Вилхелм Штајниц (германски: Wilhelm Steinitz и подоцна во САД: William Steinitz, 17 мај1836 во Прага — 12 август1900 во Њујорк) — австрискишахист и првиот кои официјално бил прогласен светски првак во 1886 г. по неговата победа во Њу Орлеанс. Познат е по оригиналните идеи во врска со позиција кои ги има воведено во играта. Штајниц го претворил шахот во вид на наука и бил најпродуктивниот шаховски писател во 19 век. Со неговото учество во шахот тој длабоко успеал да го убеди светот за важноста на позициската игра како што се потрудил да докаже Франсоа-Андре Филидор еден век пред него.
Штајниц ја задржал титулата на шаховски првак до 1894 г. кога бил поразен од страна на Емануел Ласкер.