Лангдок-Русијон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лангдок-Русијон
—  Регион на Франција  —

Знаме
Земја Франција
Префектура Монпелје
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Кристијан Буркен (DVG)
Површина
 • Вкупна 27.376 км2
Население (2007-01-01)
 • Вкупно 2.565.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП € 57 млрд (2006)[1]
БДП/жит € 22,500 (2006)[1]
NUTS FR8
Портал laregion.fr

Лангдок-Русијон (француски изговор: [lɑ̃g.dɔk.ʁu.si.jɔ̃]; окситански: Lengadòc-Rosselhon; каталонски: Llenguadoc-Rosselló) е еден од 27-те региони во Франција. Се состои од пет департмани, и од едната страна се граничи со француските области Прованса-Алпи-Азурен брег, Рона-Алпи, Оверњ, Југ-Пиринеи а од другата страна со Шпанија, Андора и Средоземното море.

Географија[уреди]

Пејсаж во Лозер, Лангдок-Русијон

Регионот е составен од следниве историски провинции:

  • 68.7% од Лангдок-Русијон е дел од историската провинција Лангдок: департманите Еро, Гар, Од, крајниот југ и крајниот исток на Лозер, и крајниот север на Источни Пиринеи. Поранешната провинција Лангдок исто се протега и во регионот Југ-Пиринеи тука вклучувајќи ја и поранешната престолнина на Лангдок - градот Тулуз.
  • 17.9% од Лангдок-Русијон е поранешната провинција Жеводан: департманот Лозер. Мал дел од поранешниот Жеводан се протега во денешниот регион Оверњ.

Историја[уреди]

Замокот Пејрепертиз во Од кој датира од 11 век.

Во минатото, во регионот живееле Келти[2],[3]. Кон крајот на 3 век п.н.е. келтскиот народ Волки, се населил во регионот од Рона до Гарона, од Севен до Пиринеите. Нивни престолнини биле градовите Тулуз и Ним. Од 1 век п.н.е. тие станале сојузници на Римјаните.

На почетокот на 5 век, прво Вандалите ја нападнале провинцијата а потоа тука се населиле Визиготите. Регионот останал под визиготска власт исто како и Шпанија сé до нивниот пораз од страна на Маврите во 719. Регионот бил освоен од Карло Велики и бил вклучен како дек од кралството на Аквитанија создадено во 778. По смртта на Карло Велики, оваа широка област на целиот југ на Рона сé до Атлантикот му паднала во наследство на неговиот син Луј Побожниот во 781. Раководењето со земјата им била доверена на грофовите од Тулуз. Во текот на феудалниот период се случила една голема политичка фрагментација. Имено, грофовиите на Русијон и на Серданија потпаднале под кралството Арагон, додека Долен-Лангдок преминал под власт на династијата Тренкавел и нивните ривали, грофовите на Тулуз.

Ремон IV наречен Ремон од Сен-Жил (1042-1115) со брак ја достигнал својата цел за обединување на помалите господарства, зголемувајќи ја својата држава со тоа што ги презел под своја власт грофовствата на Руерг, Ним, Нарбона, Жеводан, Агд, Безие и на Изес. Борбата против катарството и катарската крсоносна војна[4] довела до згаснување на династијата на грофовите на Тулуз. Провинцијата била соединета со кралството на Франција во 1271. Оттогаш е создаден кралскиот Лангдок кој постоел сé до Француската револуција. Со договорот од Корбеј во 1258 регионот бил поделен. Планинскиот масив на Корбиерите образувало граница меѓу кралството на Франција и кралството Арагон.

Во 1659, со Пиринејскиот договор грофовијата Русијон и северниот дел на Серданија биле припоени кон кралството Франција .

Политика[уреди]

Поранешното знаме на Лангдок-Русијон (пред 2004).

На регионалните избори во март 2004, градоначалникот на Монпелје Жорж Фреш, припадник на социјалистите победил на изборите, а потоа по негова иницијатива, знамето на регионот со крстот на Лангдок како и знамето на Русијон ("Сенјерата"), било заменето со ново на кое не стоеле симболите на поранешните провинции. Задржани биле само боите (црвена и жолта), кои биле воедно и бои на Лангдок и на сите териториии од поранешната Арагонска круна. Жорж Фреш исто имал намера да го смени и името на регионот, за да го избегне дуалитетот (Лангдок наспроти Русијон) и да го зајакне единството, односно целината. Тој сакал регионот да се нарече "(Септиманија)".

Септиманија било името со кое Римјаните при крајот на Римското царство ја именувале областа која приближно одговарала на денешниот регион Лангдок-Русијон (без Жеводан), и било користено во Раниот среден век. Регионалниот совет дури и почнал и нашироко да го користи ова име. Сепак, градоначалникот уште веднаш се судрил со широка опозиција во однос на ова прашање, особено меѓу Каталонците во Источни Пиринеи кои ценеле дека името « Септиманија » може да му наштети на каталонскиот идентитет а воедно да наштети и на двојниот културен идентитет присутен во Лангдок-Русијон. Згора на тоа, старата Септиманија не се поклопувала точно со актуелните граници на Лангдок-Русијон, особено со фактот дека во неа не бил вклучен Жеводан кој пак е сегашниот департман Лозер. Оваа опозиција, заедно со нивните 45.000 собрани потписи на Каталонците како и јавниот протест на кои присуствувале околу 8.000 демонстранти во Перпињан, на 8 октомври 2005, го натерале Жорж Фреш да се откаже од промена на името на регионот.

Од друга страна, каталонските националисти во Русијон би сакале департманот Источни Пиринеи да се отцепи од Лангдок-Русијон и да стане свој независен регион кој би се нарекувал Северна Каталонија ("Catalunya Nord"), како дел од каталонските земји (Països Catalans). Оваа идеја нема народна поддршка.

Административна поделба[уреди]

Регионот Лангдок-Русијон е составен од 5 департмана:

Главен град на регионот е Монпелије, кој воедно е главен град и на департманот Еро.

Најгусто населена општина е Монпелије во департманот Еро со (252.998 жители) а најмалку населена е Конет-сир-Локе во департманот Од (брои само 5 жители). Најголема по површина е општината Нарбон во Од (17.296 хектари) а најмала е Мон-Луј во Источни Пиринеи (39 хектари).

Лого[уреди]

Логото на Регионалниот совет, од 2005 до денес, претставува седум сонца обединети во едно. Тие го симболираат движењето, иднината и светлината. Мотивот на 7-те сонца на логото е на црвена основа заедно со натписот "Регион Лангдок-Русијон"[5].

Култура[уреди]

Јазик[уреди]

Пред 20 век, во Лангдок се зборувало на окситански јазик, додека пак во Русијон се зборувало на каталонски. И двата јазика постепено биле заменети со францускиот. Последните години се прават напори да се оживеат и двата јазика преку разни проекти и иницијативи како што е Ла Бресола.

Книжевност[уреди]

Окситанската книжевност — наречена воедно и Провансалска книжевност— е збир текстови напишани на окситански јазик во област која денес е Јужна Франција. Оваа книжевност е позната по својата поезија од 11 и 12 век – поезија на трубадурите – која била инспирација за поетската литература низ цела средновековна Европа.

Знаменитости[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“. Eurostat. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_PUBLIC/1-19022009-AP/EN/1-19022009-AP-EN.PDF. 
  2. Dominique Garcia, La Celtique méditerranéenne. Habitats et sociétés en Languedoc et en Provence. VIIIe-IIe siècles av. J.-C., éditions Errance, Paris, 2004,
  3. Dominique Garcia, Les Celtes de Gaule méditerranéenne, définition et caractérisation, éditions Bibracte, 2006,[1]
  4. Au cœur du catharisme
  5. Logotype sur le site de la Région

Надворешни врски[уреди]