Медитерански игри
Медитеранските игри се меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од медитеранската цивилизација. Овопј настан го предложил Мохамед Тахер Паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри - 1948. Првите медитерански игри се одржале во 1951 Во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 Медитерански игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.
Содржина |
[уреди] Историја на Медитеранските игри
[уреди] Првите медитерански игри
Првите медитерански игри се одржале во месец октомври во 1951 во Александрија, во чест на Мохамед Тахер Паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961, ова тело го добило своето официјано име: Службен одбор на Медитеранските игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).
[уреди] Врховно тело
Медитеранските игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал (нема само Македонија, бидејќи досега нема учествувано). Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и фер соработка на спортистите од трите континенти.
Медитерански игри се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на ОДборот на Медитеранските игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Медитеранските игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.
[уреди] Карактеристики на Медитеранските игри
[уреди] Лого
Официјалното лого на Медитеранските игри, кои се нарекуваат Медитерански Олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Медитерански игри.
[уреди] Земји-учеснички
На Медитеранските игри учествуваат 23 земји, а од следните ќе улествуваат 24:[1]
- Африка: Алжир, Египет, Либија, Мароко и Тунис.
- Азија: Либан, Сирија и Турција;
- Европа: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Кипар, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Македонија[а], Малта, Монако, Србија, Црна Гора, Сан Марино, Словенија, Шпанија.
Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Грчкиот олимписки комитет укажува на тоа дека, иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Србија и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји, како и Португалија.
[уреди] Градови-домаќини
[уреди] Список на спортови
На игритр во 2005, спортистите се натпреваруваа во 23 спортови.
[уреди] Водени спортови
[уреди] Спортови во затворено (сала)
- Стрелаштво
- Коњички спортови
- Кошарка
- Бочање
- Бокс
- Стреличарство
- Мечување
- Гимнастика
- Ракомет
- Џудо
- Карате
- Пинг-понг
- Одбојка
- Кревање тегови
- Борење
[уреди] Спортови на отворено
За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за прв пат учествувале во 1967.
[уреди] Белешки
[уреди] Наводи
- ↑ www.pescara2009.it, Participating countries
[уреди] Надворешни врски
|
|||||
| Статијата Медитерански игри е избрана статија на порталот за спорт за октомври 2009. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |

