Маријан Бенеш: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Граматичко-правописни поправки
Усогласување на категоријата со соодветниот назив во Бокс (да се провери)
Ред 20: Ред 20:
}}
}}


'''Маријан Бенеш''' ({{роден на|11|јуни|1951}}, {{роден во|Белград}}<ref name=nacional>{{цитирана веб страница|url=http://www.nacional.hr/articles/view/13746/5/|title=Боксерски шампион кој во своето кафуле боксувал по 15 пати дневно|publisher=Nacional|date=2004-03-02|author=Давор Пашалиќ|language=хрватски}}</ref><ref name=rbo>{{цитирана веб страница|url=http://www.retiredboxers.org/Where%20are%20they%20now.htm|title=Каде се сега? Маријан Бенеш|author=Пер-Аке Персон|publisher=Retired Boxers Foundation}}</ref> - {{починат на|4|септември|2018}}, {{починат во|Бања Лука|}}<ref>{{цитирана веб страница|url=https://www.novamakedonija.com.mk/sport/sportovi/почина-поранешната-југословенска-бо/|title=Почина поранешната југословенска боксерска легенда Маријан Бенеш|publisher=Нова Македонија|date=2018-09-04|author=|language=македонски}}</ref>) е поранешен [[СФРЈ|југословенски]] [[бокс]]ер од [[Босна и Херцеговина]], еден од најголемите во историјата на [[Југославија]]. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на ''Европското аматерско првенство'' што се одржува во [[Белград]] во [[1973]], станува професионален боксер во [[1977]], а две години подоцна ја освојува и европската титула во полутешка категорија. Бенеш се повлекува од активно боксување во [[1983]] година, откако се здобива со сериозна повреда на окото.
'''Маријан Бенеш''' ({{роден на|11|јуни|1951}}, {{роден во|Белград}}<ref name=nacional>{{цитирана веб страница|url=http://www.nacional.hr/articles/view/13746/5/|title=Боксерски шампион кој во своето кафуле боксувал по 15 пати дневно|publisher=Nacional|date=2004-03-02|author=Давор Пашалиќ|language=хрватски}}</ref><ref name=rbo>{{цитирана веб страница|url=http://www.retiredboxers.org/Where%20are%20they%20now.htm|title=Каде се сега? Маријан Бенеш|author=Пер-Аке Персон|publisher=Retired Boxers Foundation}}</ref> - {{починат на|4|септември|2018}}, {{починат во|Бања Лука|}}<ref>{{цитирана веб страница|url=https://www.novamakedonija.com.mk/sport/sportovi/почина-поранешната-југословенска-бо/|title=Почина поранешната југословенска боксерска легенда Маријан Бенеш|publisher=Нова Македонија|date=2018-09-04|author=|language=македонски}}</ref>) е поранешен [[СФРЈ|југословенски]] [[бокс]]ер од [[Босна и Херцеговина]], еден од најголемите во историјата на [[Југославија]]. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на ''Европското аматерско првенство'' што се одржува во [[Белград]] во [[1973]], станува професионален боксер во [[1977]], а две години подоцна ја освојува и европската титула во јуниорска велтер категорија. Бенеш се повлекува од активно боксување во [[1983]] година, откако се здобива со сериозна повреда на окото.


== Биографија ==
== Биографија ==

Преработка од 09:02, 5 септември 2018

Маријан Бенеш

Основни податоци
Вистинско име Маријан Бенеш
Категорија велтер
Националност СФРЈ СФР Југославија
Дата на раѓање 11 јуни 1951
Место на раѓање Белград
Дата на умирање 4 септември 2018
Место на умирање Бања Лука
Стил Леворак
Статистика
Вкупно борби 355+39
Победи 277+32
Победи со нокаут ?
Порази 23+6
Нерешени 1
Незавршени 0

Маријан Бенеш (11 јуни 1951, Белград[1][2] - 4 септември 2018, Бања Лука[3]) е поранешен југословенски боксер од Босна и Херцеговина, еден од најголемите во историјата на Југославија. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на Европското аматерско првенство што се одржува во Белград во 1973, станува професионален боксер во 1977, а две години подоцна ја освојува и европската титула во јуниорска велтер категорија. Бенеш се повлекува од активно боксување во 1983 година, откако се здобива со сериозна повреда на окото.

Биографија

Маријан е роден во Белград. Неговите родители Јосип и Марија се учители. Под влијание на неговиот татко — кој предава музичко — Маријан свири на пијано и виолина како дете. Има три браќа и една сестра.[1][4] Детството го минува во Тузла. Сепак, неговиот живот се здобива со радикален пресврт кога, на возраст од 10 година влегува во ринг и победува 18-годишник. Кога наполнува 16 години, потпишува за клубот Славија во Бања Лука, каде ја минува целата своја аматерска кариера.[5]

Кариера

Во текот на својата аматерска кариера, Бенеш 9 пати станува шампион на Босна, 4 пати на Југославија и се закитува со уште небројно многу награди и признанија.[6] Во 1973 година, ја освојува европската титула во велтер категорија. Сепак, откако се разболува од хепатитис, докторите му предвидуваат крај на кариерата. "Радикално тврдоглав" (како што самиот се опишува)[1] и посветен на боксот, решава да продолжи. Учествува и на Олимпијадата во Монтреал од 1976 година, но е поразен уште во второто коло.

