Дарен Флечер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарен Флечер
Darren Fletcher
Darren fletcher.jpg
Лични податоци
Роден на 1 февруари 1984 (1984-02-01) (30 г.)
Роден во Единбург, Шкотска
Висина &100000000000001840000001,84 м
Положба среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 24
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001– Манчестер Јунајтед 197 (17)
Репрезентација
2003- Шкотска 59 (5)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 27 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јануари 2012

Дарен Бар Флечер (роден на 1 февруари 1984 година во Далкеит) е шкотски фудбалер кој игра како централен играч од средината на теренот во халфовата линија за англискиот Премиер лигашки клуб Манчестер Јунајтед. Тој е моменталниот капитен на шкотскиот национален тим. Тој е универзален фудбалер кој во почетокот на кариерата играше како десно, а по потреба играл и во одбрана.

Флечер дојде во Манчестер Јунајтед преку редовите на академијата и успеа да дојде до четири титули во Премиер лигата, две во Лига купот и, една во ФА Купот, Лигата на шампионите и ФИФА клупското Светско првенство. Флечер беше вклучен во PFA Тимот на годината за сезоната 2009-10.

Флечер го направи своето деби за Шкотската репрезентација во 2003 година и го постигна својот прв гол во вториот настап. Откако Бери Фергусон беше отстранет од репрезентативниот дрес поради прекршување на прописите, Флечер ја доби капитенската лента во август 2009 година. Флечер оттогаш запиша 57 меча и постигна седум гола за Шкотска.


Клупска кариера[уреди]

Почетокот на кариерата[уреди]

Роден во Далкеит, Шкотска, Флечер е во Манчестер Јунајтед целата негова кариера, а доаѓа од младинскиот тим. Тој се приклучи на Манчестер Јунајтед како младинец на возраст од 11, и требаше да стане најмладиот играч што некогаш се појавил во Манчестер Јунајтед во првиот тим кога тој беше избран за последниот меч на клубот во сезоната 1999-2000 во Премиер лигата против Астон Вила на 14 мај 2000-та година. Сепак, Премиер Лигата забрани играчи со ученички договори да се појават на сениорско ниво, и дебито на Флечер беше одложено. Тој потоа потпиша приправнички договор во јули 2000-та година, пред да го потпишете својот прв професионален договор на неговиот 17-ти роденден на 1 фебруари 2001 година. Во меѓувреме, тој постепено напредуваше низ младинските тимови на клубот, и беше дел од резервниот тим што го освои Манчестер Сениор купот во 1999-2000. Тој првично беше десно крило како еден од најдобрите фудбалери во тој момент во тимот, Дејвид Бекам, но како тој се развиваше се повеќе му лежеше позицијата како внатрешен играч во халфовата линија. Во текот на следните неколку сезони, вклучувањето на Флечер беше ограничено поради разни повреди, вклучувајќи и скршена нога,, сепак, од 2002-03 сезона, тој успеа да стане редовен член на резервниот тим, и по неколку меча како неискористена замена , тој конечно го направи своето деби во првиот тим на 12 март 2003 - речиси три години после предвиденото - почнувајќи од десната страна во средниот ред против Базел во втората групна фаза од УЕФА Лига на шампионите. Тој беше заменет од Дејвид Бекам по 73 минути, но потоа следеше вториот настап во Лигата на Шампионите против ФК Депортиво Ла Коруња една недела подоцна, и тој беше избран како замена за двата дуела во четврт-финалето против Реал Мадрид.

Сезоната 2003-04[уреди]

Флечер влезе во првиот тим на Манчестер Јунајтед за време на кампањата 2003-04 во англискиот фудбал, играјќи голем број на важни натпревари и го започна во стартните 11 на Јунајтед финалето на ФА Купот кое "црвените ѓаволи" го добија со победа од 3-0 над Милвол во мај 2004.

Сезоната 2004-05[уреди]

И покрај бавниот почеток на кампањата 2004-05, во кој во почетокот на сезоната тој направи многу малку настапи, Флечер успеа да се избори за место во првиот тим на Јунајтед нешто подоцна. За одбележување е дека на 1 јануари 2005 година, Флечер го постигна својот прв гол во кариерата во Премиер лигата при 2-0 победата над Мидлзборо.

Сезоната 2005-06[уреди]

Флечер беше еден од играчите изложен на критика од страна на капитенот на клубот Рој Кин во почетокот на сезоната, односно поточно по поразот од 4-1 на Јунајтед од Мидлзборо во октомври 2005-та година. Наводно, Кин изјавил: "не можам да разберам зошто луѓето во Шкотска се толку запалени за Дарен Флечер." Сепак, Кин потоа изјавил: дека во овој клуб за да успееш мора да ги слушаш советите на постарите соиграчи и дека тој е сигурен дека талентот на Флеч еден ќе прерасне во голем играч ". На некој начин Флечер тргна кон одговор на неговите критичари и на 6 ноември 2005 година, во најважниот меч од лигата дома против Челзи, тој одигра перфектен меч во средината на теренот и го постигна единствениот погодок со лоб удар со глава за победа на Манчестер Јунајтед од 1-0. Неговиот победоносен гол значеше дека заврши серијата на Челзи од 40 натпревари без пораз во Премиер лигата.

