Бетмен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Бетмен
Batmanlee.png
Втората страна на Бетмен број 608 (од октомври 2002)
Издавање
Издавач DC Comics
Прво
појавување
Историско:
Детективски стрипови #27
(мај 1939.)
Современо:
Бетмен #404 - Batman: Year One прв дел (јули 1986.)
Автори Боб Кејн
Бил Фингер
Информации
Вистинско име Брус Вејн
Пријателски
врски
Семејство Бетмен
Лига на праведниците
Аутсајдери
Познати
моќи
Генијално ниво на интелигенција, одлични детективски способности, совршена физичка подготвеност, одлично владеење на боречки вештини, опременост со висока технологија.

Бетмен (англиски: Batman) е измислен лик и главен протагонист од стриповите на DC Comics, и е еден од најпрепознатливите измислени ликови на денешницата. Бетмен е тајниот идентитет на Брус Вејн, мултимилионер, индустријалец и еден од највлијателните луѓе во градот Готам. Во раните години, Бетмен е цртан од Боб Кејн и разни други помошници, а еден од главните сценаристи е Бил Фингер.

Сведоштвото на убиство на неговите родители кога бил дете, го води да стане суперхерој, и да започне да се бори против криминалот во градот Готам. Облечен во темен костум, на кој се наоѓа приказ на лилјак, Бетмен се бори против криминалците од Готам меѓу кои најпознати се Џокер, Пингвин, Загатнувачот, Отровната Ајви, Господин Студен, Жена-мачка, и уште многу повеќе.

Снимени се седум филмски адаптации на овој стрип каде Бетмен го толкувале Адам Вест, Мајкл Китон, Вал Килмер, Џорџ Клуни и во последната верзија Кристијан Бејл.


Содржина

Историја на Бетмен [уреди]

Почетоци [уреди]

Бетмен прв пат се појавил во мај 1939. година во 27. број на Детективските стрипови, и по некое време стекнал дотогаш невидена популарност. Во исто време се издавани Детективски стрипови во кои главен лик бил Бетмен и Акциони стрипови со Супермен како главен јунак и тие два серијала на стрипови се најдолги серии кои некогаш биле издавани (Детективските стрипови и ден денес излагаат секој месец). Набрзо по дебито во Детективските стрипови Бетмен станува засебен серијал на стрипови. Првиот број излегол во пролетта 1940. кога е воедно представен и најголемиот непријател на Бетмен - Џокерот. Детективските и акционите стрипови ги издава DC, една од трите најголеми стрип куќи во Америка.

Насловна страна на Детективските стрипови бр. 27 (мај 1939.), прво појавување на Бетмен. Цртано од Боб Кејн.

Идејата за Бетмен дошла од Боб Кејн, но за денешниот изглед на Бетмен заслужен е сценаристот Бил Фингер. Кејн го замислил Бетмен како херој кој бил сличен на Супермен: костумот ни одблиску не му бил толку мрачен, туку имал и различни црвени нијанси на себе; имал упростена маска, а наместо наметка имал крила и не носел ракавици. Бил Фингер го советувал Кејн да ги тргне крилата и црвените нијанси од костумот и да стави наметка и маска. Така е создаден конечниот изглед на Бетмен. Со оглед на тоа дека Кејн дошол до идеја за создавање на таков суперхерој, само нему му се признати авторските права врз Бетмен. Кејн подоцна го признал и придонесот на Фингер во создавањето на ликот Бетмен, но Фингер немал никаква корист од тоа.

Бетмен низ историјата се менувал, некогаш низ нијанси, некогаш драстично. Можат да се издвојат три периоди во развојот на ликот: Златна ера, Сребрена ера и Модерна ера. Ваквата поделба се однесува на сите суперхерои на издавачката куќа Ди-си комикс.

Златна ера [уреди]

Во Златната ера го запознаваме патот на Бетмен од тажен, осамен, мал сирак, до немилосрден одмаздник. Минатото на Бетмен прв пат е прикажано во 33. број на Детективските стрипови, а подоцна е спомнато во 47. број на стриповите за Бетмен каде дознаваме дека Бетмен е син на докторот Томас Вејн и неговата жена Марта, двајца богати и угледни граѓани на Готам Сити. Брус живеел комфорен и среќен живот се до својата осма година кога ситниот криминалец, Џо Чил, при неуспехот да и ги украде бисерите на Марта ги убива неговите родителите кои во тој момент се враќале од кино.

