Француска одбрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француска одбрана
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Потези 1.e4 е6
ЕШО С00-С19
Предотворање Отворање со кралски пешак
На Chess Games
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
d5 црн пешак
d4 бел пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Позицијата по: 1.e4 е6 2.d4 d5

Француска одбранашаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e6

Француската одбрана претставува солиден и флексибилен начин на отворање на играта, којшто м оже да му донесе мала стеснетост на црниот во првата фаза од играта. Црниот често добива можности за противнапад на дам,иното крило, додека белиот е концентриран на развој на играта на кралското крило.

Одбраната името го добила по кореспондентниот меч одигран помеѓу градовите Лондон и Париз одигран во 1834 (иако постојат примери на партии во кои и пред тоа се наоѓа ова отворање). Како одговор на 1.е4, на Француската одбрана е обрнувано многу мало внимание во XIX век во споредба со 1...е5. Првиот светски првак Вилхелм Штајниц рекол:

„Никогаш во мојот живот не сум играл Француска одбрана, коешто е најглупавото отворање.“[1]

Во раниот XX век, Геза Мароци можеби бил првиот шахист од светска класа кој го применил ова отворање како силно оружје насочено кон потегот 1.е4. Долго време, потегот 1...е6 бил трето најпопуларно решение на 1.е4, по потезите 1...с5 и 1...е5. И покрај тоа, според Mega Database 2007 во 2006, потегот 1...е6 беше втор најпопуларен по Сицилијанската одбрана.

Историски, најголем придонес во развојната ртеорија на ова отворање дале: Михаил Ботвиник, Виктор Корчној, Арон Нимцович, Тигран Петросјан, Лав Псакис, Волфганг Улман и Рафаел Ваганјан. Во најново време, ова отворање е често играно од: Евгени Бареев, Алексеј Дреев, Михаил Гуревич, Александар Калифман, Смбат Лпутјан, Александар Морозевич, Тејмур Раџабов и Најџел Шорт.

По воведните потези 1.е4 1...е6, играта најчесто продолжува со 2.d4 2...d5, каде белиот го зголемува својот напор во центарот, а црниот веднаш на ниашн го зема белиот пешак на е4. Во оваа позција белиот има неколку главни можности - тој може да ги смени пешаците, играјќи 3.ехd5, да продолжи со движење на е-пешакот со е5, или пак да го заштити играјќи 3.Sd2 или 3.Sс3.

Главни размислувања[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
d5 црн пешак
e5 бел пешак
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

На дијаграмот лево е претставена пешачката структура која е типична за Француската одбрана. Црниот има повеќе простор на даминото крило и се обидува да се фокусира и да јаз развива својата игра на таа страна од таблата. Тој скоро секогаш игра ...c7-c5 за да ја нападне основата на пешачката структура на белиот, а со тоа се подготвува и да игра со a и b пешаците.

Алтернативно и во исто време, црниот може да се о0биде да го разбие центарот на белиот, што ја стегнува неговата позиција. Обично, потегот ...c7-c5 не е доволен за да се развие ова, па црниот често игра и ...f7-f6. Доколку белиот го заштити пешакот на е5, играјќи f2-f4, тогаш црниот има две вообичаени идеи. Тој може директно да го нападне f-пешакот, играјќи ...g7-g5. Пешакот на g5 би бил и закана за понатамошно напредување на g4, принудувајќи го белиот коњ да отстапи од f3. Другата мо=жност е да се одигра ...fxe5 и ако белиот земе со f-пешакот, тогаш на црниот му е отворена f-вертикалата за неговиот топ. Бидејќи белиот коњ на f3 има значајна улога во заштита на пешаците на d4 и e5, црниот може со жртвата ...Rxf3 да го ослаби белиот центар. Од друга страна ако белиот одигра dxe5, тогаш се отвора дијагоналата a7-g1, ожнувајќи му ја можноста на белиот да рокира на пократката страна. Понекогаш, кога белиот е неразвиен и неговиот крал сѐ уште е во центарот, црниот може да жртвува фигура на e5 за целосно да го уништи центарот на белиот ио да започне напад.

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
f8 црн топ
g8 црн крал
a7 црн пешак
b7 црн пешак
d7 црн коњ
e7 црн дама
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
c5 црн пешак
d5 црн пешак
e5 бел пешак
d4 бел пешак
f4 бел пешак
c3 бел коњ
d3 бел ловец
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
d1 бел дама
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Белиот обично се обидува да го искористи поголемиот слободен простор, кој го има на располагање на кралското крило, каде понекогаш може да создаде и матен напад. Белиот се обидува да го направи ова, на пр. во Алехин-Катардовиот напад. Друг пример е следнава линија од Класичната Француска одбрана: 1.e4 e6 2.d4 d5 3.Sc3 Sf6 4.Lg5 Le7 5.e5 Sfd7 6.Lxe7 Dxe7 7.f4 0-0 8.Sf3 c5 9.Ld3 (видете десно)

Белиот белополен ловец го има на вид слабиот пешак на h7, кој обично е заштитен само од коњот на f6, но овде тој е потиснат од пешакот на е5 и не го заштитува слабиот пешак. Типичен начин за белиот да го продолжи нападот е 9...cxd4 10.Lxh7+ Kxh7 11.Sg5+, каде црниот мора да ја „даде“ својат дама за да ја иазбегне матната закоан којашто го очекува, продолжувајќи со 11...Dxg5 12.fxg5 dxc3. Црниот има три лесни фигури за дама, што теоретски е еднаква размена, но неговиот крал е ранлив, па белиот има добри напаѓачки шанси.

Освен нападпт со фигури, белиот може да игра за да овозможи напредок на пешаците на кралското крило (особено значајна идеја во завршницата), што обично вклучува f2-f4, g2-g4 и тогаш f4-f5. Белиот пешак на f5 може да биде многу силен и може да се заканува да земе на е6 или да напредува на f6. Понекогаш играњето на h-пешакот на h5 или h6 може исто така што биде делотворно. Современата идеја на белиот е да обезбеди поголем простор на даминото крило, играјќи a2-a3 и b2-b4. Доколко ова се спроведе успешно, тоа би ги потиснало црните фигури уште повеќе.

abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
f8 црн топ
g8 црн крал
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a6 црн пешак
e6 црн пешак
b5 црн пешак
c5 црн коњ
d5 црн пешак
e5 бел пешак
f4 бел пешак
c3 бел коњ
g3 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
g2 бел ловец
h2 бел пешак
a1 бел топ
f1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
З. Тараш-Р. Теихман
Сан Себастијан 1912
позиција по 15...Sxc5

Еден од најголемите проблеми за црниот во Француската одбрана е неговиот белополен ловец, кој е блокиран од неговиот пешак на е6. Овој ловец може да биде бескорисен во почетната фаза од партијата и црниот прави напори за да го ослободи (обично се пешачките удари ...c5 и ...f6). Често цитиран пример за можни слабости на ловецот е оној од партијата Тараш-Теихман, одиграна во Сан Себастијан во 1912, во која, дадената позиција (дијаграмот лево) е добиена по 15 одиграни потези во Класична Француска одбрана.

Овде црниот е доведен до комплетна пасивност. Ловецот на с8 е многу лошо поаставен, заробен од сопствените пшешаци на a6, b5, d5, e6 и f7. Белиот најверојатно ќе се обиде да го замени црниот коњ, којшто е единствената активна црна фигура. Иако може да се каже дека постои можност за црниот да ја одбрани оваа лоша позиција и да обезбеди реми, тоа не е лесно и бара грешки во играта од страна на белиот, по што црниот би имал шанси да организира контраигра. Во партијата Тараш-Теихман, белиот победил по 41 одигран потег. За да се избегне овој вид на фијаско, црниот обично си зема за прироитет во раната фаза на развојот на играта да најде начин за да го вклучи во игра и својот ранлив белополен ловец. Тој може да одигра ...Ld7-a4 за да го нападне пешакот на с2, што се појавува во многу линии на Винаверовата варијанта. Ако црниот f-пешак се наоѓа на f6, тогаш црниот може да смета на префрлање на ловецот на g6 или h5 преку d7 and e8. Ако белиот белополен ловец е позициониран на дијагоналата f1-a6, црниот може да се обиде да го замениoи, играјќи ...b6 и ...La6 или ...Db6, проследено со ...Ld7-Lb5.

Варијанта со размена: 3.exd5 exd5[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d5 црн пешак
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Варијантата со размена:1.е4 е6 2.d4 d5 3.exd5 exd5

Варојантата со размена била најверојатно најпопуларното продолжение за белиот во Француска одбрана во XIX век, но неговата популарност опаднала. Гари Каспаров експериментираше со ова отворање во почетокот на 1990-тите, но подоцна и тој се сврте на вообичаеното 3.Sc3. За забелешка е и тоа дека играта на црниот е многу полесна поради отворените линии, а црниот нема повеќе грижи со неговиот чувствителен белополен ловец од позатворените варијанти. is made much easier as his queen's bishop has been liberated. Може да се смета дека белиот има еднаквост поради симетричната позиција. Многу шахисти, кои се отвораат со 1.е4 се жалат дека Француската одбрана е многу тешко отворање за игра за нив, особено пшротив затворените структури и единствените стратегии. На пример, Боби Фишер бил очаен во играта против Француската одбрана. Освен тоа, многу шахисти избираат да ја играат варијантата со размена, бидејќи позицијата станува поедноставна и појасна. Белиот не ја задржува предноста од првиот потег, па тој ја избира оваа линија, надевајќи се за рано реми, а ремите и често се појавува, доколку ниту една од страните не ја наруши симетријата во позицијата. екстремен пример била партијата Капабланка-Мароци, одиграна покрај езерото Хопатконг во 1926. Партијата по варојантата со размена продолжила со: 4.Ld3 Ld6 5.Sf3 Sf6 6.0-0 0-0 7.Lg5 Lg4 8.Te1 Sbd7 9.Sbd2 c6 10.c3 Dc7 11.Dc2 Tfe8 12.Lh4 Lh5 13.Lg3 Lxg3 14.hxg3 Lg6 15.Txe8+ Txe8 16.Lxg6 hxg6 17.Te1 Txe1+ 18.Sxe1 Se8 19.Sd3 Sd6 20.Db3 a6 21.Kf1 1/2-1/2 (партијата може да ја разгледате овде).