Сезоната 2006-07[уреди]

Во сезоната 2006-07, на почетокот на сезоната Флечер го задржа своето место во првиот тим, но тој постигна гол само при влегувањето од клупата во гостинската победа над Чарлтон Атлетик .Подоцна тој го постигна победничкиот гол со глава во гостинското соочување со Мидлзборо во декември и уште еден гол со глава во победата против Чарлтон дома во фебруари, што значеше дека тој прави дабл против овој клуб таа сезона. Како сезоната одминуваше, Алекс Фергусон се повеќе го преферираше квартетот во средниот ред Кристијано Роналдо, Пол Сколс, Мајкл Карик и Рајан Гигс, со што мечевите на Флечер беа ограничени, бидејќи тој можеше да игра само како замена. Меѓутоа, поради отсуството на Сколс заради суспензија, тој доби шанса во стартните 11, за реванш дуелот со Рома од Лигата на шампионите во кој тој направи забележителен настап во победата на Јунајтед од 7-1 со што црвените ѓаволи се пласираа во полуфиналето со вкупен реултат 8-3.

Сезоната 2007-08[уреди]

Овен Харгреивс и Андерсон беа две од позначајните засилувања за црвените ѓаволи, што значи двајца нови колеги за Флечер во средината на теренот и воедно нови конкуренти за првиот тим. Покрај нив во тимот дојде и крилото, Нани, па тоа беше причината што Флечер играше уште помалку отколку во текот на претходната сезона. Како и пред тоа, Фергусон ја преферира халфовата линија во која играат Роналдо, Карик, Сколс и Гигс, па Флечер поминува многу малку време на теренот, а уште помалку од него шанса да играат добиваа новите засилувања. Тој, сепак, одигра и некој забележителни натпревари кога му се даде шанса, вклучувајќи ги двата гола во победата од 4-0 над Арсенал на Олд Трафорд во ФА Купот во четвртата рунда. Флечер зеде златен медал, кој му припаѓа на победникот во Лигата на шампионите, иако беше неискористена резерва во финалето.

Сезоната 2008-09[уреди]

Флечер игра за Манчестер Јунајтед

Во 2008-09, Флечер беше стартер во првите два меча, поради повредите на Карик и Роналдо, и го постигна голот против Њукасл на Олд Трафорд во првиот меч на Јунајтед во Премиер лигата за сезоната, пред израмнувањето на 1:1 по голот на Обафеми Мартинс. Флечер го пронајде својот втор гол за сезоната отворајќи го резултатот со удар од непосредна близина против Портсмут, по додавањето на Патрис Евра. Тој подоцна заработи жолт картон во 93-тата минута пред натпреварот да заврши со резултат 1-0 за Јунајтед. На 3 октомври 2008 година, Флечер потпиша три годишно продолжување на неговиот договор со Манчестер Јунајтед, до 2012 година. Третиот гол на Флечер во неговата голова сметка за сезоната дојде против Евертон на 25 октомври. Тој истотака постигна погодок и на Клупското Светско првенство во полу-финалето против ФК Гамба Осака на 18 декември по влегувањето од клупата .

Во Лигата на шампионите во реваншот од полу-финалето против Арсенал на 5 мај 2009 година, Флечер доби црвен картон, што значеше дека тој нема да игра во финалето. Имаше повици за оваа одлука да се поништи, но за разлика од англискиот фудбал, не постои жалбена постапка за црвените картони во УЕФА конкуренцијата (иако не се правилно покажани, односно се грешка на главните судии). Манчестер Јунајтед поднесе жалба до УЕФА за да биде поништен црвениот картон од полуфиналето на 7 мај 2009, но таа беше отфрлена на 11 мај.

Статистика на кариерата[уреди]

Клуб[уреди]

Клуб Сезона Лига ФА Куп Лига куп Европа Останати Вкупно
Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови
Манчестер Јунајтед 2002–03 0 0 0 0 0 0 2 0 0 0 2 0
2003–04 22 0 5 0 2 0 6 0 0 0 35 0
2004–05 18 3 3 0 3 0 5 0 1 0 30 3
2005–06 27 1 3 0 4 0 7 0 0 0 41 1
2006–07 24 3 6 0 1 0 9 0 0 0 40 3
2007–08 16 0 1 2 0 0 6 0 1 0 24 2
2008–09 26 3 3 0 1 0 8 0 4 1 42 4
2009–10 30 4 0 0 3 0 7 1 1 0 41 5
2010–11 26 2 2 0 1 0 7 1 1 0 37 3
2011–12 8 1 0 0 0 0 2 1 0 0 10 2
Вкупно 197 17 23 2 15 0 59 3 8 1 302 23

Титули[уреди]

Манчестер Јунајтед[уреди]

Премиер лига  : 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11

ФА Куп : 2003-04

Лига куп : 2005-06, 2009-10

ФА Комјунити Шилд : 2003, 2007, 2008, 2010

Лига на Шампиони : 2007-08

ФИФА Светско Клупско првенство : 2008

Шкотска[уреди]

Кирин Куп : 2006

Надворешни врски[уреди]