Просо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:
|}}
|}}


'''Просо''' ([[науч.]] ''Panicum miliaceum'', поточно '''обично просо''' или '''бело просо''') — важна [[житарка]] во земјоделството. Дивиот предок и местото на [[припитомување]] на просото се непознати, но како полјоделска култура прв пат се среќава во [[Закавказје]]то и [[Кина]] пред околу 7.000 години, што веројатно значи дека е независно прититомено на двете места. Денес сè уште се одгледува на големо во [[Индија]], [[Русија]], [[Украина]], на [[Близок Исток|Блискиот Исток]], во [[Турција]] и [[Романија]]. Во [[Македонија]] се одгледува претежно за потребите на [[живинарство]]то. Се продава и како макробиотска житарка и како храна за оние што не можат да јадат [[пченица|пченични]] производи поради [[глутен]]от.
'''Просо''' ([[науч.]] ''Panicum miliaceum'', поточно '''обично просо''' или '''бело просо''') — важна [[житарка]] во земјоделството. Дивиот предок и местото на [[припитомување]] на просото се непознати, но како полјоделска култура прв пат се среќава во [[Закавказје]]то и [[Кина]] пред околу 7.000 години, што веројатно значи дека е независно припитомено на двете места. Денес сè уште се одгледува на големо во [[Индија]], [[Русија]], [[Украина]], на [[Блискиот Исток]], во [[Турција]] и [[Романија]]. Во [[Македонија]] се одгледува претежно за потребите на [[живинарство]]то. Се продава и како макробиотска житарка и како храна за оние што не можат да јадат [[пченица|пченични]] производи поради [[глутен]]от.


Просото е добро приспособено да расте на разни почви и климатски услови. Има краток вегетативен период и бара само малку [[вода]] - најмалку од сите [[житарки]], и со тоа е одлично за суви предели кајшто не се ора. Растението е [[едногодошно растение|едногодишна]] [[треви|трева]] и достигнува просечна височина од 1 м. [[Семе|Зрната]] растат во групи на секое гранче и не надминуваат 2-3 мм во големина. По боја можат да бидат драп, жолти, портокалово-црвени или кафеави.
Просото е добро приспособено да расте на разни почви и климатски услови. Има краток вегетативен период и бара само малку [[вода]] - најмалку од сите [[житарки]], и со тоа е одлично за суви предели кајшто не се ора. Растението е [[едногодошно растение|едногодишна]] [[треви|трева]] и достигнува просечна височина од 1 м. [[Семе|Зрната]] растат во групи на секое гранче и не надминуваат 2-3 мм во големина. По боја можат да бидат драп, жолти, портокалово-црвени или кафеави.
Ред 22: Ред 22:


==Историја и припитомување==
==Историја и припитомување==
Дивиот предок на просото сè уште не е успешно утврден. Во средна Азија се среќаваат певелни облици на оваа житарка што виреат на подрачје од [[Касписко Море|Каспиското Море]] до [[Сјинџанг]] и [[Монголија]], и постои можност овие [[степска клима|полусуви]] подрачја да се дом на вистински диви облици на просото."<ref>Daniel Zohary and Maria Hopf, ''Domestication of plants in the Old World'', III изд. (Oxford: University Press, 2000), стр. 83</ref> Вакво просо е најдено во [[неолит]]ски локалитети во [[Грузија]] (од [[5 милениум п.н.е.|V]] и [[4 милениум п.н.е.|IV милениум п.н.е.]]), како и ископаните села од културата [[Јангшао (култура)|Јангшао]] во источна Кина. Според другите наоди, просото пристигнало во Европа накратко по неговото појавување во Грузија, и тоа најпрвин во источна и средна Европа. Меѓутоа, требало да поминат илјадници години пред истото да се појави во Италија, Грција и Иран, па така најраните наоди на Блискиот Исток се среќаваат во рушевините на градот [[Нимруд]] ([[Ирак]]) кои датираат од 700 п.н.е.<ref name=Zohary-Hopf>Zohary and Hopf, ''Domestication'', стр. 86</ref>
Дивиот предок на просото сè уште не е успешно утврден. Во средна Азија се среќаваат певелни облици на оваа житарка што виреат на подрачје од [[Касписко Море|Каспиското Море]] до [[Синѓанг|Сјинџанг]] и [[Монголија]], и постои можност овие [[степска клима|полусуви]] подрачја да се дом на вистински диви облици на просото."<ref>Daniel Zohary and Maria Hopf, ''Domestication of plants in the Old World'', III изд. (Oxford: University Press, 2000), стр. 83</ref> Вакво просо е најдено во [[неолит]]ски локалитети во [[Грузија]] (од [[5 милениум п.н.е.|V]] и [[4 милениум п.н.е.|IV милениум п.н.е.]]), како и ископаните села од културата [[Јангшао (култура)|Јангшао]] во источна Кина. Според другите наоди, просото пристигнало во Европа накратко по неговото појавување во Грузија, и тоа најпрвин во источна и средна Европа. Меѓутоа, требало да поминат илјадници години пред истото да се појави во Италија, Грција и Иран, па така најраните наоди на Блискиот Исток се среќаваат во рушевините на градот [[Нимруд]] ([[Ирак]]) кои датираат од 700 п.н.е.<ref name=Zohary-Hopf>Zohary and Hopf, ''Domestication'', стр. 86</ref>