И покрај тоа, симетричната пешачка структура на белиот не може да му гарантира реми. Обземеноста со добивање на понекогаш резултати на засраменост за белиот, како во партијата Татаи-Корчној, одиграна во Бишеба во 1978, којашто продолжила со 4.Ld3 c5!? 5.Sf3 Sc6 6.De2+ Le7 7.dxc5 Sf6 8.h3 O-O 9.O-O Lxc5 10.c3 Te8 11.Dc2 Dd6 12.Sbd2 Dg3 13.Lf5 Te2 14.Sd4 Sxd4 0-1 (партијата може да ја разгледате овде). Не толку екстремен случај била партијата Гуревич-Шорт, одиграна во Манила во 1990, каде белиот, силниот руски велемајстор Миахаил Гуревич играл отворено за реми, но бил совладан од Шорт по 42 одиграни потези.[1]

За да создаде реални шанси за победа, белиот би морал да одигра c2-c4, со што би вршел притисокк на црниот пешак на d5. Црниот може да го остави белиот со изолиран d пешак, земајќи на c4, но ова има дава поголема слобода на белите фигури, што може да доведе до солидни напаѓачки шанси. Ова се појавува во линиите како 3.exd5 exd5 4.c4 и 4.Sf3 Ld6 5.c4. Во спротивно, доколку белиот одбие да го одигра ова, тогаш црниот го има силниот удар ...c7-c5 (на пр. 4.Bd3 c5). Оваа идеја била воведена од страна на Корчној, но најверојатно е најдобра за воздржување од оваа ризична ситуација за позиции кои мора да се добијат.

Доколку белиот не одигра c2-c4, тогаш ии тој и црниот би имале по два параметри за фигурите. Белиот би можел да ги постави своите фигури, преку Sf3, Ld3, Lg5 (врзувајќи го црниот коњ), Sc3, Dd2 или коњот на b1 да се најде на d2 и белиот би можел да го зацврсти центарот со c3 и можеби подоцна да одигра Db3. Во спротивно, кога коњот од b1 се наоѓа на c3, коњот на g1 би можел да дојде на e2, каде противничкиот ловец и коњ може да бидат задржени за клучните полиња e4 и g4, преку f3. Кога коњот е на c3 во првата и последната од овие стратегии, белиот може да одбере дали ќе рокира на пократката или на подолгата страна. Очигледно, рокирањето на спротивна страна води до динамична шаховска борба, а доколку и обата противници рокираат на пократката страна, тогаш можно е да се одигра било која од горенаведените варијанти. Позициите се симетрични поради тоа што можностите и стратегиите на обете страни се исти.

Друг начин ад се наруши симетријата и балансот во играта е белиот и црниот да рокираат на спротивни страни на таблата. Еден пример на оваа линија е: 4.Ld3 Sc6 5.c3 Ld6 6.Sf3 Lg4 7.0-0 Sge7 8.Te1 Dd7 9.Sbd2 0-0-0.

Варијанта со напредување:3.e5[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
d5 црн пешак
e5 бел пешак
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Варијантата со напредување:1.е4 е6 2.d4 d5 3.e5

Како и варијантата со размена, така и Варијантата со напредување била често играна во почетокот на развојот на анализите на Француската одбрана. Арон Нимцович верувал дека тоа е најдобриот избор за белиот и ја збогатил теоријата на оваа варијанта со интересни идеи. И покрај тоа, оваа варијанта ја изгубила својата популарност во XX век, сѐ додека повторно не била обновена идејата за оваа варијанта од страна на познатиот велемајстор и шаховски теоретичар Евгени СВешников, кој е водечки експерт за оваа линија. Во последните неколку години, оваа линија е популарна како и линијата со 3.Sd2 (Тарашова варијанта); велемајсторот Алексанадр Гришчук успешно ја применува оваа варијанта на највисоко ниво.

Главната линија во варијантата со напредување продолжува со 3...c5 4.c3 Sc6 5.Sf3. Постојат и други алтернативни стратегии, кои биле пробани на почетокот на XX век. Такви се 3... b6, настојувајќида се фјанкетира слабиот ловец или 3...Sc6, настојувајќи да го постави ловецот на f8 или d7, што е пасивно, но придобива услови за мала контраигра. Исто така, 4...Db6 5.Sf3 Ld7, настојувајќи со 6...Lb5 да го замени „лошиот“ белополен ловец, доколку тоа е можно.

По 5.Sf3, главни линии се 5...Db6 и 5...Ld7. Идејата зад потегот 5...Db6 е да се зголеми притисокот на d4 и евентуално да се наруши белиот центар. Потегот Db6 also исто така го напаѓа и чувствителниот пешак на b2, па белиот црнополен ловец не може лесно да го заштитува пешакот на d4 без да го остави незаштитен пешакот на b2.

Највообичаени одговри на белиот на 5...Db6 се 6.a3 и 6.Le2. Потегот 6.a3 iе моментно најважниот потег во варијантата со напредување на Француска одбрана. Со тој потег се подготвува 7.b4, ослободувајќи простор на даминото крило. Црниот може да се заштити од ова со 6...c4, настојувајќи да земе ан пасан ако белиот одигра b4. Ова создава затворена игра, каде црниот се бори за контрола на полето b3. Од друга страна, црниот може да продолжи со развоот со 6...Sh6, настојувајќи ...Sf5. Потегот Sh6 изгледа ннеобчен, бидејќи белиот може да го принуди црниот на водвојување на пешаците, играјќи Lxh6, но сепак ова се смета за добро на црниот. Црниот игра Lg7 и O-O има адекватна одбрана, па белиот би го пропуштил својот можен црнополен ловец. 6.Le2 е друга алтернатива, со цел да се рокира. Повторно, највообичаен потег за црниот е 6...Sh6, настојувајќи по 7...cxd4 8.cxd4 Sf5 да напдне на d4. Ако црниот коњ стигне до f5 од h6, тогаш пешакот на d4 би бил нападнат од 3 фигури, додека би бил заштитен само од коњот на f3, пешакот на c3 и дамата на d1. Како пшто беше изложено пртетходно, белиот црнополен ловец не оже да дојде на посакуваното поле, бидејќи во таква ситуација би висел пешакот на b2. Освен тоа белиот мора да планира профилактички и на 6...Sh6 да одговори со 7. Sa3, подготвувајќи се да го заштити пешакот на d4 со Sc2.

