Пандемија на коронавирус во Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 23: Ред 23:
| recovery_cases = 17
| recovery_cases = 17
| deaths = 11
| deaths = 11
| confirmed_cases = 428<ref>{{нмс |url=https://covid19.mk/ |title=Информации во живо за коронавирусот во Македонија|website=covid19.mk}}</ref><ref>{{нмс|url=https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html?fbclid=IwAR0Dd9MY7njiNtDkPpPt8R2SeD4pW_6TO12axwKrT4CcegckY4P4Ezt43f4#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5|title=Состојбена карта на коронавирусот во Македонија во живо|website=gdi.net}}</ref>
| confirmed_cases = 430<ref>{{нмс |url=https://covid19.mk/ |title=Информации во живо за коронавирусот во Македонија|website=covid19.mk}}</ref><ref>{{нмс|url=https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html?fbclid=IwAR0Dd9MY7njiNtDkPpPt8R2SeD4pW_6TO12axwKrT4CcegckY4P4Ezt43f4#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5|title=Состојбена карта на коронавирусот во Македонија во живо|website=gdi.net}}</ref>
| total_ili =
| total_ili =
| website = [http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ zdravstvo.gov.mk/korona-virus/]
| website = [http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ zdravstvo.gov.mk/korona-virus/]

Преработка од 15:01, 3 април 2020

Пандемија на коронавирус во Македонија 2020
Застапеност на вирусот по региони, согласно 2 април 2020 г.
ЗаболувањеCOVID-19
Вирусен сојSARS-CoV-2
МестоМакедонија
Прв случајСкопје
Настапила26 февруари 2020
Потекло
Досегашни случаи430[1][2]
Излечени17
Мртви
11
Службен портал
zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Пандемијата на коронавирус ја зафатила и Македонија на крајот од месец февруари кога бил потврден првиот случај на заразен од COVID-19 кај македонска државјанка која се вратила во Скопје од Италија. Во првите денови од март болеста била потврдена кај брачна двојка во Баланци во Жупа, кои исто така се вратиле од Италија, а следните денови бројката на заразени почнала да се искачува со што епицентар на пандемијата во Македонија станал градот Дебар.

Државните установи ги донеле првите позначајни мерки за превенција од ширењето на вирусот на 10 март, затворајќи ги сите образовни установи на две недели и забранувајќи ги јавните настани на кои се очекува повеќе од илјада посетители. Присуството на публика било забрането на спортските настани. Исто така се вовела забрана за автобуски и транспортни линии кон високоризичните земји. При донесувањето на овие мерки бројот на заразени бил на седум потврдени случаи. Воведувањето на превентивни мерки продолжило, а на 13 март поради големиот број на заразени и можноста за ширење на вирусот, била прогласена кризна состојба во соседните општини Дебар и Центар Жупа. Тие практично биле ставени под карантин, со зголемено присуство на итните служби и со ангажирање на армијата.

По предлог на техничката влада, вечерта на 18 март од страна на претседателот Стево Пендаровски поради пандемијата била воведена вонредна состојба на целата територија, така што било првпат во историјата на државата да се воведе оваа мерка.

Бројот на заразени започнал да расте особено во средината на март. Првиот смртен случај бил потврден на 22 март кај 56-годишна жена од Куманово, а наредниот ден била соопштена и втората жртва, маж на 63 години од Дебар. На 25 март починала третата жртва, 66-годишна жена од Дебар. На 28 март починала 66-годишна жена од Струга, а наредниот ден уште двајца пациенти, на 91 и на 31 година.

Пандемијата ја зафатила Македонија во време кога Собранието е распуштено поради распишувањето на предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, а извршната власт ја има техничка влада. Владата предводена од Оливер Спасовски, иницијално составена за спроведување на изборите, практично го пренасочила својот мандат во справување со пандемијата, а со воведувањето на вонредната состојба ја добила и законодавната власт.

Хронологија

Случаи на COVID-19 во Македонија  ()
     Починати        Излекувани        Тековни

Фев Фев Мар Мар Апр Апр овие 15 дена овие 15 дена

Датум
Случаи
26.2.2020
1(н.п.)
1(=)
6.3.2020
3(+2) +200 %
7.3.2020
3(+0) +0 %
8.3.2020
4(+1) +33 %
9.3.2020
7(+3) +75 %
10.3.2020
7(+0) +0 %
11.3.2020
9(+2) +29 %
12.3.2020
9(+0) +0 %
13.3.2020
13(+4) +44 %
14.3.2020
19(+6) +46 %
15.3.2020
19(+0) +0 %
16.3.2020
24(+5) +26 %
17.3.2020
36(+12) +50 %
18.3.2020
48(+12) +33 %
19.3.2020
67(+19) +40 %
20.3.2020
85(+18) +27 %
21.3.2020
94(+9) +10 %
22.3.2020
114(+29) +22 %
23.3.2020
136(+22) +19 %
24.3.2020
148(+12) +9 %
25.3.2020
177(+29) +20 %
26.3.2020
201(+24) +14 %
27.3.2020
219(+18) +9 %
28.3.2020
241(+22) +10 %
29.3.2020
259(+18) +7 %
30.3.2020
285(+26) +10 %
31.3.2020
329(+44) +15 %
1.4.2020
354(+25) +8 %
2.4.2020
384(+30) +8 %
Извор:
  • „Министерство за здравство на Македонија“.

Февруари

Првиот случај на македонски државјанин заразен од болеста е забележан надвор од границите. Тој бил дел од екипажот на бродот „Дајмонд Принцес“ на кој на 4 февруари е потврден првиот заразен случај. На истиот брод биле уште двајца македонски државјани, сите дел од екипажот. Бродот бил ставен под карантин на пристаништето во Јокохама, Јапонија. Заразениот македонски државјанин бил позитивен на вирусот на 13 февруари и имал блага форма на заболување. Тој бил пренесен на третман во болница во Јокохама.[3]

На 26 февруари, Македонија го потврди првиот случај, жена чиј тест на SARS-CoV-2 на Клиниката за заразни болести во Скопје бил позитивен. Таа престојувала во Италија месец дена и боледувала две недели. По враќањето, веднаш се пријавила на клиниката.[4][5]

Март

На 6 март биле потврдени уште два случаи на брачни двојки од Баланци, Општина Центар Жупа кои биле жители на Бреша, Италија и се претпоставува дека се вратиле во земјата заради страв од вирусот. По позитивните резултати од тестовите биле пренесени на истата клиника како и првиот случај.[6]

На 9 март бројот на заразени се искачил на седум. Една од заразените лица е директорка на Клиниката за кожни болести чиј резултат бил позитивен по враќањето од зимски одмор во Италија. Ова предизвикало многу прашања бидејќи таа исто така држела предавање на конференција по враќањето од Италија без да се тестира, за што подоцна била разрешена од функцијата.[7] Меѓу другите се и тројца блиски роднини на брачната двојка од Центар Жупа чии тестирања биле позитивни и поради тоа се пренесени во Скопје.[8]

На 10 март по формално барање на градоначалникот на Дебар,[9] градот од каде биле пет од седумте случаи, и поради реакциите во јавноста за однесувањето на заразената директорка на клиниката, Министерството за здравство објави посебни мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Истите вклучувале двонеделно затворање на сите образовни установи (од претшколско образование до универзитети), забрана за патување во земјите со најголем број на заразени (Кина, Кореја, Италија, Франција, Германија и др.), забрана на одржување на јавни настани и одржување на спортските настани без публика.[10] Повторените тестови на првата заразена се покажале негативни. И покрај тоа, пациентката била задржана на болничко лекување.[11]

На 11 март биле потврдени уште два случаи, повторно од Дебар,[12] кои биле во контакт со првите случаи во градот.

