Џ. Р. Р. Толкин
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Џ. Р. Р. Толкин J. R. R. Tolkien |
|
|---|---|
Toлкин во 1972, во неговата работна соба во Meртон Стрит |
|
| Роден | 3 јануари 1892 Блумфонтејн, Јужноафриканска Република |
| Умрел | 2 септември 1973 Бурнмот, Англија |
| Занимање | aвтор, aкадемик, филолог |
| Жанрови | Авантура |
Џон Роналд Руел Толкин (3 јануари, 1892 - 2 септември, 1973) е писател кој е автор на Хобитот (англиски: The Hobbit) и неговото продолжение, трилогијата Господарот на прстените (англиски: The Lord of The Rings).
Бил професор по Англо-Саксонски јазик (1925-1945) и англиски јазик (1945-1959), како и литература на Оксфорд. Бил строг Римокатолик и близок пријател на К. С. Луис. И двајцата биле членови на литературната група Инклингс.
Покрај Хобитот (The Hobbit) и неговото продолжение, трилогијата Господарот на прстените (The Lord of The Rings) Толкин напишал бројни книги со фиктивна содржина вкучувајќи ги и Силмарилион и други постхумни издадени книги за неговиот таканаречен легендариум, кој во себе вклучувал приказни, фиктивна историја, измислени јазици и други литературни есеји за имагинарниот свет наречен Aрда, и Средна Земја (инспирирано од Мидгард во Нордиската митологија, земјите населени од Луѓето) особено, слободно идентификувано како 'алтернативно' далечно минато на нашиот свет. Повеќето од неговите дела се компилација на неговите забелешки што неговиот син Кристофер Толкин ги собрал.
Се образувал во Училиштето на Крал Едвард, Бирмингем и на Универзитетот Оксфорд.
Содржина |
[уреди] Литературно творештво
[уреди] Фикција и поезија
- 1936 Песните за јазичарите, со E.В. Гордон et al.
- 1937 Хобитот или До Таму и Назад
- Господарот на Прстените
- 1954 Дружината на прстенот: како прв дел од Господарот на Прстените
- 1954 Двете кули: како втор дел од Господарот на Прстените
- 1955 Враќањето на кралот: како трет дел од Господарот на Прстените
- 1962 Авантурите на Том Бомбадил и други стихови од Црвената Книга
- 1966 Толкин на Толкин (автобиографска)
[уреди] Академски работи
- 1922 Средна Англиска Граматика
- 1924 Сер Гвеин и Зелениот Витез (со Е.В. Гордон)
- 1925 Неколку Допринеси во Лексикографијата на Средната-Земја
- 1963 Англиски и Велшки
- 1966 Ерусалимска Библија
[уреди] Аудио записи
- 1967 Поеми и Песни од Средната-Земја, Caedmon TC 1231
- 1975 JRR Tolkien Reads and Sings his The Hobbit & The Lord of the Rings, Caedmon TC 1477, TC 1478 (based on an August, 1952 recording by George Sayer)