Потегот 5...Ld7 бил споменат и од страна на Џоакино Греко околу 1620 и бил обноевн и повторно добил на популарност по неговата примена од страна на Виктор Корчној во 1970-тите. Идејата зад овој потег е дека црниот обично игра ...Ld7 порано или подоцна, бидејќи сака да му покаже на белиот со што располага. Ако белиот одигра 6. a3, современата теорија вели дека црниот изедначува, па дури е и подобар по 6...f6! Линиите се сложени, но суштината е дека a3 е непотребен потег доклку црната дама не е на b6 и црниот веднаш ја искористува предноста од освоеното темпо, напаѓајќи го центарот на белиот. црниот може да продолжи со 7...Sf5 за да нападне на d4 или 7...Sg6 проследено со ...f6 и напад на е5.

Главна тема во Француската е дека белиот сака да го постави својот белополен ловец на d3, каде тој има поголема контрола на таблата. Белиот не може веднаш да го одигра овој потег, бидејќи во таква ситуација виси пешакот на d4. Јасно, црниот не мже веднаш да го земе пешакот, бидејќи 6.Ld3 cxd4 7.cxd4 Sxd4? 8.Sxd4 Dxd4?? 9.Lb5+ води до освојување на црната дама преку откриен шах. Освен тоа, теоријата вели дека црниот треба да одигра 7...Ld7 за да се заштити од откривањето. Овде белиот може да го жртвува d-пешакот, продолжувајќи 8.0-0 Sxd4 9.Sxd4 Dxd4 10.Sc3. Ова е Милнер-Бариевиот гамбит, наречен во чест на Сер Стјуарт Милнер-Бариy и се смета дека е дополнително солидно.

Друга тема е и дека белиот сака да напредува на кралското крило и да го нападне црниот рокиран крал. Белиот ќе се обиде да обезбеди напад, истиснувајќи го црниот коњ, а притоа играјќи f5 со g4 или h4-h5. Поради блокираниот центар, матните напади со жртва често се можни. Од француските шахисти се вели дека класичната жртва на ловец (Ld3xh7) треба да биде закана во секој потег. Црниот и покрај тоа, често пречекува напад, како што Француската одбрана е озлогласена за развивање на различни зашеметувачки тактики и маневри, кои на црниот му оставаат материјал за завршницата. Виктор Корчној, кој заедно со Ботвиник бил најсилниот шахист кој ја играл Француската одбрана, има прокоментирано како психолошки ги мамел неговите противници да го нападнат со жртва на материјал, за што не би мжеле да обезбедат соодветна компензација, по што често доаѓал до лесно добиени завршници.

Тарашова варијанта 3.Sd2[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
d5 црн пешак
d4 бел пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел коњ
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Тарашовата варијанта:1.е4 е6 2.d4 d5 3.Sd2

Тарашовата варијанта е наречена според Зигберт Тараш. овој потег бил многу популарен на крајот од 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога Анатолиј Карпов го играл со одличен ефект. Овој потег се применува и денес, а со него обично се доаѓа до мала, но сигурна предност.

Потегот се разликува од 3.Sc3 од неколку аспекти: не го блокира патот на белиот c пешак, што значи дека белиот може да одигра c3, заштитувајќи го пешакот на d4 pawn; и ја избегнува Винаверовата варијанта, бидејќи 3...Lb4 може да биде пресретнато со 4.c3, каде црниот губи потег (мора да отстапи со ловецот).

Продолжението 3...c5 4.exd5 exd5 е од многу од битките меѓу Карпов и Корчној и обично води до создавање на изо0лиран црн d пешак (видете изолиран пешак). Главната линија продолжува со 5.Sgf3 Sc6 6.Lb5 Bd6 7.0-0 Sge7 8.dxc5 Lxc5 9.Sb3 Lb6 со позиција во која белиот може да ја неутрализира активноста на црните фигури во средишницата и би имал мала предност во завршницата. ДРуго можно продолжение за белиот е 5.Lb5+ Ld7 (можно е и 5...Sc6) 6.De2+ Le7 7.dxc5 со замена на ловците и создавајќи му потешкотии на црниот да го врати пешакот.

Продолжението 3...c5 4.exd5 Dxd5!? е значајна алтернатива за црниот. Идејата е да се заменат неговите c- и d-пешаци за белите d- и e-пешаци, оставајќи го црниот со централен пешак. Ова создвава мала структурна преедност, но за возврат белиот добива времеза развој, вознемирувајќи ја црната дама. Ова дејство на статична и динамична предност е причината зошто ова линија стана многупопуларна во последната декада. Играта обично продолжува со 5.Sgf3 cxd4 6.Lc4 Dd6 7.0-0 Sf6 (оневозможувајќи 8.Se4) 8.Sb3 Sc6 9.Sbxd4 Sxd4, и овбде белиот може да остане во средишницата со 10.Sxd4 или да понуди замена на дамите со 10.Dxd4.