На 13 март биле потврдени 4 нови случаи повторно од Дебар и била прогласена кризна состојба во градот, со што општините Дебар и Центар Жупа биле ставени под карантин.[13] Подоцна, претседателот Пендаровски донел одлука за ангажирање на Армијата во овие области.[14] Исто така било објавено дека нема да се дозволи влез на странци кои доаѓаат од високоризичните земји.[15]

На 14 март биле тестирани 8 лица од коронавирус од кои шест биле позитивни (5 од Дебар и 1 од Скопје кој се вратил од патување во Шпанија). Од сите дијагностицирани пациенти, 14 сместени на клиниката во Скопје, додека петте нови случаи останале во Дебар каде била поставена потребната опрема.[16]

На 16 март, седум лица биле позитивни (4 од Дебар и 3 од Скопје). Тројца од пациентите биле сместени во Скопје, а другите четири во Дебар. Два случаи имале позитивни тестови во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје и за овие случаи тестовите биле повторени во државната клиничка лабораторија наредниот ден.[17] Исто така било објавено дека сите копнени граници како и аеродромот во Скопје се затвораат.[18]

На 17 март биле потврдени 5 нови случаи, четири од Дебар, од кои двајца доктори и две медицински сестри, и еден од Скопје.

На 18 март биле потврдени уште четири нови случаи во Скопје кај лица кои се вратиле од Белгија.[19] Истиот ден техничкиот премиер Оливер Спасовски соопштил дека владата ја разгледува можноста за прогласување на вонредна состојба во земјата, што би било првпат да се воведе оваа мерка во историјата на државата.[20] Вонредната состојба била воведена приквечер од претседателот Стево Пендаровски. Парламентот веќе бил распуштен поради распишаните парламентарни избори, а на Владата покрај извршната ѝ била доделена и законодавната власт.[21] При крајот на денот било соопштено за уште седум лица позитивни на вирусот, со што бројката достигнала 42 потврдени случаи.[22]

На 19 март биле потврдени шест нови случаи од кои три во Дебар и по други три во Скопје, Гостивар и Штип. Потврдениот случај во Штип се однесувал на 4-годишно девојче кое престојувало во Англија.[23]

На 20 март утрото било соопштено дека по извршување на поширок процес на испитување потврдени се 19 нови случаи, сите во Скопје, од кои 17 биле тестирани на приватната клиника „Жан Митрев“.[24] Скопје ја преминал бројката на Дебар во најмногу потврдени случаи. Попладнето биле потврдени уште шест нови случаи, со што бројката на заразени од болеста на крајот од денот достигнала 76 потврдени случаи.[25][26]

На 21 март се потврдени уште девет нови случаи (7 во Скопје и 2 во Штип).[27] Иистиот ден владата вовела полициски час како мерка против масовното ширење на болеста, и истиот важи од 21:00 до 06:00 часот.[28] Министерството за здравство соопштило дека понатаму за новите случаи на заразени со вирусот ќе известува само еднаш во денот на прес-конференција која ќе се одржува во 12:00 часот, а во која информациите ќе се однесуваат за изминатите 24 часа.

На 22 март се потврдени 29 нови случаи (22 во Скопје, 3 во Штип, 2 во Дебар, 1 во Охрид и 1 во Куманово).[29] Подоцна истиот ден е забележан првиот смртен случај — 56-годишна жена од Куманово, каде присуството на вирусот е утврдено дури посмртно.[30]

На 23 март се потврдени 22 нови случаи (15 во Скопје, 4 во Дебар, 2 во Куманово и 1 во Охрид). Истиот ден е потврдена и втората жртва од коронавирусот, 63-годишен маж од Дебар кој бил хоспитализиран во Скопје на 17 март. Неговата состојба била стабилна, но истата се влошила ноќта пред да почине и поради тоа бил ставен на респираторни машини.[31]

На 24 март се потврдени 12 нови случаи, од кои 7 во Скопје и 5 во Куманиво.[32]

На 25 март се потврдени 29 нови случаи (20 во Скопје, 3 во Куманово и Велес, 2 во Прилеп и 1 во Дебар). Со тоа бројот на заразени се искачил на вкупно 177 дијагностицирани пациенти. Нови места на кои се појавил вирусот се Велес и Прилеп.[33] Попладнето била соопштена и третата жртва од коронавирусот, пациентка од Дебар на 66-годишна возраст која примала хронична терапија за хипертензија. Таа подолго време била на респираторна машина.[34]

На 26 март се потврдени 24 нови случаи од кои 15 во Скопје, 4 во Куманово, 2 во Дебар, по 1 во Охрид и во Штип, како и првиот случај во Тетово. Опоравени се двајца пациенти.[35]

На 27 март се потврдени 18 нови случаи од кои 11 во Скопје, 4 во Прилеп, 2 во Куманово и 1 во Тетово.[36]

На 28 март се утврдени 22 нови случаи (9 во Скопје, по 3 во Куманово и Струга, по 2 во Тетово, Прилеп и Дебар и 1 во Битола). Забележан е четвртиот смртен случај — 66-годишна жена од околината на Струга.[37]

На 29 март се потврдени 18 нови случаи (6 во Штип, 3 во Скопје и Велес, 2 во Струга, по 1 во Струмица, Дебар, Тетово и Гевгелија).[38] Соопштени се и два нови смртни случаи. Починале 91-годишен и 31-годишен пациент. Пациентот на 91 година осум дена се лечел на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а на 31-годишниот нагло му се влошила состојбата.

На 30 март се утврдени 26 нови случаи (19 во Скопје, 3 во Куманово, 1 во Прилеп, 1 во Тетово, 1 во Дебар и 1 во Крива Паланка). Соопштени смртен случај на 79-годишен маж од Дебар и опоравувањето на 9 лица. (8 од Скопје и 1 од Дебар)[39]

На 31 март Министерството за здравство соопштило за 44 нови случаи: 23 во Куманово, 11 во Скопје, 4 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга и 1 во Прилеп. Починале 45-годишен маж од Куманово и 78-годишен маж од Дебар, двајцата со претходни здравствени проблеми. До овој датум се извршени вкупно 3.518 тестирања.[40]

Април

На 1 април се објавени 25 нови случаи: 7 во Куманово, 7 во Скопје, 4 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга, 1 во Гевгелија и 1 во Кочани. Починала 65-годишна жена од Лабуништа со претходни здравствени проблеми. Излекувани се 5 пациенти.[41]

На 2 април се утврдени 30 нови случаи: 12 во Скопје, 9 во Прилеп, 8 во Куманово и 1 во Крива Паланка.[42]

Одговор на установите

Првите превентивни мерки против ширењето на вирусот биле воведени на аеродромот во Скопје, каде од крајот на јануари се вршело скенирање со темелна камера на патниците кои доаѓале од Дубаи и Истанбул

Уште при крајот на јануари, министерот за здравство Венко Филипче изјавил дека државата направила подготовки за справување со вирусот доколку се појави во Македонија. Тој соопштил дека се направени припреми во однос на кадарот, инфраструктурата, опремата, одредени се места за хоспитализирање на пациенти.[43] Меѓу првите мерки против ширењето на вирусот е воведувањето на скенирање со термална камера на патниците на аеродромот во Скопје на 27 јануари, првично само за оние кои пристигале со летовите од Дубаи и Истанбул.[44] При крајот на февруари оваа мерка е воведена за секој патник кој доаѓа од ризичните одредишта; мерење на темепратурата се вовело и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а дополнително патниците пополнувале прашалници.[45] Овие мерки се донесени на 24 февруари на состанок на Комисијата за заразни болести, одржан по влошувањето на ситуацијата во Италија. Истите мерки од аеродромите се вовеле и на граничните премини.[46] Наредниот ден на 11-тата седница Владата донела заклучоци во однос на коронавирусот, меѓу кои наредила одложување на патувањата и екскурзиите на основните и средните училишта во Италија и ограничување на влезот во земјата на оние кои доаѓаат од кризните подрачја во северна Италија преку помал број на гранични премини. Министерството за здравство било задолжено да ги снабдува училиштата, детските градинки и јавните тоалети со дезинфекциски средства, а на дел од установите и со заштитна опрема.[47] За време на пандемијата, Владата е предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски и е составена според Пржинскиот договор за да ги спроведе предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Таа е избрана на 3 јануари.

На 25 февруари Министерството за здравство објавило список на 14 телефонски броеви поделени по региони за кои се апелира да се контактираат по пристигнување на територијата на Македонија и за пријавување на сомнителни симптоми налик на коронавирусот.[48] Наредниот ден е соопштен првиот случај на коронавирус во Македонија кај жена која пристигнала од Италија по полноќ и се упатила на тестирање на Инфективната клиника во Скопје. Девет лица од Скопје и Струмица кои се вратиле со неа од Италија биле ставени во домашна изолација и под полициски надзор.[49] Техничкиот премиер Спасовски по веста за првата заразена рекол дека во тој момент нема причина за запирање на нормалниот живот и дека носењето на мерките ќе зависи од развојот на состојбата, апелирајќи „да не нѐ поведе емоцијата пред разумот, паничните реакции пред она што е реалност“.[50] Во наредните денови Владата препорачала откажување на јавните собири. Биле откажани карневалите во Струмица и Прилеп, а дел од спортските настани се одржувале без публика.[51] Во овој период во Скопје престојувал Ханс Кулге, регионален директор на СЗО за Европа. Тој искоментирал дека македонските власти до тој момент направиле сè за превенција од ширење на вирусот, согласно препораките од СЗО.[52]

Непочитувањето на препораките и мерките против ширењето на вирусот се забележани и во установите. Меѓу првите позитивни на вирусот е директорка на Клиниката за кожни болести во Скопје, која не се јавила на преглед по враќањето од Италија и пет дена одела на работа.[53] Истиот ден вкупно 90 луѓе кои имале контакт со неа или биле присутни во клиниката се ставени во двонеделна изолација, а самата клиника е затворена. Кожното одделение и кожната амбуланта во Штип исто така се затворени бидејќи доктори од установите присуствувале на симпозиум во Скопје каде учествувала директорката на скопската клиника.[54] Министерот Венко Филипче соопштил дека за непочитувањето на мерките против ширење на вирусот ќе се казнува парично или со затвор до една година.[55] Сличен случај на 20 март е соопштен и во Кавадарци каде лекар од Општата болница одел на работа и покрај пропишаната мерка за домашна изолација на целото негово семејство. Нему му е изречена парична казна од 4,500 евра. Тој е казнет согласно кривичното дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.[56] На 29 март е разрешена директорката на Инфективната клиника во Охрид бидејќи 66-годишната жена од Струга, која се смета дека починала од вирусот, не била примена на клиниката.[57][58]

Карта на Македонија со општините под карантин прикажани во црвено

Ден по откривањето на случајот со директорката на скопската клиника, македонските власти почнале со заострување на мерките против ширењето на вирусот. На 11 март се затворени сите образовни установи во земјата. Поради воведувањето на оваа мерка, Владата одлучила еден од родителите на дете до 10 години да има право да остане дома со платено отсуство.[59] Бидејќи најголем број од заразените биле од соседните општини Дебар и Центар Жупа, кои се наоѓаат во западниот дел на Македонија, на 13 март е прогласена кризна состојба во овие две општини. Тие практично се ставени под карантин, со зголемено присуство на итните служби и со ангажирање на армијата за да се контролира ширењето на вирусот.[60] Во тој момент во целата држава има 13 потврдени случаи на заразени од коронавирусот. Наредните неколку денови биле воведени низа мерки за масовно спречување на пандемијата, така што се затворени угостителските објекти и трговските центри, исто и аеродромите и граничните премини за странски државјани, забранети се масовните јавни собири.

