и Капабланка).[3] Некои веруваат дека тој бил подобар од светскиот првак Емануел Ласкер во тоа време.[4] Според рејтингот добиен со шахометриските методи, Рубинштајн бил најдобриот шахист во светот во периодот од 1912 до 1914.[5] Од друга страна, Рубен Фајн верувал дека Рубинштајн бил еднакво добар како и Хозе Раул Капабланка по 1911.[3]

Во тоа време, било вообичаено светскиот првак да ја брани титулата во меч против некој предизвикувач, кој има доволно средства да плати, но на Рубинштајн таа шанса никогаш не му се укажала, бидејќи немал доволно финансиски средства за да го предизвика светскиот првак Ласкер. Неговите планови целосно биле нарушени, откако не завршил меѓу првите 5 на туирнир во Санкт Петербург во 1914. Меч против Ласкер бил закажан во октомври 1914, но не се одиграл поради почетокот на Првата светска војна.[6]

По Првата светска војна, Рубинштајн и понатаму бил врвен шахист, но неговите резултати ја изгубиле конзистентноста. Сепак, тој победил на турнир во Виена во 1922, пред идниот светски првак Александар Алехин, а бил и лидер на шаховската репрезентација на Полска, која го освоила златниот медал на шаховската олимпијада одржана во Хамбург во 1930. Поставувајќи рекорд со 13 победи и 4 реми од вкупно 17 партии. Следната година, на шаховската олимпијада во Прага го освоил сребрениот медал.

Откако, во 1932 се откажал од настапите на турнирите, најмногу поради симптомите на шизофренија, тој имал антрофобија, односно страв од луѓето и општеството.[7] Иако живеел уште речиси 30 години по тоа, тој не оставил литературно наследство. За време на Втората светска војна, кога Нацистите, најверојатно пристигнале да го одведат во концентрационите логори, тој бил трпелив и целосно неразумен, така што го оставиле да живее.[8]

Шаховско творештво[уреди | уреди извор]

Рубинштајн бил еден од првите шахисти, коишто уште во фазата на отворањето размислувале за карактерот на завршницата. Тој бил исклучително талентиран за игра во завршницата, посебно во топовските завршници, во кои ги поставил темелето на едно ново знаење. Џереми Силман го рангирал меѓу најдобрите пет шахисти за игра во завршницата на сите времиња и го нарекол мајстор за топовски завршници.[9]

Во 1912, во партија одиграна против Зигберт Тараш, Рубинштајн вовел нов систем, наречен по него, против Тарашвата одбрана во Одбиен дамин гамбит: 1.d4 d5 2.Sf3 c5 3.c4 e6 4.cxd5 exd5 5.Sc3 Sc6 6.g3 Sf6 7.Lg2 cxd4 8.Sxd4 Db6. Тој исто така се смета и за пионер на Мернаската варијанта, која како типична варијанта во Одбиениот дамин гамбит, станала типична и за Примениот дамин гамбит, со предност од едно темпо за белиот.

Денес, голем број на варијанти се именувани по него. Рубинштајновиот напад најчесто настанува по: 1. d4 d5 2. c4 e6 3. Sc3 Sf6 4. Lg5 Le7 5. e3 0-0 6. Sf3 Sbd7 7. Dc2. Рубинштајновата варијанта во Француска одбрана настанува со потезите: 1. e4 e6 2. d4 d5 3. Sc3 (или 3. Sd2) dxe4 4. Sxe4. Рубинштајновата варијанта во Нимцо-индиска одбрана е една од најпопуларните линии во ова отворање: 1. d4 Sf6 2. c4 e6 3. Sc3 Lb4 4. e3.[10] Исто така, познати се и Рубинштајновата варијанта во Отворањето со четири коња, коешто настануива по 1 e4 e5 2 Sf3 Sc6 3 Sc3 Sf6 4 Lb5 Sd4 и Рубинштајновата варијанта во Симетричната варијанта од Англиското отворање: 1. c4 c5 2. Sc3 Sf6 3. g3 d5 4. cxd5 Sxd5 5. Lg2 Sc7, комплексен систем, кој е популарен на велемајсторко ниво.