Додека, целта на потегот 3...c5 беше да се отвори центарот, потегот 3...Sf6 се стреми да го затвори. По 4.e5 Sfd7 5.Ld3 c5 6.c3 Sc6 (6...b6, со цел ...La6 за да се ослободи „лошиот“ белополен ловец, вообичаена идеја во Француската одбрана) 7.Se2 (оставајќи го полето f3 слободно за коњот) 7...cxd4 8.cxd4 f6 9.exf6 Sxf6 10.Sf3 Bd6 црниот ги осслободи своите фигури, за тоа плаќајќи ја цената со заостанатиот пешак на e6. Белиот може да избере дали да го заштити својот пешак на e5, играјќи 4.e5 Sfd7 5.c3 c5 6.f4 Sc6 7.Sdf3, но како резултат на ова, неговиот развој се одвв побавно.

Продолжението 3.Sd2 Sc6 е познато како Гимардова варијанта: по 4.Sgf3 Sf6 5.e5 Sd7 црниот ќе го замени белиот сопрен e-пешак со потегот ...f6. И покрај тоа, црниот не врши притисок на d4, бидејќи не може да одигра ...c5, по што белиот би обзебедил мала предност.

Во мода во последните неколку години, во партиите на најдобрите велемајстори е продолжението 3...Le7!?, на изглед чуден потег, кој настојува да докаже дека сега секој потег на белиот е враќање назад, на пр. по 4.Sgf3 Sf6 5.e5 Sfd7, белиот сега не може да одигра f4, а 4.Ld3 c5 5.dxc5 Sf6 and 4.e5 c5 5.Dg4 Kf8!? води до усложнувања. Неверојатно, но потегот 3... h6?! со сличен мотив има свои љубители во последните неколку години, вклучувајќи го и велемајсторот Александар Морозевич. Друга ретка линија е 3...a6, со идеја да му се оневозможи на белиот белополен ловец да дојде на b5, преддасе одигра ...c5.

Главна линија 3.Sc3[уреди | уреди извор]

Во 40% од вкупниот број на продолженија на Француската одбрана, потегот 3.Sc3 може да се смета за главна линија. Црниот има три главни можности: 3...dxe4 (Рубинштајнова варијанта), 3...Lb4 (Винаверова варијанта) и 3...Sf6 (Класична варијанта). Необично продолжение е 3...Sc6!? 4.Sf3 Sf6 со идеја 5.e5 Se4. Овие потези ги има анлизирано германскиот меѓународен мајстор ХелмѕтРефшлегер.

Рубинштајнова варијанта 3...dxe4[уреди | уреди извор]

Оваа варијанта името го добила по Акиба Рубинштајн и може да настане и по 3.Sd2 dxe4. Белиот има слободен развој и повеќе простор во енатрот, што црниот се надева да го неутрализира преку ...c7-c5. Оваа солидна линија има голема примена денес, а е дел и од партиите меѓу најдобрите велемајстори. По 4.Sxe4, највообичаени можности за црниот се 4...Ld7 5.Sf3 Lc6 (Варијанта Фор Нокс) активирајќи го белополниот ловец, што било често решение во оваа позиција на АЛександар Растеммов, или 4...Sd7 5.Sf3 Sgf6 6.Sxf6+ Sxf6 (повообичаена линија), каде епоготвен за ...c5. Потегот 4...Dd5 е исто така интересна идеја коментирана во Тајните на изненадувањата во отворањето од Жероен Бош.

Винаверова варијанта 3...Lb4[уреди | уреди извор]

Оцваа варијанта именувана по Симон Винавер и воведена во врвниот шах од страна на Арон Нимцович и Михаил Ботвиник е еден од многуте системи во Француска одбрана. Околу средината на XX век, ова бил најчесто играниот потег по 3.Sc3, но во 1980-тите, Класичната варијанта била обновена и станала попопуларна.

Потегот 3...Lb4 го врзува коњот на с3 со кралот во поаздина, оставајќи го пешакот на е4 незаштитен. Белиот нормално го движи својот пешак на безбедно со 4.e5, ослободувајќи простор и надевајќи се да докаже дека црниот ловец на b4 е погрешно поставен. Црниот обично возвраќа со 4...c5 проследено со 5.a3 Lxc3+ 6.bxc3, што резултира со озицијата претставена на дијаграмот лево.

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
c5 црн пешак
d5 црн пешак
e5 бел пешак
d4 бел пешак
a3 бел пешак
c3 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Како што белиот има водвоени пешаци на даминото крило, црниот обично цели на нив, развивајќи ја својата контраигра, но тие може да му послужат на белиот, давајќи му поголема контрола во центарот и на полуотворената b-вертикала. Покрај тоа, белиот има поголем простор на кралското крило, каде црниот е послаб од вообичаено, бидејќи тој веќе го замени својот црнополен ловец. Комбинацијата со ловечка двојка му дава изгледни напаѓачки шанси на белиот.

