Бен Афлек
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бен Афлек | |
| Роден(а) | Benjamin Geza Affleck 15 август 1972 Беркли, Калифорнија |
|---|---|
| Сопруг(а/и) | Џенифер Гарнер (од 2005 до денес) (1 дете, Виолет Ен Афлек) |
Бен Афлек (англиски: Ben Affleck) роден 15 август, 1972 е американски актер.
Детството и младост [уреди]
Мајка му е учителка, а неговиот татко советник за проблеми со алкохол. Бен е најстариот син од тројцата браќа. Еден од неговите млади браќа исто така стана глумец (Кејси Афлек). Уште кога беше многу мал, неговите се преселиле во Бостон, каде живеел сè додека не почнал да се занимава со глума. Таму и го запознал својот долгогодиштен пријател Мет Дајмон, со кој подоцна ќе напише, а и глуми во филмот "Good Will Hunting", кој доби Оскар за најдобро сценарио.
Приватен живот [уреди]
Бен одеше со глумицата Гвинет Палтроу, како и со глумицата и пејачката Џенифер Лопез (2002 - 2004) со која подоцна и настапи во два филма "Девојката од Џерси" и "Гигли", кои се прогласени за едни од најлошите филмови на годината. На снимањето на филмот "Daredevil" ја запознава Џенифер Гарнер, со која стапува во брак во 2005 година. Истата година, добива и принова во семејството, ќерката Виолет Ен Афлек.