Одбојка на плажа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Натпревар во одбојка на плажа

Одбојка на плажа или одбојка на песок е олимписки тимски спорт кој се игра од два тима со по два играчи на песочен терен поделен со мрежа. Иако одбојката на песок на почетокот била само забава, постепено прераснала во прав натпреварувачки спорт, а од 1996 година влегла во програмата на Олимписките игри. За време на натпревар се играат 3 сета до 21 поен.