Во позицијата на дијаграмот, црниот најчесто игра 6...Se7. (главна алтернативна е 6...Dc7, која лесно може да се трансформира во главните линии по 7.Dg4 Se7, но црниот исто така ја има можноста и за 7.Dg4 f5.) Сега белиот може да го искористи недостатокот на црниот од црнополен ловец, играјќи 7.Qg4, оставајќи му на црниот да избере меѓу две можности: тој може да жртвува пешаци на кралското крило со 7...Dc7 8.Dxg7 Tg8 9.Dxh7, но за возврат да го уништи цантарот на белиот, т.н. „Варијанат со отровен пешак“; или може да одигра 7...0-0 8.Ld3 Sbc6, што го избегнува жртвувањето на материјал, но го остава кралот на крилото на кое белиот се обидува да нападне. Во последните неколку години, во врвниот шах продолжението 7.Dg4 е вообичаено продолжение на Јудит Полгар.

Ако тактичките усложнувања по 7.Dg4 не се по вкусот на белиот, продолженијата 7.Sf3 и 7.a4 се добри позициони алтернативи. Потегот 7.Sf3 е само природен развоен потег и белиот обично го игра со цел, потоа да го смести својот ловац на d3 или e2 (понекогаш и на b5) и да рокира на пократката страна. Намерата на потегот 7.a4 е тројна: се подготвува Lc1-a3, со предност поради недостатокот на црниот од црнополниот ловец. Тоа исто така го оневозможува црниот да одигра ...Da5-a4 или ...Ld7-a4 напаѓајќи на c2 и ако црниот одигра ...b6 (проследено со ...La6 за да го замени пасивниот ловец), белиот може да одигра a5 и да го нападне пешакот на b6.

Обете страни имаат многу алтернативи во Винаверовата варијанта. За четвртиот потег, неколку од можностите на белиот вклучуваат:

  • 4.exd5 exd5, со трансформација во линијата на варијантата со размена;
  • 4.Se2 (Аљехинов гамбит) 4...dxe4 5.a3 Le7 (5...Lxc3+ е потребно ако белиот сака да се обиде да го задржи пешакот) 6.Sxe4 да го оневозможи црниот да ги водвои неговите пешаци;
  • 4.Ld3 заштитувајќи го пешакот на e4;
  • 4.a3 Lxc3+ 5. bxc3 dxe4 6. Dg4, друг начин за да се искористат слабостите на црниот на g7.

По 4.e5 c5, белиот може да се обиде со 5. Ld2, повторно оневозможувајќи го водвојувањето на пешаци и создавајќи можности за 6.Sb5, од каде коњот може да скокне на d6 или едноставно да го заштитува пешакот на d4.

По 4.e5, црниот не мора да одигра 4...c5, но може да се обиде со 4...b6 проследено со ...La6 или 4...Dd7 со идеја да го пресретне потегот 5 Dg4 со 5...f5. И покрај тоа, теоријата ги претпочита шансите на белиот и во двете линии. Друга популарна можност за црниот е 4.e5 c5 5.a3 La5 (Ерменска варијанта). Црниот го задржува врзувањето на коњот, коешто белиот обично се обидува да го отстрани со 6.b4 cxb4 7.Dg4 или 7.Sb5 (обично 7.Sb5 bxa3+ 8.c3 Lc7 9.Lxa3 и белиот се има ослободено).

Кога белиот игра 7.Sf3 наместо 7.Dg4, тоа е наречена Винаверова варијанта со напредување. Оваа линија често продолжува со 7...Ld7 8.Bd3 c4 9.Le2 La4 10. 0-0 Da5 11.Ld2 и основната позиција се појавува по 11.Sbc6 12.Sg5 h6 13.Sh3 0-0-0. Неговата проценка е многу нејасна, но се смета едка на црниот му е „удобно“ во оваа позиција.

Класична варијанта 3...Sf6[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
f6 црн коњ
d5 црн пешак
d4 бел пешак
e4 бел пешак
c3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Класична варијанта:1.е4 е6 2.d4 d5 3.Sd2 Sf6

Ова е друг голем систем во Француска одбрана. Белиот може да продолжи со 4.e5, Штајницовата варијанта (именувана по Вилхелм Штајниц; видете подолу) или 4.Bg5. Последниот потег претставува закана за црниот од потегот 5.e5, со напад на црниот врзан коњ. Највообичаен одговор на врвно ниво е 4...dxe4 (Барнова варијанта, именувана по Амос Барн). По тоа, највообичаено продолжение е 5.Sxe4 Le7 6.Lxf6 Lxf6 7.Sf3 Sd7 ili 7...0-0, што резултира со позиција слична на оние кои настануваа во Рубинштајновата варијанта. И покрај тоа, овде црниот има ловечка двојка и освен тоа има големи динамични шанси (иако белиот коњ е добро поставен на е4), па оваа линија е попопуларна од Рубинштајновата и долго време му е омилена на Евгени Бареев. Црниот, исто така може да се обиде со 5.Sxe4 Le7 6.Lxf6 gxf6, што било играно во неколку случаи од страна на АЛександар Морозевич; со намера ...f5 и ...Lf6, црниот обезбедува добра контрола во центарот, за возврат на лошата пешачка структура.structure. ДРуга линија, слична на Рубиштајновата варијанта е 5.Sxe4 Sbd7 6.Sf3 Le7 (овде се игра и 6...h6) 7.Sxf6+ Lxf6.

