Епир (област): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Епир преместена како Епир (периферија)
(нема разлика)

Преработка од 16:59, 14 ноември 2006

Положбата на Епир во Грција

Епир (грчки: Ήπειρος, Ипирос), е област во северозападна Грција. Се граничи со Западна Грчка Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9,200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија.

Територијално - административна поделба на Епир

Епир е поделен на четири подобласти, наречени „номи“' (грчки: νόμοι), кои пак, од своја страна се поделени на општини наречени „дими“'(грчки: δήμοι) . Четирите дими се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.

Демографија

Во Грчкиот Епир живеат околу 350,000 луѓе. Најголем дел од населението се грци, но има и власи и албанци. И тие, како и македонците не се признаваат како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.

Географија и екологија

Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Грчкиот Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција.

Климата на Грчки Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.

Економија

Од економски аспект, Грчки Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделието е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.