Емануел Ласкер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емануел Ласкер

Емануел Ласкер (германски: Emanuel Lasker, (24 декември 1868 - 11 јануари 1941) е шахист кој станал светски шампион по победувањето на првакот Вилхелм Штајниц во 1894. Тој успеал да ја задржи титулата за 27 години што е сè уште рекорд. За време на неговата шаховска кариера тој сепак нашол време да докторира во математиката во универзитетот Ерланген во 1900.

Во шахот Ласкер бил тактичар и голем борец. Во многу од неговите игри успеал да претвори инфериорна позиција во негов корист. Не само во офанзивата, тука и во играње одбрана немал рамен. Се` до неговите последни години (седумдесетите), иако повеќе не бил шампион, бил ценет како добар шахист и тогашните прваци се`уште стравувале од играње со него, како на пр., Хозе Раул Капабланка.

Извор[уреди | уреди извор]

Берџес, Нан и Емс, 2004, Најзначајните шаховски игри на светот, Робинсон Паблишинг, Лондон. ISBN 1-84119-905-2