Потегот 4...Le7 се смета за главна линија по 4.Lg5 и е сѐ уште значаен, иајко дури и Барнсовата варијанта го стигнува со својата популарност. overtaken it in popularity. Вообичаено продолжение е 5.e5 Sfd7 6.Lxe7 Dxe7 7.f4 0-0 8.Sf3 c5, каде белиот има бројни можности, вклучувајќи ги и 9.Ld3, 9.Dd2 и 9.dxc5. Алтернатива за белиот е гамбиот 4...Le7 5.e5 Sfd7 6.h4, кој бил измислен од страна на Адолф Албин и одигран од Шатар, но не бил сфатен сериозно, откако Александар Аљехин го одиграл во победата на Фарни во Манхајм во 1914 година. Денес, ова продолжение е познато како Албин-Шатардов напад или Алехин-Шатардов напад. По 6...Lxg5 7.hxg5 Dxg5 8.Sh3 De7 9.Sf4 Sc6 10.Dg4 (причина за 8.Sh3 отколку 8.Sf3), белиот жртвува пешак за да ја отвори h-вертикалата, зголемувајќи ги своите напаѓачки шанси на кралското крило. Црниот може и да го одбие гамбитот во некои случаи, како 6...a6 и 6...f6, но најголемиот број од врвните шахисти го претпочитаат потегот 6...c5. Аљехин-Шатардовиот напад не е толку популарен на велемајсторско ниво (иако тоа не е целосно познто; Гари Каспаров го има играно ова продолжение со успех против Виктор Корчној во 2001), но е многу почесто во аматерските партии.

Третиот избор за црниот е противнапад со потегот 4...Lb4 (Маккачонова варијанта), занемарувајќи ја заканата од 5.e5, каде главната линија продолжува со 5.e5 h6 6.Ld2 Lxc3 7.bxc3 Se4 8.Dg4. На ова место црниот може да одигра 8...g6, што ги слабее црните полиња на кралското крило, но ја одржува можноста за рокада на подолгата страна, или 8...Kf8. Маккачоновата варијанта е именувана по Џон Линдзи Маккачон од Филаделфија (1857-1905), кој ја издал варијантата пред вниманиетона јавноста, кога ја применил за да го победи светскиот првак Вилхелм Штајниц во симултана егзибиција во Менхетен во 1885.[2][3][4]

Штајницовата варијанта настанува по 4.e5 Sfd7, каде белиот се соочува со избор меѓу 5.f4 (највообичаено), 5.Sce2 (Варијанта Широв-Ананд; Блиот е подотвен да го заврсти центарот со c2-c3 и f2-f4) или 5.Sf3 (асо цел да игра за фигура). По 5.f4 c5 6.Sf3 Sc6 7.Le3 (7.Sce2 води до трансформација на варијантата Широв-АнандShirov-Anand Variation; стапица е 7.Le2 cxd4 8.Sxd4 Sdxe5! 9.fxe5 Dh4+, освојувајќи пешак), Црниот има неколку можности. Тој може да го намали притисокот на d4, играјќи 7...Db6 или 7...cxd4 8.Sxd4 Db6 или пак да избере да заврши со својот развој development, или да запоне да напредува на кралското крило, преку 7...cxd4 8.Sxd4 Lc5 или на даминото крило, преку 7...a6 8.Dd2 b5.

Рани отстапувања на белиот[уреди | уреди извор]

По 1.e4 e6, речиси 90% од сите партии продолжуваат со 2.d4 d5, но белиот може да се обиде и со други идеи. Најзначајна од овие е продолжението 2.d3 d5 3.Sd2, со верзија на Кралско индискиот напад. Белиот би ги одиграл потезите Sgf3, g3, Lg2, 0-0, c3 и/или Te1 по некој ред во следните неколку потези. Црниот може на неколку начини да се спротивстави на оваа поставеност: 3...c5 проследено со ...Sc6, ...Ld6, ...Sf6 или ...Sge7 и ...0-0 е вообичаено, 3...Sf6 4.Sgf3 Sc6 со план ...dxe4 и ...e5 за да се блокира Lg2 и 3...Sf6 4.Sgf3 b6, правејќи го потегот ...Ba6 возможен, доколку белиот белополен ловец ја напушти дијагоналата а6-f1. Потегот 2.d3 бил применуван од многу врвни шахисти, вклучувајќи ги велемајсторите Пал Бенко, Боби Фишер и Лав Псакис.

Продолжението со потегот 2.De2 е Лигориновата варијанта, којашто го обесхрабрува потегот 2...d5, бидејќи по 3.exd5, црниот пешак е врзан, што значи дека црниот би морал да земе со дама. Црниот обично возвраќа 2...c5, по што играта може да биде слична на варијантата со 2.d3 од Затворената варијанта на Сицилијанска одбрана.

Продолжението 2.Sf3 d5 3.Sc3 е Варијантата со два коња': 3...d4 и 3...Sf6 се добри одговори за црниот. Потегот 2.b3 води до Ретиевиот гамбит по 2...d5 3.Lb2 dxe4, но црниот може тоа и да го одбие, играјќи 3...Sf6.

Продолжението со 2.e5 е познато како Штајницов напад по името на првиот светски првак во шах, кој го анализирал и понекогаш играл на крајот од XIX век.Тоа не се смета за предизвикувачки одговор на 1...e6 и е релативно ретко.

Останата позната невообичаена варијанта е Бармановата варијанта, 2. Lb5?! Овој на изглед чуден потег е развиен за да го спречи црниот пешак да го заземе полето d5 и да го ослабе нападот. Играта може да продолжи со 2...c6 3. Lc4 d5 4. exd5 cxd5 5. Lb5+ Ld7 6. Sc3 d4 7. Df3!, со закана за црниот топ.

По 2.d4 d5, белиот може да го одбере Димер-Думовиот гамбит со 3.c4?!, но според теоријата овој потег е слаб. Највообичаено продолжение е 3...dxe4 4. Sc3 Sf6 5. f3, по што 5...Lb4, 5...c5 и 5...exf3 се можни продолженија. подробни информации може да се пронајдат на DDG site.

Рани отстапувања на црниот[уреди | уреди извор]

Иако потегот 2...d5 е најдоследен потег по 1.e4 e6 2.d4, црниот во одредени случаи игра и други потези:

  • 2...c5, познат како Франко-Бенони, бидејќи се одликува со пуштањето напред со ...c5, карактеристични за Бенониевата одбрана по воведните потези од Француската одбрана. Белиот може да продолжи 3.d5, каде игра за трансформација во Бенониева одбрана, додека белиот има дополнителна можност, да одигра c4. Потегот 3.Sf3, со трансформација во нормалната Сицилијанска одбрана и 3.c3, со трансформација во линијата, нарелчена Алапинова Сицилијанска одбрана (обично настанува по 1.e4 c5 2.c3 e6 3.d4) се исто така можни. Играта, сепак мора да продолжи во Француска одбрана (1.e4 e6 2.d4 c5 3.c3 d5 4.е5 води до трансформација во варијантата со напредување во Француска одбрана).
  • 2...f5?! е Кингстонската одбрана, која има малку одлики од Холандската одбрана. Потегот 3.e5 создава неколку проблеми за црниот по 3...Se7 4.Sf3 c5. Најголемиот тест за црниот е варијантата со размена (3.exf5 exf5 4.Ld3), каде 4...Sc6 5.Lxf5 Df6 отфрла неколку извонредни тактики.

Потегот 2... Sf6 е познат како Средоземна одбрана е многу редок.

ЕШО шифри[уреди | уреди извор]

Енциклопедијата на шаховски отворања вклучува азбучнобројчен класификационен систем за отворањата кои најчесто се употребуваат во шаховската литература. Шифрите, од C00 до C19 се наменети аз Француската додбрана (сите освен C00, започнуваат со потезите1.e4 e6 2.d4 d5):

  • C00 - 1.e4 e6 без 2.d4 (рано отстапување)
  • C01 - 2.d4 d5 (вклучувајќи ја варијантата со размена, 3.exd5)
  • C02 - 3.e5 (варијанта со напредување)
  • C03 - 3.Sd2 (вклучува 3...Le7; C03-C09 ја покриваат Тарашовата варијанта)
  • C04 - 3.Sd2 Sc6 (Гимардова варијанта)
  • C05 - 3.Sd2 Sf6
  • C06 - 3.Sd2 Sf6 4.e5 Sfd7 5.Ld3
  • C07 - 3.Sd2 c5 (вклучува 4.exd5 Qxd5)
  • C08 - 3.Sd2 c5 4.exd5 exd5
  • C09 - 3.Sd2 c5 4.exd5 exd5 5.Sgf3 Sc6
  • C10 - 3.Sc3 (ја вклучува Рубуинштајновата варијанта, 3...dxe4)
  • C11 - 3.Sc3 Sf6 (вклучувајќи ја Штајницовата варијанта, 4.e5; C11-C14 ја покриваат Класичната варијанта)
  • C12 - 3.Sc3 Sf6 4.Lg5 (вклувајќи ја Маккаченовата варијанта, 4...Lb4)
  • C13 - 3.Sc3 Sf6 4.Lg5 dxe4 (Барнова варијанта)
  • C14 - 3.Sc3 Sf6 4.Lg5 Le7
  • C15 - 3.Sc3 Lb4 (C15-C19 ја покриваат Винаверовата варијанта)
  • C16 - 3.Sc3 Lb4 4.e5
  • C17 - 3.Sc3 Lb4 4.e5 c5
  • C18 - 3.Sc3 Lb4 4.e5 c5 5.a3 (вклучувајќи ја Ерменската варијанта, 5...Ba5)
  • C19 - 3.Sc3 Lb4 4 e5 c5 5.a3 Lxc3+ 6.bxc3 Se7 7.Sf3 и 7.a4

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Вотсон, Џон (2003). Играј Француска одбрана (3. издание. изд.). Everyman Chess.

Наводи[уреди | уреди извор]

Предлошка:Навосди

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Цитати од Вилхелм Штајниц
  2. T.D. Harding, French: MacCutcheon [sic] and Advance Lines, Batsford, 1979, pp. 12, 56. ISBN 0-7134-2026-X.
  3. Although many sources refer to John Lindsay McCutcheon and his eponymous variation as "MacCutcheon", "McCutcheon" is the correct spelling. Jeremy Gaige, Chess Personalia, McFarland & Company, 1987, pp. 260, 275. ISBN 0-7864-2353-6; David Hooper and Kenneth Whyld, The Oxford Companion to Chess (2nd ed. 1992), Oxford University Press, p. 240, p. 478 n. 1205. ISBN 0-19-866164-9.
  4. Steinitz-McCutcheon, New York simul 1885