Џенифер Гарнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Џенифер Гарнер
Роден(а) Џенифер Ен Гарнер
април 17 1972 (1972-04-17) (42 г.)
Хјустон, Тексас, САД
Образование Средно училиште „Џорџ Вашингтон
Алма матер Универзитет Денисон
Занимање Актерка, продуцент
Активен период 1995–досега
Сопружник Скот Фоули, Бен Афлек
Деца 3

Џенифер Ен Гарнер (родена на 17 април 1972 година) е американска актерка и продуцент. Гарнер е најпозната по улогата на таен агент Сидни Бристоу во ТВ серијата Алијас, која се емитувала на американската телевизија АБЦ. На оваа телевизија се емитувани сите пет сезони од серијата, од 2001 до 2006 година. За изведбата во оваа серија, Гарнер е добитничка на Златен глобус.

Додека работела на серијата Алијас, Гарнер добила и неколку мали улоги во познати филмови како Перл Харбор (2001 год.) заедно со нејзиниот сегашен сопруг Бен Афлек, и во Фати ме ако можеш (2002 год.). Од тогаш, Гарнер се појавува во споредни, како и во главни улоги во големи филмски проекти како Ѓавол на доброто (2003 год.), Од 13 години на 30 (2004 год.), Електра (2005 год.) и Џуно (2007 год.). Гарнер е во брак со актерот и режисер, Бен Афлек, од 2005 година, и тие имаат две ќерки и еден син.

Биографија[уреди]

Гарнер е родена во Хјустон, Тексас. Нејзината мајка, Патриша Ен, била професорка по англиски јазик од Оклахома, а нејзиниот татко, Вилијам Џон Гарнер, работел како хемиски инженер. Поради работата на татко и , кога имала четири години, тие се преселиле во Принстон, Западна Вирџинија, а потоа во Чарлстон, Западна Вирџинија, каде Гарнер ги поминала средношколските денови. Како инспирација, на Гарнер и служела нејзината постара сестра која живеела во Бостон, Мелиса Лин Гарнер Вајли. Нејзина помала сестра е Сузана Кеј Гарнер Карпентер.

Гарнер била конзервативно воспитувана. Тоа вклучувало одење на црква секоја недела, да не се шминка, да не носи бикини, и да не стави пирс се додека не наполни барем 16 години. За ова, подоцна Гарнер се пошегувала, велејќи дека нејзиното семејство е на само еден чекор подалеку од Амишите. На тригодишна возраст, таа започнала да зема часови по балет, и продолжила да танцува додека била дете, но не станала класична балерина. Гарнер одела во средното училиште Џорџ Вашингтон во Чарлстон, каде завршила во 1990 година. Таа добила диплома за ликовни уметности од Универзитетот Денисон, каде го основала женското здружение Пи Бета Фи.

Гарнер не планирала да биде актерка. Сакав да бидам лекар, библиотекар... Глумењето не беше возможно за мене. Колку повеќе го учев она што требаше да се научи за оваа област, толку повеќе се навлекував на тоа. Се се случи бидејќи имав желба да научам повеќе. Никогаш не ми дојде мислата „Сакам да бидам ѕвезда“. Никогаш не се почувствував така, вели Гарнер.

Кариера[уреди]

Мода[уреди]

Од 17 јули 2013 година, Џенифер Гарнер е првата, а во моментов и единствената славна личност која е претставник на модната куќа Макс Мара. Од септември, оваа кампања ќе биде претставена и во списанијата Вог, Ел, Харперс Базар, Ин Стајл, Њујорк Тајмс и во Интернешенел Хералд Трибјун.

Глума[уреди]

Во 1994 година, Гарнер се појавила во две обработки на Шекспировите драми Трговецот од Венеција и Сон во летна ноќ. Во 1995 година, таа започнала да го посетува театарот во Њујорк, каде заработувала 150 долари неделно, како замена во драмата Месец во земјата, за Театарската компанија Раундабаут. Тогаш таа била избрана за нејзината прва улога во филмот Зоја, кој се темели на романот на Даниел Стил. Кон крајот на 1990-тите години, таа накратко се појавува во некои епизоди од сериите Лудиот град и Закон и ред.

Нејзината поголема улога, таа ја добила во филмот Другар, каде ми е автомобилот? во кој ја игра улогата на девојката на ликот на Ештон Качер. Во 2001 година, таа се појавува како споредна улога, во добропознатиот филм Перл Харбор, во кој глуми болничарка, а се појавува заедно со нејзиниот сопруг Бен Афлек.

Подоцна, во 2001 година, Џ.Џ.Абрамс, продуцентот на Фелисити, серија во која Гарнер периодично глумела од 1998 година, ја повикал на кастинг за улогата на Сидни Бристоу во неговиот нов филм Алијас. Гарнер, која дотогаш секогаш глумела расплакани и сентиментални улоги, се до првите денови од кастингот, не помислила дека некогаш можеби ќе треба и да замавне некој удар во својата улога. Бидејќи таа „мавала“ баш како девојче, и без никаква основа и искуство во боречки вештини или гимнастика, се запишала на интензивни часови по Теквондо, за да се припреми за улогата. Иако Гарнер одела на кастинзите и се подготвувала, Абрамс признал дека е малку исплашен од помислата дека таа можеби нема добро да се снајде со улогата, посебно заради тоа што, уште на првиот ден од стрелањето, таа и самата рекла дека мисли дека неможе да се снајде. Подоцна, Гарнер коментирала дека тогаш таа била баш девојче. Незнаела дури ни како да удри. Додека таа изведувала некои акциони сцени во текот на серијата, со потешките борби и опасните експлозии се справувала нејзината двојничка, Шона Дагинс. Првите неколку епизоди од првата сезона на Алијас, која добила повеќе од 10,2 милиони гледачи за една недела, во 2002 година и донеле на Гарнер Златен глобус за Најдобра актерка во телевизиска серија (драма). Платата на Гарнер, на почетокот била 40.000 долари за една епизода, но до крајот на серијата, достигнала до 150.000 долари за епизода. За време на оваа серија, таа добила четири последователни номинации за Златен глубус за Најдобра актерка во телевизиска серија (драма), како и номинација за Еми награда за нејзината главна улога. Во 2005 година, Гарнер била режисер на епизодата Во соновите, од серијата Алијас, која била објавена во мај истата година. Оваа серија, завршила во мај 2006 година, со скратената петта сезона, која од 22 епизоди била скратена на 17. Ова се случило поради бременоста на Гарнер, за која се зборува и во приказната која е опишана со оваа последна сезона.

По големиот успех на серијата Алијас, Гарнер се појавува во филмот на Стивен Спилберг, Фати ме ако можеш во 2002 година. Спилберг ја видел Гарнер во Алијас и сакал токму таа да ја игра улогата во неговиот филм. Нејзиното вистинско пробивање на филмското платно е со улогата на Електра Начиос, жената за којашто е заинтересиран Бен Афлек, во акциониот филм Ѓавол на доброто (2003 год.), преработка на истоимениот стрип. Таа рекла дека нејзиното вежбање за Ѓавол на доброто било многу поужасно отколку она што го правела во Алијас, па открила и дека неколку пати се заглавила во жици, додека се изведувале борбените сцени, па Афлек бил спремен да ја фати и да ја спаси. Таа за малку ќе доживеала сериозна несреќа, кога заплеткана со жици, со нејзините раце кои биле заглавени и неможела да ги мрда, паднала надолу по ѕидот, со главата надолу со таква брзина што можела да си ја скрши главата од ѕидот. Афлек ја спасил, и во 2003 година, таа изјавила: Од никаде се појави еден црвен ѓавол кој ги стави неговите раце околу мене и извика: Ја држам. Ви велам, имам свој супер-херој. Ѓавол на доброто добил разни критики, а овој филм станал апсолутен хит.