[[Податотека:Miglio.jpg|мини|десно|250п|Излупено просо]]
[[Податотека:Miglio.jpg|мини|десно|250п|Излупено просо]]

Преработка од 17:41, 22 февруари 2020

Просо
Узреано просо
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Род: Просо
Вид: Просо
Научен назив
Panicum miliaceum
L.

Просо (науч. Panicum miliaceum, поточно обично просо или бело просо) — важна житарка во земјоделството. Дивиот предок и местото на припитомување на просото се непознати, но како полјоделска култура прв пат се среќава во Закавказјето и Кина пред околу 7.000 години, што веројатно значи дека е независно припитомено на двете места. Денес сè уште се одгледува на големо во Индија, Русија, Украина, на Блискиот Исток, во Турција и Романија. Во Македонија се одгледува претежно за потребите на живинарството. Се продава и како макробиотска житарка и како храна за оние што не можат да јадат пченични производи поради глутенот.

Просото е добро приспособено да расте на разни почви и климатски услови. Има краток вегетативен период и бара само малку вода - најмалку од сите житарки, и со тоа е одлично за суви предели кајшто не се ора. Растението е едногодишна трева и достигнува просечна височина од 1 м. Зрната растат во групи на секое гранче и не надминуваат 2-3 мм во големина. По боја можат да бидат драп, жолти, портокалово-црвени или кафеави.

Во светот се познати и други растенија што се нарекуваат „просо“ и имаат слична намена, но не се сродни на него. Такви се бисерното просо (Pennisetum glaucum), бреницата (Setaria italica), кораканот (Eleusine coracana) и дивото просо (род Echinochloa).

Историја и припитомување

Дивиот предок на просото сè уште не е успешно утврден. Во средна Азија се среќаваат певелни облици на оваа житарка што виреат на подрачје од Каспиското Море до Сјинџанг и Монголија, и постои можност овие полусуви подрачја да се дом на вистински диви облици на просото."[1] Вакво просо е најдено во неолитски локалитети во Грузија (од V и IV милениум п.н.е.), како и ископаните села од културата Јангшао во источна Кина. Според другите наоди, просото пристигнало во Европа накратко по неговото појавување во Грузија, и тоа најпрвин во источна и средна Европа. Меѓутоа, требало да поминат илјадници години пред истото да се појави во Италија, Грција и Иран, па така најраните наоди на Блискиот Исток се среќаваат во рушевините на градот Нимруд (Ирак) кои датираат од 700 п.н.е.[2]

Податотека:Miglio.jpg
Излупено просо

Поврзано

Наводи

  1. Daniel Zohary and Maria Hopf, Domestication of plants in the Old World, III изд. (Oxford: University Press, 2000), стр. 83
  2. Zohary and Hopf, Domestication, стр. 86

Надворешни врски