Јазици во Луксембург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луксембург Јазици во Луксембург Луксембург
Официјален јазикгермански јазик, луксембуршки јазик, француски јазик
Главен странски јазиканглиски, шпански, италијански
Знаковен јазикгермански знаковен јазик, француски знаковен јазик
Демографија на Луксембург

Јазиците во Луксембург е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Луксембург, официјално е тројазична држава. Државата има три официјални јазика, луксембуршки, германски и француски. Луксемуршкиот е национален јазик на државата.

Сè до независноста на државата, францускиот бил престижен јазик во Луксембург. Францускиот бил официјален јазик на територијата на Војводството. Германскиот се користел во политичкиот круг само како помошен, за да се стекне поголем консензус за законите кои се донесувале. Германскиот се користел во образованието, а францускиот само во средното образование. Со законот од 26 јули 1843 година и францускиот се вовел во основото образование.

Официјални јазици[уреди | уреди извор]

Во државата официјални јазици се луксембуршкиот, германскиот и францускиот. Германскиот и францускиот се користат во новинарството, јавните услуги и полицијата.

Сè до 1984, јазичната политика во државата се базирала на декретите од 1830, 1832 и 1834. Со нив, во администрацијата се користеле германскиот и францускиот, а луксембуршкиот немал официјален статус.

Со уставните измени од 1984, луксембуршкиот се именувал како национален јазик и се поставил како еден од трите официјални јазика во државата. Францускиот останал како јазик на правосудството поради употребата на Наполеонскиот граѓански код во Луксембург.

Луксембуршки јазик[уреди | уреди извор]

Луксембуршкиот јазик се изучува во претшколската возраст, а во училиштата и францускиот и германскиот. Во средното образование, само во прва година и само по еден час се учи на луксембуршки. Покрај другите два јазика, во средните училишта се изучуваат и англиски, шпански, италијански или латински.

Германскиот и францускиот јазик[уреди | уреди извор]

Иако германскиот е еден од официјалните јазици во државата, Луксембург не бил дел од Советот за германскиот правопис од 1996 и самостојно новиот германски правопис бил воведен на територијата на Луксембург. Според весникот Luxemburger Wort, Луксембург не се смета себе си за држава каде се зборува германскиот јазик (национален јазик е луксембуршкиот) и според тоа нема право на учество во советот.[1] Сепак, Луксембург зема учество во Фракофонијата и има член во Француската академија, иако како и германскиот и францускиот е само официјален јазик.[2]

Останати јазици[уреди | уреди извор]

Во државата се зборуваат и други јазици, но тие се доселенички.

Странски јазици[уреди | уреди извор]

Најзборувани странски јазици во државата се англискиот, шпанскиот и италијанскиот.

Статистика[уреди | уреди извор]

Мајчин јазик и втор јазик на граѓаните во Луксембург:[3]

луксемуршки француски германски англиски други
мајчин јазик 77% 6% 4% 1% 12%
втор јазик 13% 90% 88% 60% Н/П
комбинирано 90% 96% 92% 61% Н/П

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]