На 18 март владата предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски побарала да се воведе вонредна состојба на целата територија на државата. Бидејќи Собранието било распуштено поради распишаните избори, барањето е проследено до претседателот на државата Стево Пендаровски.[61] Истиот ден Пендаровски прогласил вонредна состојба на целата територија, во времетраење од најмалку 30 денови. За ова тој соопштил на прес-конференција во 18 часот. Ова е првпат во историјата на државата да биде воведена мерката за вонредна состојба. При воведувањето на мерката имало 35 заболени од коронавирусот. Со ова, Владата покрај извршната власт, ја добила и законодавната власт во државата, така што ѝ било дозволено да носи уредби со законска сила. Пендаровски истакнал дека вонредната состојба е важна и за економијата. Пендаровски рекол дека тоа што владата ќе продолжи да функционира како техничка е шанса власта и опозицијата да работат заеднички и „да не се грижат за својот политички рејтинг“.[62]

Од 23 март започнал секојдневен полициски час на територијата на целата држава во периодот од 21 часот навечер до 6 наутро заради справување со пандемијата. Со ова е забрането движењето на населението секаде во земјата во овие часови. Властите добиле критики за временскиот период на полицискиот час. Од Хелсиншкиот комитет реагирале дека целта на оваа мерка е нејасна бидејќи во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе.[63] Наредниот ден се направиле измени во забраната за движење, со кои истата завршува еден час порано, тоест во 5 часот наутро. Дополнително се направени измени во забраната со кои се ограничил контактот меѓу возрасните луѓе над 67 години, кои се сметаат за ризична група, и младите под 18 години, кои може да бидат преносители на вирусот.[64] Во викендите полицискиот час започнува од 16 часот. Исто така, од забраната за движење се исклучени земјоделците.[65]

Наводи

  1. „Информации во живо за коронавирусот во Македонија“. covid19.mk.
  2. „Состојбена карта на коронавирусот во Македонија во живо“. gdi.net.
  3. „Македонскиот државјанин од бродот во Јапонија има блага форма на коронавирус“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 13 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  4. „Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија“. А1он (англиски). 2020-02-26. Посетено на 2020-02-26.
  5. „First case of coronavirus confirmed in North Macedonia“. Al Jazeera. 26 February 2020. Архивирано од изворникот на 26 February 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
  6. „Два нови случаи на коронавирус во Македонија“. Sitel. 2020-03-06. Посетено на 2020-03-06.
  7. „Филипче: Директорката заразена со коронавирус ќе биде разрешена денеска“. Makfax. 10 March 2020. Посетено на 11 март 2020.
  8. Макфакс (2020-03-09). „Вкупно седуммина заразени од коронавирус, позитивни три лица од семејството на сопружниците од Дебар“. МАКФАКС. Посетено на 2020-03-11.
  9. „Советот на Дебар бара итен прекин на наставата во училиштата поради коронавирусот“. Telma. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  10. „Вонредни мерки на владата против корона вирусот“. Telma. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  11. „Вториот тест за коронавирус на првозаболената пациентка е негативен“. NovaMakedonija. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  12. „Двајца нови заболени од коронавирус“. А1он. 2020-03-11. Посетено на 2020-03-11.
  13. „Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради коронавирусот, затвор за непочитување на препораките“. slobodnaevropa.mk. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  14. „Претседателот Пендаровски донесе Одлука за ангажирање на Армијата во Дебар и Центар Жупа“. alsat-m.tv. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  15. „North Macedonia bars foreigners arriving from 'high-risk countries' over coronavirus“. Reuters. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  16. „Уште шест лица позитивни на коронавирус, вкупно 18“. Makfax. 14 March 2020. Посетено на 14 март 2020.
  17. „Денеска вкупно 7 нови случаи позитивни на корона, тројца од Скопје!“. Alsat-m. 16 March 2020. Посетено на 16 март 2020.
  18. „Се затвораат Меѓународниот аеродром „Скопје" и сите копнени гранични премини“. nezavisen.mk. 16 March 2020. Посетено на 16 март 2020.
  19. „Нови четири случаи на коронавирус во земјава, сите се од Скопје“. centar.mk. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  20. „Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава“. Канал 5. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  21. „Пендаровски прогласи вонредна состојба“. nezavisen.mk. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  22. „Уште 7 позитивни случаи на коронавирус во Македонија, бројот на болни се искачи на 42“. Сител. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  23. „МЗ: До 16 часот шест нови случаи со коронавирус, меѓу нив и четиригодишно девојче заразено во градинка во Англија“. Канал 5. 19 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  24. „Состојбата со коронавирусот во земјава до 10:00 часот - 19 новозаболени - бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица“. Министерство за здравство. 20 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  25. „Нови три случаи на коронавирус во Македонија, сега бројката е 70“. ТВ21. 20 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  26. „Први заразени со коронавирус од Кавадарци, вкупно 76 во земјава“. Сакам Да Кажам. 20 март 2020. Посетено на 21 март 2020.
  27. „Девет нови случаи на коронавирус во земјата – вкупно 85 дијагностицирани пациенти“. Макфакс. 21 март 2020. Посетено на 21 ,арт 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  28. „Од утре се воведува полициски час во Македонија од 21 до 6 часот“. Ако.мк. 21 март 2020. Посетено на 21 март 2020.
  29. „Бројката на заболени од корона вирус во земјава достигна 114“. A1on. 22 март 2020. Посетено на 22 март 2020.
  30. „ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ од коронавирус во Македонија“. Вечер. 22 март 2020. Посетено на 22 март 2020.
  31. „Од коронавирус почина 63-годишен дебарчанец, нагло му се влошила состојбата“. Сакам Да Кажам. 23 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  32. „12 нови заразени од коронавирус, вкупниот број достигна 148 лица“. МКД.мк. 24 март 2020. Посетено на 24 март 2020.
  33. „Состојбата на коронавирусот до 12 часот: Регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата - вкупно 177 дијагностицирани пациенти“. Министерство за здравство. 25 март 2020. Посетено на 25 март 2020.
  34. „Од коронавирус почина 66-годишна пациентка од Дебар“. Сакам Да Кажам. 25 март 2020. Посетено на 25 март 2020.
  35. „Нови 24 заразени со корнавирус, вкупната бројка во земјава изнесува 201 лице“. 360 степени. 26 март 2020. Посетено на 26 март 2020.
  36. „Состојбата со коронавирусот до 12:00 часот: Регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата - вкупно дијагностицирани 219 пациенти“. Министерство за здравство. 27 март 2020. Посетено на 27 март 2020.