Брус се заколнува дека ќе го исчисти Готам од криминал и зло кое веќе е долго време присутно. Почнал со напорни физички и ментални тренинзи како и студирање на математика, физика, хемија, боречки вештини и магични трикови (бегање од невозможни ситуации итн.), меѓутоа, сваќа дека само знаењето нема да биде доволно за да го победи криминалот. Сваќа дека му треба нешто од кое сите ќе се плашат, некој симбол кој ќе биде лесно препознатлив како меѓу криминалците така и меѓу обичните луѓе. Размислувајќи за тоа, приметува лилјак како му влетува во собата и тоа за него претставува знак за да стане човекот-лилјак - Бетмен (Batman). Полицијата во почетокт не благонаклонето гледала на неговите одмазднички акции. Во тоа време Брус Вејн имал вереница Џули Медисон која прв пат се појавува во 31. број на Детективските стрипови.

Брус Вејн одлучува да стане Бетмен. Детективски стрипови бр. 33 (ноември 1939), цртано од Боб Кејн.

Во 38. број на Детективските стрипови Брус посвојува сираче (циркускиот акробат Дик Грејсон) кое станува Робин - најдобар пријател и помошник на Бетмен. Бетмен истотака станува и еден од основачите на Лигата на праведниците. Во првото појавување на тимот во 3. број на All Star стриповите Бетмен, како и Супермен, е почесен член на тимот така што во златната ера се појавува во неколку стории. Односот на Бетмен со полицијата се подобрува во раните четириесети и во 7. број на стриповите за Бетмен станува дури и почесен член на готамската полиција. Во овој период воведен е и нов лик, батлерот Алфред, кој по откривањето на тајните идентитети на Брус и Дик, се приклучува на тимот во 16. број на стриповите за Бетмен. До педесетите години представени се најмногу елементи од кои се состои митот за Бетмен.

Сребрена ера [уреди]

Се смета дека Сребрената ера почнува во 1956. година кога е представен Бари Ален како нова унапредена верзија на Флеш. Бетмен не се променил значајно се до доцните педесети (овој период се нарекува Земја-прва). Релаксираниот пристап на ликот помеѓу Златната и Сребрената ера видлив е во настанувањето на повеќе стории со научнофантастична подлога, но ликот на Бетмен не се менува значајно се до 1964. година кога се враќа на своите детективски корени и кога научната фантастика е потполно исфрлена од стрипот.

По претставувањето на Ди-Си Мултиверзумот околу 1960. година го запознаваме Бетмен од Земја-втора. Земја-втора е паралелен свет во кој ги има истите ликови како и во Земја-прва, но на креаторите им е дозволено да уфрлуваат во стриповите она што никогаш не би можеле, па дури и да ја менуваат историјата и потеклото на главните ликови. Во оваа варијанта Бетмен е оженет со Селина Кајл (Жена-мачка) и со неа има ќерка Хелена Вејн која подоцна станува Ловкиња. Ловкиња со Робин од Земја-втора ја преземаат работата на Бетмен по неговото пензионирање за да стане комесар на полицијата во Готам. Ја задржува таа позиција сè додека не е убиен во последната авантура на Бетмен од Земја-втора.

Бетмен често соработува со други суперхерои и тоа најмногу со Супермен со кој почнал редовно да соработува во низата World's Finest стрипови кои се издавани од 1954. до 1986. година. Бетмен станува еден од основачите на Лигата на праведниците (Justice League Of America) и се појавува во првата сторија за тимот во број 28. Brave and the Bold. Во тоа изданије, кое излагало помеѓу седумдесетите и осумдесетите, Бетмен редовно се појавува еднаш месечно и соработува со другите суперхерои.

Дик Грејсон (Робин) 1969. тргнува на факултет и тоа претставува еден од обидите на Ди-Си да ги ревитализира стриповите за Бетмен. Исто така Бетмен се сели од замокот во апартман на врвот на главната зграда Вејнови која се наоѓа во центарот на Готам како би можел бргу да интервенира. Во периодот помеѓу седумдесетите и осумдесетите воглавно работи сам, со повремени појавувања на Робин и Бетгрл. Сториите од овој период стануваат многу мрачни и содржат многу насилство. Повторно се појавува Џокер, лик од Златната ера, а го запознаваме и новиот противник на Бетмен - Рас Ал Гул. Во осумдесетите Дик Грејсон станува Ноќен летач.

Во последниот број Brave and the Bold-a, 1983, Бетмен ја напушта Лигата на праведниците и формира ново здружение Аутсајдери. Тој бил водач на тимот се до број 32. на стриповите за Бетмен и Аутсајдери кога стрипот ненадејно го променил името.

Надворешни врски [уреди]