Парк Жи-Сунг
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 25 фебруари 1981 | ||
| Роден во | Сеул, Јужна Кореја | ||
| Висина | 1,77 m (5 ft 91⁄2 in) | ||
| Положба | Среден ред | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
| Број | 13 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2000-2002 | Кјото Прпл Санга | 76 | (13) |
| 2002-2005 | ПСВ | 64 | (14) |
| 2005- | Манчестер Јунајтед | 132 | (19) |
| Национален тим ‡ | |||
| 2000-2011 | Јужна Кореја | 100 | (13) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 15 фебруари 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Парк Жи-Сунг (Hangul: 박지성; Hanja: 朴智星; Шаблон:IPA-ko; роден на 25 февруари 1981) е Јужнокорејски фудбалер, кој игра како играч од средниот ред за англискиот клуб Манчестер Јунајтед. Тој исто така беше капитен на Јужно Корејскиот национален тим се до неговото повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој е најтрофејниот азиски фудбалер во историјата, како прв Азиски играч што ја освоил титулата во Лигата на Шампионите и прв азиски играч кој играл во финалето од Лига на шампионите.
Парк ја започнал својата фудбалска кариера во родната Јужна Кореја и играл за Мијонги универзитет тимот тим пред да се пресели во Јапонија да игра за Кјото Прпл Санга. По заминувањето на селекторот на националниот тим на Јужна Кореја, Гус Хидинк, кој се врати во Холандија да го преземе ПСВ Ајндховен, Парк замина во холандскиот тим истотака, една година подоцна. По достигнуваето на ПСВ до полу-финалето на Лигата на Шампионите, талентот на Парк беше увиден од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон и тој потпиша со него за одредена цена од околу £ 4.000.000 во јули 2005 година . Од тогаш, Парк е освојувач на Премиер лигата четири пати и ја има освоено Лигата на Шампионите и ФИФА Светското Клупско првенство. Парк е способен да игра насекаде во средниот ред и е познат по неговото исклучително фитнес ниво, дисциплина, работна етика и феноменалното движење без топка.
Како член на репрезентацијата на Јужна Кореја, Парк одигра 100 меча и постигна 13 голови, и беше член на тимот кој заврши четврти на Светското Првенство во 2002. Тој, исто ја претставуваше неговата нација на Светското Првенство во 2006 и беше капитен на Светското Првенство во 2010. Парк постигна во сите три последователни турнири (првиот јужнокорејски и само вториот азиски играч кој успеал да го стори тоа) и во моментов е водечки стрелец на Азија на сите времиња на Светските првенства со три гола, заедно со неговиот сонародник Ан Јунг-Хван, и репрезентативецот на Саудиска Арабија, Сами Ал-Џабер. По Азискиот куп 2011, на 31 јануари 2011 година, Парк најави дека ќе се повлече од репрезентативниот фудбал на прес-конференцијата.
На 23 фебруари 2012 Парк ја носеше капитенската лента на Манчестер Јунајтед за прв пат во својата кариера во мечот со Ајакс во Лига Европа.
Содржина |
[уреди] Титули
[уреди] ПСВ Ајндховен
Ередивизија : 2002/03, 2004/05
КНВБ Куп : 2004/05
[уреди] Манчестер Јунајтед
Премиер лига : 2006/07, 2007/08, 2008/09, 2010/11
Лига на Шампиони : 2007/08
Лига куп : 2005/06, 2008/09, 2009/10,
ФА Комјунити Шилд : 2010, 2011
ФИФА Светско Клупско првенство : 2008
[уреди] Надворешни врски
- Profile на ManUtd.com
- Профил на Премиер лига
|
|||||
- Родени на 25 фебруари
- Родени на 25 фебруари 1981
- Родени во фебруари
- Родени во фебруари 1981
- Родени во 1981 година
- Родени во Сеул
- Живи луѓе
- Јужнокореански фудбалери
- Луѓе од Сеул
- Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед
- Фудбалери на ФК ПСВ Аjндховен
- Фудбалери од Премиер Лига
- Фудбалери на Светско првенство 2002
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Фудбалери на Светско првенство 2010