Јазици на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Официјалниот јазик на Украина е украинскиот јазик, источнословенски јазик, кој претставува мајчин јазик на 67.5% на украинската популација. Според прирачното дело Ethnologue во државата се зборуваат дополнителни 40 малцински јазици и дијалекти; речиси сите од нив се изворно од Советскиот Сојуз.

Како резултат на легислативата насловена 'Предлог-законот за принципите на државната јазична полиса' од 2012, јазиците кои биле зборувани од најмалку 10% на жителите на областите, биле овозможени да бидат издигнати до статус на 'регионален јазик'. Сепак, во 2014, Конституционалниот Суд на Украина почнал да врши рецензија на конституционалноста на законот и на 28 февруари 2018, одлучил дека законот треба да биде укинет како неконституционален.

Користење на јазикот во секојдневието[уреди | уреди извор]

Според првиот (и засега единствен) попис на населението на Украина од 2001, етничките Украинци составуваат 77.8% од населението. Други етнички групи во државата вклучуваат Руси (17.3%), Белоруси (0.6%), Молдавци (0.5%), Кримски Татари (0.5%), Бугари (0.4%), Унгарци (0.3%), Романци (0.3%), Полјаци (0.3%), Евреи (0.2%), Ерменци (0.2%), Грци (0.2%), Караити (>0.1%), Кримчаки (>0.1%) и Гагаузи (0.1%).[1]

Според студија спроведена во периодот од 11–23 декември 2015 од страна на Центарот Разумков во сите региони на Украина освен Крим, и сепаратистичките држави Донетск и Луханск, мнозинството го сметало украинскиот за мајчин јазик (60%), проследено од рускиот (15%), додека 22% ги користеле обата јазика еднакво. Два проценти од испитаниците имале друг мајчин јазик. Како претпочитан јазик на работа, ист број избрале или украински или руски (37%) и 21% комуницирали билингвално. Оваа студија имала 10,071 испитаници и користела 1% маргинска грешка.[2][3]

Претходни анкети[уреди | уреди извор]

Во октомври 2009, според анкета спроведена од страна на про-руската социолошка компанија FOM-Ukraine, од 1,000 испитаници, 52% изјавиле дека го користат рускиот како „јазик на комуникација“; додека 41% од испитаниците изјавиле дека го користат украинскиот и 8% изјавиле дека користеле мешавина од двата.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Opinion on the law on Supporting the functioning of the Ukrainian language as the State language [Мислење за законот за поддршка на функционирање на украинскиот јазик како државен] (PDF) (Report) (англиски). Venice Commission. 9 декември 2019. стр. 3. CDL-AD(2019)038. Посетено на 17 декември 2022.
  2. „Українці стали частіше розмовляти українською“ [Украинците почнаа почесто да зборуваат украински]. Українська правда (украински). Посетено на 17 декември 2022.
  3. „Консолідація українського суспільства: шляхи, виклики, перспективи: Інформаційно-аналітичні матеріали“ [Консолидација на украинското општество: начини, предизвици, перспективи: информативни и аналитички материјали] (PDF). Uceps.org (украински). Архивирано од изворникот (PDF) на 13 јуни 2016. Посетено на 17 декември 2022.
  4. „ФОМ > Мнения и взгляды населения Украины в сентябре - октябре 2009 года“ [ФОМ > Мислења и ставови на населението на Украина во септември - октомври 2009 година]. Bd.fom.ru (руски). Посетено на 17 декември 2022.

Библиографија[уреди | уреди извор]