Демографија на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Демографија на Украина
Population of Ukraine.png
Население на Украина (во милиони) според пописите од 1950 до 2010 г.
Население45.426.200 (1 јануари 2014)
Прираст-3,5 /1.000 жит. (2013)
Родност11.1 раѓ/1.000 жит. (2013)
Смртност14.6 умр/1.000 жит. (2013)
Животен век71,37 години (2013)
 • мажи66,34 години
 • жени76,22 години
Плодност1,46 деца/жена (2011)
Новороденечка смртност9,0 умр/1.000 новор. (2011)
Net migration rate0,3 досел/1.000 жит.(2008)
Старосна структура
0-14 г. 14,2% (машки 3.277.905/женски 3.106.012)
15-64 г. 69,9% (машки 15.443.818/женски 16.767.931)
65- г. 15,9% (машки 2.489.235/женски 4,909,386) (2008)
Полов сооднос
При раѓање1,06 машки/женски
Под 15 г.1,06 машки/женски
15-64 г.0,92 машки/женски
65-over0,51 машки/женски
Народ
НационалностУкраинци
МнозинскиУкраинци (77,8%)
МалцинскиРуси (17,3%)
Јазик
СлужбенУкраински
ГоворенРуски, Украински, други

Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите 17,3% по кои следат Русините 0,9%. Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект.

Во Хрватска и Војводина, Русините се признати како посебен етнос.

Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%).

Службен јазик во Украина е украинскиот јазик но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%.

Сè до отцепувањето на Крим од Украина, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров.