Вљубениот Шекспир (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вљубениот Шекспир е наградувана романтична комедија од 1998 година. Режисер на филмот е Џон Маден (анг. John Madden), а косценарист е драмскиот писател Том Стопард (анг. Tom Stoppard), чив прв голем успех беше драмата Розенкрантц и Гилденстерн се мртви во која има големи влијанија од Шекспир.
Филмот е воглавно фикција, иако повеќе ликови се базирани на вистински луѓе. Дополнително, некои од ликовите, репликите и делови од заплетот референцираат кон драми на Шекспир.
Вљубениот шекспир е добитник на повеќе Оскари во 1998 година, вклучувајќи и Оскар за најдобар филм и за најдобра актерка за Гвинет Палтроу (анг. Gwyneth Paltrow). Тој е прва комедија што добила Оскар за најдобар филм по Ени Хол во 1977.
[уреди] Историска точност
Филмот не претендира на историска точност и вклучува многу комични анахронизми (како психотерапефт, Шекспир како скока на фери и вели „Следи го тој чамец!“, и Хенслоу како ја предвидува фразата „Шоуто мора да продолжи!“ (анг. „The show must go on!“). Сепак, костимите и прикажувањето на некои познати ликови, посебно Кралицата Елизабета Прва, всушност се многу добро направени, и прецизно го прикажуваат расположението и модата на тоа време.
[уреди] Синопсис
Филмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шекспир и Виола која е благородничка.
За да го подмири својот долг кон бизнисменот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во Ромео и Јулија.
Писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16-тиот век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.
