Јазици во Андора
| Официјален јазик | каталонски јазик |
|---|---|
| Главен странски јазик | англиски, шпански, француски, португалски |
| Знаковен јазик | каталонски знаковен јазик |
| Демографија на Андора | |
Јазиците во Андора е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Андора, официјално е еднојазична држава.
службен јазик
[уреди | уреди извор]службен јазик во Андора е каталонскиот јазик (català). Овој јазик го зборуваат околу 38% од вкупното население на државата.[1] Каталонскиот јазик е мајчин јазик на Каталонците. Покрај во Андора, јазикот се зборува и во мали делови во Франција и Шпанија, особено во Каталонија и Валенсија, каде е службен јазик. Вкупниот број на говорници на каталонскиот се проценува на 7.2 милиони (2010).[2]
Останати јазици
[уреди | уреди извор]Покрај каталонскиот, во државата се зборуваат и шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик. Поради блискоста на овие јазици, како и миграцијата, јазиците се застапени со добар процент од вкупното население на државата.
| мајчин јазик | ||
|---|---|---|
| каталонски | 38.8% | |
| шпански | 35.4% | |
| португалски | 15% | |
| француски | 5.4% | |
| други | 5.5% | |
| извор: Observatori de l'Institut d'Estudis Andorrans Архивирано на 22 август 2013 г. | ||
Странски јазици
[уреди | уреди извор]Најзборувани странски јазици во државата се шпанскиот, францускиот и англискиот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Framework Convention for the Protection of National Minorities CETS No. 157“. Conventions.coe.int. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2012-11-25.
- ↑ Јазици во Андора на Ethnologue (англиски)