Островот на богатството
- За други значења видете ја страницата за појаснување.
| „Островот на богатството Treasure Island“ |
|
Корица на книгата од 1911. |
|
| Автор | Роберт Луис Стивенсон |
|---|---|
| Земја | Обединето Кралство |
| Јазик | англиски |
| Жанр(ови) | авантура детска лутература |
| Издавач | London: Cassell and Company (денес дел од Orion Publishing Group) |
| Издадена | 1883 |
Островот на богатството (англиски: Treasure Island) или Островот на скриеното богатство e роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон, која за прв пат била објавена на 23 мај 1883 година. Романот е авантура во кој се опишува приказната за една група пирати и обични граѓани кои се во потрага по закопано богатство на еден ненаселен остров во Карипското Море.
Книгата е позната по самата приказна, но и добриот опис на атмосферата, ликовите и акцијата која се одвива низ целиот текст. Исто така, романот вклучува добар опис на моралните вредности на самите ликови, особено на главниот негативен лик и ова се смета за чуден елемент кој е вметнат во една детска литература. Препознатливо за романот се пиратите, картата со скриеното богатство, бродовите и убистават, како и тајните договори и преговори за опстанок на островот и враќање во Бристол со здраво тело и дух, но и богатство во џебовите.
Ликови [уреди]
- Џим Хоукинс - главниот лик во романот, прераскажувачот на приказната. Тој е младо момче кое ја иницира потрагата по богатството и воедно е главен протагонист во романот.
- Капетан Флинт - пират со лошо реноме, познат по неговите злосторства и ѕверства.
- Капетан Смолет - капетан на бродот „Хиспањола“, соработник на Ливси, Трелони и Џим.
- Лонг Џон Силвер - главен антагонист во приказната.
- Доктор Леcјви - еден од протагонистите во приказната, пријател и соработник на Џим.
- Скуир Трелони - пријател на Лејсви, еден од протагонистите во приказната.
- Били Боунс - поранешен пират кој престојува во мотелот на Џин и човек кој ја имал картата на богатството.
- Слепиот Пју - слеп пират кој го посетува Боунс за да му ја земе картата.
- Блек Дог - пират, соработник со Пу
- Бен Ган - заробеник на островот, подоцна соработник на Џим, Трелоуни, Ливси.
- Израел Хендс и 17 останати пирати, соработници на Силвер.
Користена литература [уреди]
- Cordingly, David (1995). Under the Black Flag: The Romance and Reality of Life Among the Pirates. ISBN 0-679-42560-8
- Letley, Emma, ed. (1998). Treasure Island (Oxford World's Classics). ISBN 0-19-283380-4
- Pietsch, Roland (2010). The Real Jim Hawkins: Ships' Boys in the Georgian Navy. ISBN 9781848320369
- Reed, Thomas L. (2006). The Transforming Draught: Jekyll and Hyde, Robert Louis Stevenson, and the Victorian Alcohol Debate. ISBN 0-7864-2648-9
- Watson, Harold (1969). Coasts of Treasure Island;: A study of the backgrounds and sources for Robert Louis Stevenson's romance of the sea. ISBN 0-8111-0282-3
Надворешни врски [уреди]
- Островот на богатството, бесплатно на Проектот Гутенберг.
- Островот на богатството, скенирана и илустрирана книга. Меѓу позначајните едиции ги вклучува:
- Островот на богатството, 1911 Скрибнер
- Островот на богатството, 1915 Харперс
- Островот на богатството, 1912 Скрибнер.
- Островот на богатството, 1911 Гин и Компанијата.
- Островот на богатството, со вовед и белешки од Френклин Т. Бејкер.
- Островот на богатството, аудио-книга.
- „Островот на скриеното богатство“ - македонска едиција.
| Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |