Евангелие според Јован: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Поправка на година и правописни грешки, како и дополнување за писателството и датата на пишување: сведоштвата на раните отци како Иринеј, Поликарп и Климент Александриски; неспомнувањето на Јован по име; едногласното прифаќање на раната црква, итн.
Ред 1: Ред 1:
{{Книги од Новиот завет}}
{{Книги од Новиот завет}}
'''Евангелие според Јован,''' наречено и '''Евангелие по Јован''' — четвртата книга од [[Нов завет|Новиот завет]]. Оваа евангелие било напишано во околу [[100]] година, и според мислењето, истото е дело на [[апостол Јован]], еден од првите ученици на [[Исус]].
'''Евангелие според Јован,''' наречено и '''Евангелие по Јован''' — четвртата книга од [[Нов завет|Новиот завет]]. Оваа евангелие било напишано измеѓу 80 и 90 година после Христа, и според мислењето, истото е дело на [[апостол Јован]], еден од првите ученици на [[Исус]]. Насловот на четвртото Евангелие продолжува по образецот на другите Евангелија. Првично било идентификувано како „Според Јован“, а подоцна бил додаден зборот „Евангелието“.


Според времето во кое е пишувано, ова [[евангелие]] било последно и во суштина се разликува од останатите три. Додека евангелијата според Марко, Матеј и Лука се сметаат како синоптички, оваа евангелие историските случувања се помешани со богословни излагања. Исто така, претходните три евангелија главно се задруваат на мисионерската дејност на Исус во [[Галилеја]], додека ова евангелие содржи о од неговите мисии во [[Јудеја]]. Главен акцент се става во духовната страна на Исус.
Според времето во кое е пишувано, ова [[евангелие]] било последно и во суштина се разликува од останатите три. Додека евангелијата според Марко, Матеј и Лука се сметаат како синоптички, во ова евангелие историските случувања се помешани со богословни излагања. Исто така, претходните три евангелија главно се задржуваат на мисионерската дејност на Исус во [[Галилеја]], додека ова евангелие содржи и од неговите мисии во [[Јудеја]]. Главен акцент се става на божествената природа на Исус.


Една третина од содржината на евангелието се однесува на последните часови на Исус, поточно последните 44 часа. Ова евангелие содржи и четири чуда кои ги сторил Исус, а кои не се споменуваат во останатите три.
Една третина од содржината на евангелието се однесува на последните часови на Исус, поточно последните 44 часа. Ова евангелие содржи и четири чуда кои ги сторил Исус, а кои не се споменуваат во останатите три.


Евангелието било напишано во [[Ефес]] на [[грчки јазик]].
Евангелието било напишано во [[Ефес]] на [[старогрчки јазик]] ([[коине]]).

== Писател и датирање ==
Иако името на писателот не се споменува во Евангелиево, сепак раната црковна традиција силно и доследно го идентификувала апостолот Јован за писател на Евангелиево. Раниот црковен отец [[Иринеј Лионски|Иринеј]] (роден околу 130, а умрел околу 200 год. н.е.) бил ученик на [[Поликарп Смирнски|Поликарп]] (роден околу 70, а умрел околу 160 год. н.е.), а Поликарп бил ученик на апостол [[Јован Богослов|Јован]]. Црковниот отец Иринеј сведочел, врз основа на авторитетот на Поликарп, дека Јован го напишал Евангелиево за време на неговиот престој во [[Ефес]], [[Мала Азија]], кога бил во напредна возраст (Против Ереси 2.22.5; 3.1.1). После Иринеј, сите црковни отци сметале дека Јован е писател на ова Евангелие. [[Климент Александриски]] (роден околу 150, а умрел околу 215 год. н.е.) напишал дека апостол Јован, свесен за фактите наведени во другите Евангелија и поттикнат од [[Свет Дух|Светиот Дух]], составил „Духовно Евангелие“ (Евзебиевска црковна историја 6.14.7).

Ова гледиште на раната црква е зајакнато и од внатрешните карактеристики на Евангелието. Додека синоптичките Евангелија (Матеј, Марко и Лука) го идентификуваат апостолот Јован по име приближно дваесетина пати (вклучително и во паралели), ова Евангелие не го споменува директно по име. Наместо тоа, писателот претпочита да се идентификува како ученикот „кого Исус го сакаше/љубеше“ (Јвн. 13:23; 19:26; 20:2; 21:7,20). Кога се размислува за важната улога што ја играат другите именувани ученици во ова Евангелие, извонреден е фактот што името на Јован директно не се споменува. Но, сепак, повторливото именување на себеси како ученикот „кого Исус го сакаше/љубеше“ и избегнувањето на неговото лично име „Јован“, ја одразува неговата понизност и ја прославува неговата врска со својот Господ [[Исус Христос|Исус]]. Воопшто немало потреба од споменување на неговото име, бидејќи првичните читатели јасно разбрале дека тој е писателот на Евангелиево. Исто така, преку процес на елиминација заснован пред се на анализа на материјалот во гл. 20–21, овој ученик „кого Исус го сакаше/љубеше“ се стеснува до апостол Јован (на пр: Јвн. 21:24; сп. Јвн. 21:2). Бидејќи писателот на Евангелието е точен во споменувањето на имињата на другите ликови во книгата, ако бил некој друг, тогаш тој немал да го изостави името на Јован.

Анонимноста на Евангелието силно ги зајакнува аргументите кои го фаворизираат авторството на Јован, бидејќи само некој со добро познат и истакнат авторитет како апостол, ќе може да напише Евангелие кое значително се разликува по формата и суштината од другите Евангелија и да добие едногласно прифаќање од раната црква. Спротивно на тоа, апокрифните евангелија произведени од средината на вториот век па наваму, биле лажно припишани на апостоли или други познати личности кои биле тесно поврзани со Исус, но црквата универзално ги отфрлила.

Јован и неговиот постар брат Јаков (Дела 12:2), биле познати како „синовите Завдееви“ (Мат. 10:2-4), а Исус им го дал името „синови на громот“ (Мк. 3:17). Јован бил апостол (Лк. 6:12-16) и еден од тројцата најинтимни соработници на Исус (заедно со Петар и Јаков - сп. Мат. 17:1; 26:37). Тој бил очевидец и учесник во земната служба на Исус (1 Јвн. 1:1-4). По Христовото вознесение, Јован станал „столб“ во ерусалимската црква (Гал. 2:9). Тој служел со Петар (Дела 3:1; 4:13; 8:14) сè додека не отишол во Ефес (традицијата вели пред уништувањето на [[Ерусалим]]), од каде го напишал ова Евангелие и од каде што Римјаните го прогониле во [[Патмос]] (Отк. 1:9). Покрај Евангелието што го носи неговото име, Јован е автор и на трите Јованови посланија, како и на книгата Откровение (Отк. 1:1).

Бидејќи списите на некои црковни отци покажуваат дека Јован активно пишувал во својата старост и дека веќе бил свесен за синоптичките Евангелија, многумина го датираат ова Евангелие некаде по составувањето на другите Евангелија, но пред пишувањето на трите Јованови посланија и книгата Откровение. Јован го напишал ова Евангелие околу 80-90 год. н.е., отприлика 50 години откако бил сведок на Исусовата земна служба.<ref>{{Наведена книга|title=NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition|last=MacArthur|first=John Fullerton Jr.|publisher=Thomas Nelson, Inc.}}</ref>


== Седумте „''Јас сум“'' на Исус ==
== Седумте „''Јас сум“'' на Исус ==

Преработка од 11:37, 19 март 2022

Евангелие според Јован, наречено и Евангелие по Јован — четвртата книга од Новиот завет. Оваа евангелие било напишано измеѓу 80 и 90 година после Христа, и според мислењето, истото е дело на апостол Јован, еден од првите ученици на Исус. Насловот на четвртото Евангелие продолжува по образецот на другите Евангелија. Првично било идентификувано како „Според Јован“, а подоцна бил додаден зборот „Евангелието“.

Според времето во кое е пишувано, ова евангелие било последно и во суштина се разликува од останатите три. Додека евангелијата според Марко, Матеј и Лука се сметаат како синоптички, во ова евангелие историските случувања се помешани со богословни излагања. Исто така, претходните три евангелија главно се задржуваат на мисионерската дејност на Исус во Галилеја, додека ова евангелие содржи и од неговите мисии во Јудеја. Главен акцент се става на божествената природа на Исус.

Една третина од содржината на евангелието се однесува на последните часови на Исус, поточно последните 44 часа. Ова евангелие содржи и четири чуда кои ги сторил Исус, а кои не се споменуваат во останатите три.

Евангелието било напишано во Ефес на старогрчки јазик (коине).

