Прејди на содржината

Јазици во Лихтенштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лихтенштајн Јазици во Лихтенштајн Лихтенштајн
Официјален јазикгермански јазик
Главен странски јазиканглиски, француски
Знаковен јазикгермански знаковен јазик
Демографија на Лихтенштајн

Јазиците во Лихтенштајн е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Лихтенштајн, официјално е еднојазична држава.

службен јазик

[уреди | уреди извор]

службен јазик во Лихтенштајн е германскиот јазик (deutsch). Овој јазик го зборува скоро целокупното население на државата.[1] Германскиот јазик е мајчин јазик на Германците. Покрај во Лихтенштајн, јазикот се зборува и во Германија, Австрија, Швајцарија и Луксембург, и секаде во овие држави е службен. Лихтенштајн е најмалата држава каде германскиот е службен јазик.

Локалниот германски дијалект се вика алемански дијалект, кој се зборува и во Швајцарија, делови во Франција и во мали делови во Германија и Австрија. Околу 86% од населението се Алемани.

Останати јазици

[уреди | уреди извор]

Во државата се зборуваат и други јазици, но тие се доселенички.

Странски јазици

[уреди | уреди извор]

Најзборувани странски јазици во државата се англискиот и францускиот.

  1. „Факти за Лихтенштајн“. Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 2013-12-03.

Поврзано

[уреди | уреди извор]