Хајнрих Даре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајнрих Луј Даре
Хајнрих Луј Даре
Роден(а)13 август 1822
Берлин
Починал(а)14 јуни 1875(1875-06-14)
Копенхаген
Националностгерманец
Познат поНептун
Поважни наградиЗлатен медал од Кралското астрономско друштво
Лаландова награда (1844)

Хајнрих Луј Даре (германски: Heinrich Louis d'Arrest; 13 август 182214 јуни 1875) — [1] германски астроном, роден во Берлин. Неговото име понекогашсе води како Хајнрих Лудвиг Даре.

Животопис[уреди | уреди извор]

додека бил студент на универзитетот во Берлин, Даре бил дел од дружината на Јохан Готфрид Гале која трагала по Нептун. На 23 септември 1846 г, тој предложил дека на одредена неодамнешно нацртана карта од небото, од областа која ја предвидел Ирбен Леверје, може да се спореди со денешното небо и да се побара поместувањето кое е особеност на планета, во споредба со неподвижните ѕвезди. Нептун бил откриен истата ноќ.

Подоцнежната работа во Лајпцишката опсерваторија го навела, во 1851 година, да ја открие кометата именувана според него (означена како 6P/Даре). Тој исто така ги проучувал астероидите (го открил астероидот 76 Фреја) и маглините.

Во 1864 година неуспешно се обидел да ги најде Марсовите месечини, и поставил горна граница од 70 лачни минути како растојание од кое би требало да се бараат месечините на Марс.[2]

Во 1875 година го добива златениот медал на Кралското астрономско друштво.

Во 1857 година, се оженил за Августина Емилија Мебиус, ќерката на неговиот тогашен надгледувач, Август Фердинанд Мебиус.[3] Починал во Копенхаген, Данска.

Според него е именуван кратерот Даре на Месечината, како и кратерот на марсовата месечина Фобос и астероидот 9133 Даре.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Müller, August, Allgemeines Wörterbuch der Aussprache ausländischer Eigennamen (7th ed., 1903), p. 34.
  2. Lord Lindsay, "Address," Monthly Notices of the Royal Astronomical Society 39:4 (Feb. 14, 1879), p. 311.
  3. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на August 22, 2012.