  37. „Пациентка од Струшко почина од коронавирус, 22 новозаболени во земјата“. A1on. 28 март 2020. Посетено на 28 март 2020.
  38. „Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица“. makfax.com.mk. 29 март 2020. Посетено на 29 март 2020.
  39. „Осум медицински лица и двајца пациенти се позитивни на коронавирус од скопскиот завод за рехабилитација“. sdk.mk. 30 March 2020. Посетено на 30 March 2020.
  40. „Регистрирани 44 нови случаи-вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 329 лица, на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 2 лица“. zdravstvo.gov.mk. 31 March 2020. Посетено на 31 March 2020.
  41. [hhttp://zdravstvo.gov.mk/potvrdeni-25-novi-sluchai-pozitivni-na-pozitivni-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-iznesuva-354-na-infektivnata-klinika-vo-skopje-pochina-pacientka-od-labunishta/ „ПОТВРДЕНИ 25 НОВИ СЛУЧАИ ПОЗИТИВНИ НА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ИЗНЕСУВА 354, НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ ПОЧИНА ПАЦИЕНТКА ОД ЛАБУНИШТА“]. zdravstvo.gov.mk. 1 April 2020. Посетено на 1 April 2020.
  42. „Нови 30 случаи во државата, од нив 9 во Прилеп“. Тера телевизија. 2 April 2020. Посетено на 2 April 2020.
  43. „Подготвени сме за коронавирусот, нема потреба од паника, вели министерот за здравство Филипче“. Сакам Да Кажам. 31 јануари 2020. Посетено на 22 март 2020.
  44. „Термо-камера и на аеродромот во Скопје“. А1он. 27 јануари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  45. „Бидете одговорни и не кревајте паника за коронавирусот, апелира министерот за здравство Филипче“. Сакам Да Кажам. 25 февруари 2020. Посетено на 22 март 2020.
  46. Спасовска, Мирјана (24 февруари 2020). „Здравствените власти конечно го кренаа алармот за корона вирусот“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. Посетено на 22 март 2020.
  47. „Влада: Да се одложат патувањата и екскурзиите во Италија“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 25 февруари 2020. Посетено на 22 март 2020.
  48. „Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи на коронавирус“. 360 степени. 25 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  49. „Деветмината сопатници на пациентката со коронавирус се во домашна изолација во Скопје и Струмица со полициски надзор“. Сакам Да Кажам. 26 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  50. „Во моментов нема причина за запирање на нормалниот живот, рече Спасовски по првиот случај на заболен од коронавирус“. Сакам Да Кажам. 26 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  51. „Владата препорача откажување на јавните собири поради коронавирусот“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 28 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  52. „Ни се случува инфодемија, внимавајте како се информирате и третирајте ги заразените со коронавирус со почит, апелираше во Скопје директорот на СЗО за Европа“. Сакам Да Кажам. 27 февруари 2020. Посетено на 23 март 2020.
  53. Стојанчова, Пелагија (10 март 2020). „Граѓаните ги почитуваат препораките за коронавирусот, но не и сите лекари“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. Посетено на 23 март 2020.
  54. „Затворени болничкото кожно одделение и амбулантата во Штип поради коронавирусот“. Сакам Да Кажам. 10 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  55. „Казна затвор до една година за непочитување на мерките против ширење на коронавирусот“. Сакам Да Кажам. 10 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  56. „Лекар од кавадаречката Општа болница ја напуштил изолацијата за коронавирус и си одел на работа, ќе биде казнет 4.500 евра“. Сакам Да Кажам. 20 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  57. „Две нови жртви од коронавирусот во Северна Македонија“. Дојче Веле на македонски јазик. 29 март 2020. Посетено на 29 март 2020.
  58. „Почината пациентка од Ковид-19 му отвори работа на обвинителството“. Дојче Веле на македонски јазик. 29 март 2020. Посетено на 29 март 2020.
  59. „Коронавирусот ги затвори градинките и училиштата, спортот без публика“. Дојче Веле на македонски јазик. 10 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  60. „Армијата испратена во Дебар и Центар Жупа“. Дојче Веле на македонски јазик. 13 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  61. „Владата побара прогласување вонредна состојба“. Телма. 18 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  62. „Коронавирус: Пендаровски прогласи вонредна состојба“. Дојче Веле на македонски јазик. 18 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  63. „ХК: Вонредната состојба не смее да биде параван за кршење на човековите права“. 360 степени. 23 март 2020. Посетено на 23 март 2020.
  64. „Полицискиот час се скратува, поголеми забрани за движење кај лицата до 18 и над 67 години“. А1он. 23 март 2020. Посетено на 24 март 2020.
  65. „За земјоделците нема да важи полицискиот час за време на викенд“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 26 март 2020. Посетено на 27 март 2020.

Надворешни врски