Првата главна улога на Гарнер е во филмот Од 13 години на 30, кој добил скромен успех. Оваа нејзина изведба, критичарите ја оцениле како „сјајна, блескава“. Втората нејзина главна улога е повторно со улогата на Електра, во продолжението на Ѓавол на доброто, филмот наречен Електра. Овој филм бил тотален неуспех, и бил остро нападнат од критичарите. САД Денес изјавиле дека Гарнер е многу попривлечна кога игра улога во која е шармантна и прекрасна, како што тоа го направи во Од 13 години на 30.

Во албумот за добротворни цели Неочекувани соништа – Песни од ѕвездите од 2006 година, Гарнер ја испеала песната на Френк Ласер, Моето срце е исполнето со тебе. Таа се појавува и во филмовите Фати го и ослободи го (2006 год.) и Кралството (2007 год.) покрај Џејми Фокс, Џејсон Бејтмен и Ашраф Бархом. Потоа, се појавува и во комедија/драмата на Џејсон Рејтмен, Џуно, филм кој станал голем хит и кој заработил и преку 230 милиони долари. По премиерата на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто, Ентертејнмент Викли ја прогласиле изведбата на Гарнер, за најдобра изведба на актерка во споредна улога на фестивалот.

Првиот свој настап на Бродвеј го имала на 1 ноември 2007 година, кога ја играла Роксана во филмската верзија на истоимената драма Сирано де Бержерак,покрај Кевин Клајн на Бродвејскиот театар Ричард Роџерс. Првобитно, овој филм требало да се заврши најдоцна до 23 декември 2007 година, но поради штрајкувањето на сценските работници кон крајот на 2007 година, филмот бил одложен за 6 јануари 2008 година.

Во 2010 година, Гарнер се појавува во романтичната комедија Денот на вљубените, во режија на Гери Маршал. Во овој филм таа глуми покрај Ештон Качер, Џесика Алба, Џесика Бил, Ен Хатавеј, Џулија Робертс и нејзиниот колега од Алијас, актерот Бредли Купер, покрај другите. Таа ја глуми девојката на Патрик Демпси. Овој филм постигнал големи успеси, и на светско ниво заработил и преку 215 милиони долари. Во 2011 година, таа глуми и во преработката на истоимениот филм од 1981 година, Артур. Истата година, Гарнер е поканета да се придружи на Академијата за филмски уметности и науки. Во 2012 година, таа глуми во филмовите Чудниот живот на Тимоти Грин и Путер.

Следно, таа ќе глуми во Купувачот на Далас клубот од 2013 година, повторно соработувајќи со Метју Меконахи. Во април 2013 година, Гарнер започнала со снимањето на филмот Врв и Испланираниот ден (En. Draft Day) , во Њујорк и Кливленд, Охајо, заедно со Кевин Костнер. Филмот е во режија на Иван Рејтман. Во април 2013 година, Гарнер му се придружила на Стив Карел во Дизни адаптацијата на познатата книга за деца Александар и страшниот, ужасниот, и многу лошиот ден (En. Alexander and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day). Снимањето е закажано да започне од август па до октомври 2013 година, во Лос Анџелес. Во мај 2013 година, Гарнер се приклучила на филмската екипа за филмот Замисли си (En. Imagine) заедно со Ал Пачино, Анет Бенинг, Боби Канавејл и Мајкл Кејн. Снимањето започнало кон крајот на јуни или почетокот на јули во Лос Анџелес.

Продуцент[уреди]

Во 2006 година, Гарнер ја основала продуцентската куќа Вандалија Филмс. Првиот филм кој таа го издала бил Путер, кој бил емитуван во американските театри во 2012 година.

Приватен живот[уреди]

Бракови и семејство[уреди]

На 19 октомври 2000 година, Гарнер се омажила за актерот Скот Фоули со кого се запознала на снимањето на Фелисити во 1998 година. Откако се разделиле со Фоули во март 2003 година, Гарнер поднела барање за развод во мај истата година, а како причина ги навела ненадминливите разлики помеѓу нив двајца. Двајцата актери официјално се развеле на 30 март 2004 година. По разделбата со Фоули, Гарнер била во врска со нејзиниот колега од Алијас актерот Мајкл Вартан. Нивната врска траела од август 2003 до март 2004 година.

