Киспикеси

Координати: 41°4.13′N 23°27.38′E / 41.06883° СГШ; 23.45633° ИГД / 41.06883; 23.45633
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ќоспекли)
Киспикеси
Σκούταρι
Киспикеси is located in Грција
Киспикеси
Киспикеси
Местоположба во областа
Киспикеси во рамките на Сер (општина)
Киспикеси
Местоположба на Киспикеси во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.13′N 23°27.38′E / 41.06883° СГШ; 23.45633° ИГД / 41.06883; 23.45633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.863
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Киспикеси, Ќоспекли или Ќопеки (грчки: Σκούταρι, Скутари; до 1927 г. Κιοπεκή, Ќопеки[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле на 9 км јужно од градот Сер.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX и почетокот на XX век Киспикеси било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кис Пикеси (Kis-pikessï) имало 38 домаќинства со 132 жители Македонци. [4][5] Грчка статистика од 1886 г. го води Киз Пикеси (Κιζ Πικεσί) како село со 65 христијани.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

К’з пикеси, на З од Сал Маала, чифлик од Тахир-бег. Истото население како во Ени Маала, куќи 20; Македонци 100 души.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. К’с Пикеси брои 270 жители Македонци-христијани.[4][9]

Во првото десетлетие на XX век населението на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Киз Пикеси (Kiz-Pikessi) се состоело од 240 Македонци патријаршисти и 24 Роми.[4][10] Подоцна селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Грчка статистика од 1908 г. го води Кис Пикеси (Κις Πεκεσί) како егзархиско со 250 жители.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 341 жител, а во 1920 г. населението се смалило на 270 лица.[3] Во 1924 г. под притисок на власта 34 жители се иселиле во Бугарија, а во Киспикеси довеле грчки колонисти од селото Скутари (денес Штит) кај Свиленград, Бугарија. Во 1927 г. селото е преименувано по тоа село.[11] На пописот од 1928 г. Киспикеси било етнички мешано село со 1.446 жители,[3] од кои 1.125 лица (291 семејства) биле грчки доселеници.[12]

Месности во Киспикеси преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Баркуш[13] или Бајкуш Μπαϊκούς Мегалопули Μεγαλοπούλι[14] месност на ССИ од Киспикеси, по десниот брег на Белица[13]
Бин Ѓол[13] Μπίν Γκιόλ Лимнулес Λιμνούλες[14] месност на ССЗ пд Киспикеси, по десниот брег на Белица[13]
Кара Орман Καρά Όρμάν Мавро Дасо Μαύρο Δάσο[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.794 1.921 2.167 2.171 2.337 2.386 2.614 2.154
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 259. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. 6,0 6,1 Демографија на селата во општината Копеки, Архивирано од изворникот на 30 ноември 2007, Посетено на 24 декември 2008
  7. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  8. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 840.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  11. Δημοτικό Σχολείο Σκουτάρεως Σερρών, Архивирано од изворникот на 2009-03-11, Посетено на 2008-12-24
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  14. 14,0 14,1 14,2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)