Станува професионален боксер во 1977 година и за многу кратко време се докажува како еден од најдобрите во Европа. На 17 мај 1979 година, во својот роден град Бања Лука ја освојува европската титула, нокаутирајќи го французинот Жилбер Коен[7] во четвртата рунда.[8] Четири пати успешно ја одбранува круната, а во меѓувреме, во 1980 година, е поразен на поени од тогашниот WBA шампион Ајуб Калуле во еден меч кој и денес се гледа како еден од најцврстите во историјата. Европската круна ја губи од Луј Акари во 1981 година.[2]

Тешка повреда на окото му ја запечатува кариерата. Не се знае точно по кој меч истата настанува; според едни извори, таа е плод на борбата со Луј Минчило од 1983 година,[2] а според други, потекнува уште од 1979 година и борбата со Сенди Торес во Зеница.[6] Во текот на својата кариера, има претрпено уште низа повреди: 26 скршеници и оштетени гласни жици, поради кои Бенеш зборува тивко и бавно.[1]

Од активно боксување Бенеш се повлекува во 1983 година, боксувајќи уште на два егзибициски натпревари во 1990тите, без разлика на забраните[2].

Натамошен живот

Во 1995 година, за време на Војната во Босна, Бенеш, етннички Хрват, е принуден да ја напушти Бања Лука после низа закани и прогонства; неговиот помлад брат Ивица е убиен. За малку пари го продава својот имот и во многу тешки услови, ја преседува војната во Медулин и Загреб. Се разведува од својата жена Стана, која се преселува во Ниш, заедно со нивните две деца Жанет и Маријана.[6][1]

Се враќа во Бања Лука во 1996, по завршувањето на војната, продолжувајќи да живее во сосема скромни услови. "Живеев во Хрватска, луѓето ме почитуваа, но навикнат сум на старите пријатели".[1]

Во 2004 година, документарна емисија за Бенешовиот живот со наслов Bio jednom jedan šampion (Си беше еднаш еден шампион) е снимена во продукција на Независната телевизија на Бања Лука. Без разлика на нејзините скромни очекувања, прикажана е во речиси сите поранешни југословенски држави, а самиот Бенеш се појавува на најголем дел од промоциите.[1][4]

Бенеш сѐ уште живее сиромашно во Бања Лука, безмалку одржуван од неговата сестра Лилјана. Има издадено книга поезија Druga strana medalje (Другата страна на медалите), составена од песни посветени на спортот; има речено дека има напишано уште многу други, кои планира да ги издаде понатаму. Сѐ уште тренира и води здрав живот.[1][6]

Цитати

  • Сѐ тргна наопаку; луѓето почнаа да се мразат преку ноќ, одеднаш... постојат големи луѓе и можеби војната беше онаа која ми помогна да сфатам кои се вистински луѓе, а кои се ѓубриња.[1]
  • Кога прв пат ме претставија пред Тито, тој ми рече: 'А ти си тој малиот што така опасно се тепа?'. А јас му реков: 'Па ниту вие, друже Тито, не сте нешто повисоки.' Се расплаче од смеење. Можат да пишуваат што сакаат, но никој не јадеше од корпи за отпадоци додека Тито беше жив. Сите земаа плата – и работникот и рударот и чистачот на улици и лекарот.[1]

Види исто

Белешки

Надворешни врски

Аикидо — модерна јапонска боречка вештина. Основана е во периодот од 1930. до 1960.годинa од г. Морихеи Уешиба (Morihei Ueshiba) (наречен од аикидоките - О сенсеи - што во превод значи Големиот учител). Технички, главните делови на аикидото се преземени од Daitō-ryū Aiki-jūjutsu (大東流合気柔術) , една школа на џуџуцу со многу придружни техники од кенџуцу (剣術, kenjutsu) - јапoнски вештини со меч. Една од позначајните причини за остварувањето на посебност на аикидото во однос на другите боречки вештини, е влијанието од сектата Оомото Кјо – Шинто огранок, каде што членувал Морихеи Уешиба. Поради влијанието што Шинто религијата го извршила за негово создавање, многумина мислат дека аикидото е нејзин израз, но тоа не е точно, за што ни сведочи и неговата распространетост ширум светот. Религијата е нешто што е потполно одвоено од аикидото.

Оној што вежба аикидо се нарекува аикидока.

Јапонскиот збор аикидо е составен од три слога,

  • - аи - складно здружување, хармонизација
  • - ки - енергија
  • - до - начин
Преведено како „Начин на хармонизирање со енергијата“, името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив. Прочитајте повеќе