Некаде кон почетокот на 2004 година, Џенифер Гарнер започнала врска со актерот Бен Афлек. Двајцата актери за прв пат се појавиле во јавноста како пар на отварањето на World Series games на Бостон Ред Сокс во октомври 2004 година. Откако е во врска со Афлек, прво само како негова девојка, а сега и како сопруга, Гарнер е мета на таблоидите. Бен ме научи дека не е во ред да се читаат тие работи што се објавуваат по весниците, тие се отров, рекла таа во 2009 година. На нејзиниот 33-ти роденден, Афлек ја запросил со 4,5 каратен дијамантски прстен од Хари Винстон. На 29 јуни 2005 година, Афлек се оженил со Гарнер, која тогаш била бремена веке 4 месеци. Венчавката била всушност приватна забава на Карибите, а сведоци биле нивен семеен пријател и актерот Виктор Гарбер, колега на Гарнер од филмот Алијас. Афлек и Гарнер имаат три деца: две ќерки Виолет Ен Афлек (родена на 1 декември 2005 година) и Серафина Роуз Елизабет Афлек ( родена на 6 јануари 2009 година), и син Семјуел Гарнер Афлек (роден на 27 февруари 2012 година).

Жртва на следење[уреди]

Од 2002 година, еден маж, Стивен Бурки, ја следел Гарнер. Тој бил уапсен конечно во декември 2009 година. Бурки бил обвинет за две следења, за што се одбранил дека е невин со изговор дека има ментално пореметување. Во март 2010 година, тој бил прогласен за ментално болен, и бил испратен во Државната ментална установа во Калифорнија, со судска одлука да остане подалеку од фамилијата Афлек 10 години, во случај да биде отпуштен од болницата.

Гарнер низ медиумите[уреди]

Во 2002 година, Гарнер се нашла на врвот на листата Максим Хот 100. Во декември 2007 година, списанието Чарлстон Сандеј Газет-Мејл (En. The Charleston Sunday Gazette-Mail) , ја именувало Гарнер за најпопуларен жител на Западна Вирџинија за истата година, поради нејзината посветеност, професионална етика и единствена улога како пример и амбасадор на Западна Вирџинија. Списанието Пипл ја прогласило за една од најубавите жени во 2012 година.

Филмографија[уреди]

Филм[уреди]

Година Наслов Улога Забелешки
1997 Деконструирајќи го Хели Жена во лифт
1997 Плоштадот во Вашингтон Маријан Алмонд
1997 Господин Магу Стејси Сампанаходрита
1998 1999 Анабел Друг наслов: Момци & девојки
1999 Повратен удар: Земјотрес во Њујорк Дајен Агостини
2000 Другар, каде ми е автомобилот? Ванда
2001 Крадење време Кајли Бредшо
Перл Харбор Медицинска сестра Сандра
Слетувањето на Рени Кајли Бредшо Друг наслов: Крадење време
2002 Фати ме ако можеш Шерил Ен Кратко појавување
2003 Ѓавол на доброто Електра Начиос
2004 Од 13 години на 30 30-годишната Џена Ринк
2005 Електра Електра Начиос
2006 Фати го и пушти го Греј
2007 Кралството Џенет Мејес
Џуно Ванеса Лоринг
2009 Духови на девојки од минатото Џени Пероти
Откривањето на лагата Ана
2010 Денот на вљубените Џулија Фицпатрик
2011 Артур Сузан Џонсон
2012 Путер Лаура Пиклер Во овој филм воедно била и продуцент
Чудниот живот на Тимоти Грин Синди Грин
2013 Купувачот на Далас клубот Др. Ив Сакс
2014 Испланиран ден Али Се снима


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]