Рубинштајновата стапица е стапица во отворањето, која е можна во Одбиениот дамин гамбит, која резултира со губење најмалку на еден пешак. Овој мал трик е наречен според Рубинштајб, бидејќи тој истиот го одиграл два пати и тоа на два различмни начини. Едната верзија е со потезите: 1.d4 d5 2.c4 e6 3.Sc3 Sf6 4.cxd5 exd5 5.Lg5 Le7 6.e3 0-0 7.Sf3 Sbd7 8.Ld3 c6 10.0-0 Te8 11.Tc1 h6 12. Lf4 Sh5? 13. Sxd5!, сега на 13...cxd5?? следува 14.Lc7 и црниот ја губи дамата, додека 13...Sxf4 14.Sxf4 го остава белиот со пешак предност.

Со почеток во 1963, секоја година во Поланица Здрој, во чест на Акиба Рубинштајн се одржува меморијален турнир, на кој учествуваат најдобрите светски шахисти.

Избрана партија[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
g8 црн крал
b7 црн ловец
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a6 црн пешак
b6 црн ловец
e6 црн пешак
b5 црн пешак
e5 бел пешак
b4 бел пешак
e4 бел ловец
f4 бел пешак
g4 црн коњ
a3 бел пешак
c3 црн топ
b2 бел ловец
d2 црн топ
e2 бел дама
h2 бел пешак
a1 бел топ
f1 бел топ
h1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Ова е позицијата во партијата по 23...Td2. Сите фигури на црниот освен ловецот на b6 се нападнати, но истовремено нападнати се и најголемите заштитници во таборот на црниот, ловецот и на е4 и дамата на е2, која патем го заштитува ловецот. Позицијата на белиот е безнадежна, но Ротлеви ја продолжил играта со 24.Dd2 Lxe4+ 25.Dg2 Th3, по што се предал, поради неодбранливиот мат во следниот потег (26.Txh3#).

Во својата кариера, Рубиншштајн одиграл многу блескави партии, но се чини најдобрата, која и денес е дел од шаховските учебници, ја одиграл во 1907 во Лоѓ, против полскиот мајстор Герш Ротлеви. Оваа партија, според австрискиот мајстор и шаховски теоретичар, Карл Шлехтер, е:

„можеби најимпресивната комбинација на сите времиња.“

Партијата ги содржела следните потези:

1.d4 d5 2.Sf3 e6 3.e3 c5 4.c4 Sc6 5.Sc3 Sf6 6.dxc5 Lxc5 7.a3 a6 8.b4 Ld6 9.Lb2 0-0 10.Dd2? De7! 11.Ld3 dxc4 12.Lxc4 b5 13.Ld3 Td8 14.De2 Lb7 15.0-0 Se5 16.Sxe5 Lxe5 17.f4 Lc7 18.e4 Tac8 19.e5 Lb6+ 20.Kh1 Sg4! 21.Le4 Dh4 22.g3 Tc3 23.gxh4 Td2!! 24.Dxd2 Lxe4+ 25.Dg2 Th3 0-1 (26.Txh2#)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edward Winter, Chess and Jews, 2003
  2. Hooper and Whyld, The Oxford Companion to Chess
  3. 3,0 3,1 The World's Great Chess Games, Reuben Fine, (McKay, 1976), стр. 79-80
  4. Silman, Jeremy (2007), Silman's Complete Endgame Course: From Beginner to Master, Siles Press, стр. 477, ISBN 1-890085-10-3 
  5. Chessmetrics Summary for 1905-1915
  6. Silman 2007, стр. 477
  7. starfireproject.com
  8. Keene, G. M. Raymond (2007) "Keene on Chess:An Appreciation of Rudolph Spielmann"
  9. Silman 2007, стр. 477-88
  10. Popularity of the non-classical line of the Nimzo-Indian from chessgames.com

Литература[уреди | уреди извор]

  • Donaldson, John and Nikolay Minev (1994). Akiba Rubinstein: Uncrowned King. International Chess Enterprises. ISBN 1-879479-19-2. 
  • Chernev, Irving (1995). Twelve Great Chess Players and Their Best Games. Dover. ISBN 0-486-28674-6. 
  • Kmoch, Hans (1960). Rubinstein's Chess Masterpieces/100 Selected Games. Dover. ISBN 0-486-20617-3. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]