Писател и датирање

Иако името на писателот не се споменува во Евангелиево, сепак раната црковна традиција силно и доследно го идентификувала апостолот Јован за писател на Евангелиево. Раниот црковен отец Иринеј (роден околу 130, а умрел околу 200 год. н.е.) бил ученик на Поликарп (роден околу 70, а умрел околу 160 год. н.е.), а Поликарп бил ученик на апостол Јован. Црковниот отец Иринеј сведочел, врз основа на авторитетот на Поликарп, дека Јован го напишал Евангелиево за време на неговиот престој во Ефес, Мала Азија, кога бил во напредна возраст (Против Ереси 2.22.5; 3.1.1). После Иринеј, сите црковни отци сметале дека Јован е писател на ова Евангелие. Климент Александриски (роден околу 150, а умрел околу 215 год. н.е.) напишал дека апостол Јован, свесен за фактите наведени во другите Евангелија и поттикнат од Светиот Дух, составил „Духовно Евангелие“ (Евзебиевска црковна историја 6.14.7).

Ова гледиште на раната црква е зајакнато и од внатрешните карактеристики на Евангелието. Додека синоптичките Евангелија (Матеј, Марко и Лука) го идентификуваат апостолот Јован по име приближно дваесетина пати (вклучително и во паралели), ова Евангелие не го споменува директно по име. Наместо тоа, писателот претпочита да се идентификува како ученикот „кого Исус го сакаше/љубеше“ (Јвн. 13:23; 19:26; 20:2; 21:7,20). Кога се размислува за важната улога што ја играат другите именувани ученици во ова Евангелие, извонреден е фактот што името на Јован директно не се споменува. Но, сепак, повторливото именување на себеси како ученикот „кого Исус го сакаше/љубеше“ и избегнувањето на неговото лично име „Јован“, ја одразува неговата понизност и ја прославува неговата врска со својот Господ Исус. Воопшто немало потреба од споменување на неговото име, бидејќи првичните читатели јасно разбрале дека тој е писателот на Евангелиево. Исто така, преку процес на елиминација заснован пред се на анализа на материјалот во гл. 20–21, овој ученик „кого Исус го сакаше/љубеше“ се стеснува до апостол Јован (на пр: Јвн. 21:24; сп. Јвн. 21:2). Бидејќи писателот на Евангелието е точен во споменувањето на имињата на другите ликови во книгата, ако бил некој друг, тогаш тој немал да го изостави името на Јован.

Анонимноста на Евангелието силно ги зајакнува аргументите кои го фаворизираат авторството на Јован, бидејќи само некој со добро познат и истакнат авторитет како апостол, ќе може да напише Евангелие кое значително се разликува по формата и суштината од другите Евангелија и да добие едногласно прифаќање од раната црква. Спротивно на тоа, апокрифните евангелија произведени од средината на вториот век па наваму, биле лажно припишани на апостоли или други познати личности кои биле тесно поврзани со Исус, но црквата универзално ги отфрлила.

Јован и неговиот постар брат Јаков (Дела 12:2), биле познати како „синовите Завдееви“ (Мат. 10:2-4), а Исус им го дал името „синови на громот“ (Мк. 3:17). Јован бил апостол (Лк. 6:12-16) и еден од тројцата најинтимни соработници на Исус (заедно со Петар и Јаков - сп. Мат. 17:1; 26:37). Тој бил очевидец и учесник во земната служба на Исус (1 Јвн. 1:1-4). По Христовото вознесение, Јован станал „столб“ во ерусалимската црква (Гал. 2:9). Тој служел со Петар (Дела 3:1; 4:13; 8:14) сè додека не отишол во Ефес (традицијата вели пред уништувањето на Ерусалим), од каде го напишал ова Евангелие и од каде што Римјаните го прогониле во Патмос (Отк. 1:9). Покрај Евангелието што го носи неговото име, Јован е автор и на трите Јованови посланија, како и на книгата Откровение (Отк. 1:1).

Бидејќи списите на некои црковни отци покажуваат дека Јован активно пишувал во својата старост и дека веќе бил свесен за синоптичките Евангелија, многумина го датираат ова Евангелие некаде по составувањето на другите Евангелија, но пред пишувањето на трите Јованови посланија и книгата Откровение. Јован го напишал ова Евангелие околу 80-90 год. н.е., отприлика 50 години откако бил сведок на Исусовата земна служба.[1]

Седумте „Јас сум“ на Исус

Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.
Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.
Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште.
Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.
Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее.
Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.

Поврзано

Наводи

  1. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc.